Hotel Belstay Milano Linate ****
Norwegian House Norwegian House – Галерија Previous Next Врати се назад кон ОХРИД | НОВА ГОДИНА ЗА МЛАДИ ’23
Hotel Belstay Milano Linate **** Read More »
Norwegian House Norwegian House – Галерија Previous Next Врати се назад кон ОХРИД | НОВА ГОДИНА ЗА МЛАДИ ’23
Hotel Belstay Milano Linate **** Read More »
Norwegian House Norwegian House – Галерија Previous Next Врати се назад кон LAKE BREAK ’23
Вила Bakal Vila Bakal – Се наоѓа во центарот на Охрид, на 30 метри од Охридското Езеро и 200 метри од плоштадот. Секоја соба содржи мини бар, TV со кабловска, WC и бесплатно WI -Fi. Во круг од 50 метри има на располагање ресторани, кафичи, маркети и голем број на други угостителски објекти. Галерија Previous Next Врати се назад кон ОХРИД | НОВА ГОДИНА ЗА МЛАДИ ’24
Вила Kjoshe Vila Kjoshe – Се наоѓа на самиот кеј на Охридското Езеро, веднаш спроти Hotel Tino, во центарот на Охрид. Вилата содржи бесплатено WI – FI. Апартманите се опремени со дневна соба со кујна и трпезарија, спална соба, WC, TV и тераса. Во круг од 50 метри има на располагање ресторани, кафичи, маркети и голем број на други угостителски објекти. Галерија Previous Next Врати се назад кон ОХРИД | НОВА ГОДИНА ЗА МЛАДИ ’23
Вила Blue Vila Blue – Се наоѓа на 50 метри од езерото и на 700 метри од строгиот центар на градот. Вилата има бесплатен паркинг и содржи бесплатено WI – FI. Апартманите се опремени со TV со кабловска телевизија и сопствено WC со када или туш. Некои од апартманите имаат и балкон. Во круг од 50 метри има на располагање ресторани, кафичи, маркети и голем број на други угостителски објекти. Галерија Previous Next Врати се назад кон ОХРИД | НОВА ГОДИНА ЗА МЛАДИ ’24
МИЛАНО – ЛУГАНО – КОМО – ЏЕНОВА – БЕРГАМО – ВЕРОНА Милано, еден од најголемите градови во Италија. Лоциран во рамнината Ломбардија, во близина на реката По, денес претставува еден од најразвиените урбани центри во Европа. Најбогатиот и градот на модата истовремено изобилува со историски и артистички атракции, меѓу кои – огромната катедрала во неоготски стил “Дуомо” која е висока 108 метри, а долга 158 метри, оперскиот театар “Ла Скала”, како и уметничкото дело “Последната вечера”. Покрај запрепастувачките градби, ломбардиската метропола е позната и по модните куќи и продавници, како и галеријата Виторио Емануеле на Пјаца Дуомо, која е всушност изградена во форма на крст со стаклени тавани и има репутација на најстар трговски центар во светот. Токму затоа за Нова Година ве водиме во Милано! ПРОМО ЦЕНА 199€ ЕВРА СО ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕЗЕРВАЦИЈА НА ПАКЕТОТ ФАКУЛТАТИВИ 100 € ПО ЛИЦЕ, РЕДОВНА ЦЕНА 110€ ЕВРА ПО ЛИЦЕ! РЕДОВНА ЦЕНА 209€ ЕВРА! (РАСПРОДАДЕНО) Цената на аранжманот вклучува: * 3 ноќевања во хотел со ***, во околината на Милано со појадок; * Автобуски превоз на релација (Скопје – Италија – Скопје); * Разглед на Верона и Бергамо * Превоз до Милано за дочек на Нова Година на плоштад; * Туристички пратител за време на патувањето; * Организација и реализација на аранжманот; Цената на аранжманот не вклучува: * Задолжителна доплата за тур такса во хотелот 2.5 € по лице на ден; * Разглед на Милано со професионален водич 20 €; * Посета на Лугано – Комо 35 €; * Крстарење по езерото Комо 20 €; * Посета на Џенова и Outlet Серавале 35 €; * Патничко осигурување 400 денари по лице; * Влезници за локалитетите (музеј, верски објекти, индивидуални трошоци…); * Доплата за трансфер 10 €: Битола, Прилеп, Кавадарци (Црна Река), Велес; СПЕЦИЈАЛЕН ПАКЕТ со сите вклучени факултативи – задолжително 100 € по лице (со резервација во агенција), редовна цена 110 € по лице. ПРОГРАМА: 29.12.2022 (четврток) Скопје – Милано Состанок на групата на паркингот спроти Холидеј Ин (Дрводекор) околу 12:00 часот, поаѓање за Италија околу 12:30 часот. Денско и ноќно патување низ Србија, Хрватска, Словенија и Италија со кратки попатни паузи и царински формалности. 30.12.2022 (петок) Милано Пристигнување во Милано. Разглед на Милано со водич: Sforcesco Castle, Piazza De Duomo – централен плоштад каде што се наоѓа најголемата готска катедрала во светот – Дуомо – Катедрала со фасцинантен изглед, составена од 3400 статуи. Разгледот продолжува кон галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196 метри долг покриен премин со многубројни продавници (Gucci, Prada, Louis Vuitton итн..) кој пак не води до зградата на миланската опера, една од најпознатите оперски куќи во светот. По разгледот сместување во хотел. Ноќевање. 31.12.2022 (сабота) Милано – Џенова – Outlet Серавале По појадокот посета на Џенова. Исклучителен град под заштита на UNESCO. Џенова е еден од најубавите градови – пристаништа во светот. Градот е основан од Римјаните, од името Лигури. Во средниот век Џенова бил град/држава, голема поморска и трговска сила. Организираниот облик на историскиот центар на градот: Порта Сопрано, стара средновековна капија која ја чувала независноста на Република Џенова, плоштадот Де Ферари со бронзената фонтана, Дуждевата палата, некогашното седиште на моќта во оваа република, Дуомо со катедралата Сан Лоренцо од 13ти век. Сето ова ќе го видиме во прошетката, а препорачуваме и да ја видите куќата на Колумбо, да уживате во старите квартови околу градското пристаниште. По слободното време, посета на Outlet Серавале, едно од најдобрите места за шопинг во Италија. Враќање во хотел. Вечерта посета на Милано за дочек на Нова Година на плоштад. Ноќевање. 01.01.2023 (недела) Милано – Лугано – Комо Појадок. Слободно време за индивидуален разглед на Милано или факултативен излет до Швајцарија. Време предвидено за посета на Лугано – Градот кој што се наоѓа на езерото Лугано, на падините на алпите, познат како швајцарското Монте Карло. Обиколка низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона со своите плоштади – Piazza Ciochara, Piazza Della Reforma, катедралата San Lorenzo, големиот градски парк Parco Civico, еден од најубавите паркови во Швајцарија. Прошетката продолжува со посета на живописното Италијанско градче Комо, кое се простира на Брегот на истоименото езеро, едно од најпознатите и најдлабоките езера во Европа. Посета на Комо, посета на мавзолеот на Александро Волта, катедралата Бролето, ѕидините кој го обиколуваат скоро целиот град. Можност за факултативно крстарење со брод по езерото и да се видат преубавите вили градени во периодот од 17ти до 19ти век, меѓу кои се и вилите на George Clooney, Versace, Madona, Paul McCartney итн. По слободното време, враќање во хотел. Ноќевање. 02.01.2023 (понеделник) Милано – Бергамо – Верона – Скопје Појадок. По појадокот, одјавување од хотелот и поаѓање према Бергамо. Поради огромната популарност на Милано, честопати овој град како да се прескокнува кога туристите доаѓаат во Италија, но тоа е голема грешка. Овој прекрасен град, со камени улици, прекрасна архитектура и типичен Италијански дух, е место каде навистина можете да уживате на соссема поинаков начин. Идеално место за љубителите на уметност, култура… Разглед и слободно време. Потоа следи посета на градот на љубовта – Верона. Прошетка низ стариот град, плоштадите Бра и Ербе, арената, познатата куќа на Јулија и нејзината тераса, како и статуата на Јулија. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патот води преку Словенија, Хрватска, Србија… Пристигнување во Скопје во попладневните часови на 03.01.2023 (вторник). УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: * 2000 денари при резервација, а остатокот од сумата најдоцна до 15 дена пред предвидениот рок за тргнување; ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ: * Доплата за 1/1 соба 70% од цената на аранжманот; * Нема намалување на цената за сопствен превоз; * Попуст за деца: попуст се добива кога детето е придружувано од двајца возрасни лица. Сите лица постари од 10 години се сметаат за возрасни лица. Дете од 2 – 10 години во 1/2 + 1 остварува попуст од 10% (со седиште во автобус и кревет во хотел); * Возрасно лице на помошен кревет го плаќа полниот износ на аранжманот; НАПОМЕНА ВО ВРСКА СО ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ: * Цените на излетите се подлежни на промена во зависност од бројот на пријавените патници. Неопходен минимум за реализација на факултативите
МИЛАНО | НОВА ГОДИНА ’23 Read More »
Највеличенствениот град на светот, град кој живее 24 часа, единствениот Истанбул! Секој треба да го посети барем неколку пати… Овој пат дочекајте ја новата година и уживајте во градот на 2 континенти. ТЕРМИН: 29.12.2022 – 02.01.2023 (РАСПРОДАДЕНО) РЕДОВНА ЦЕНА: 155€. ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: * 3 ноќевања во хотел со *** со појадок во населбата Аксерај/Лалели; * Автобуски превоз на релација (Скопје – Истанбул – Скопје); * Пешачка тура низ стариот историски дел на Истанбул со лиценциран водич: Капали Чаршија, Сината џамија, хиподромот, Аја Софија; * Посета на традиционална продавница за слатки и сувенири; * Посета на трговскиот центар Форум; * Туристички пратител за време на патувањето; * Организација за време на патувањето; * Бесплатен трансфер од: Битола, Прилеп, Дреново, Сирково; ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: * Задолжително патничко осигурување 300 денари; * Факултативните излети: – Крстарење по Босфор 20€; – Панорамски разглед на Европски и Азиски Истанбул со населбата Кадикој 15€; – Ноќен Истанбул со посета на Галата кулата и Таксим и населбата Ортакој 20€; – Прошетка во Балат, вселенската патријаршија и Пиер Лоти (со билет за жичарата) 15€; – Туркуазу Аквариум (влезница) 20€; – Дочек на Нова Година со познатата група Molika One, цена на дочекот 75€; ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ: SILVER ПАКЕТ – 50€ * Посети ја Азија: Панорамски разгле на Европски и Азиски Истанбул – Прошетка во населбата Кадикој во Азија; * Крстарење по Босфор; * Ноќен Истанбул со посета на Галата кулата и Таксим и населбата Ортакој PREMIUM ПАКЕТ – 65€ * Silver пакет; * Прошетка во Балат, Вселенската патријаршија и Пиер Лоти (со билет за жичара); VIP ПАКЕТ – 85€ * Premium пакет; * Туркуазу Аквариум; ИНФОРМАЦИИ: * За single соба се доплаќаат 55€ дополнително од аранжманот; * Попусти за деца: – Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител); – Деца од 3 – 12 години плаќаат 80€ (кога се со двајца возрасни); * Хотелот се одредува на неколку дена пред тргнување во зависност од бројката на патници; ПРОГРАМА: 1 (прв ден) – четврток (29.12.2022) Средба на групата на Дрводекор во 15:00 часот и сместување на багаж. Поаѓање за Истанбул во 15:30 часот. Ноќно возење преку Грција, со попатни паузи и царински формалности. 2 (втор ден) – петок (30.12.2022) Планирано пристигнување во Истанбул во утринските часови. Во зависност од расположливоста на собите во хотелот, доколку има слободни соби, сместувањето е веднаш. Доколку нема, според правилата check in ќе биде после 14:00 часот по локално време (агенцијата секогаш се труди патниците веднаш да влезат во собите, но не сноси одговорност доколку собите не се ослободени). НАПОМЕНА: Доколку не успеат сите патници да влезат во собите, се оди на тура со цел да не се пропуштат локалитетите, а ќе влезат во хотел по завршувањето на разгледите. Во договор со организаторот и претставник од агенцијата во одредено време групата се чека на рецепција со локалниот водич и се упатува на пешачка тура односно кон разглед на населбата Аксерај, историскиот дел на Истанбул, каде се наоѓа најпознатата затворена чаршија на светот, Капали Чаршија. Во попладневните часови планирана е посета на најпознатиот плоштад Таксим, местото кое живее 24 часа, заедно со улицата Истиклал долга 2 км каде од сите страни се наоѓаат продавници, кафулиња, ресторани, а на крајот на улицата го краси прекрасната Галата Кула. Слободно време за прошетка и уживање. Потоа во договорено време се упатуваме кон прекрасниот Ортакој, еден од најубавите населби во областа Бешикташ, која се наоѓа под големиот Босфорски мост. Нема слика или разгледница од Истанбул каде не е овековечено ова место, кое е опкружено со многу кафетерии, ресторани, продавнички, сувенирници. Слободно време за сликање и прошетка. Во вечерните часови враќање во хотел. Ноќевање. 3 (трет ден) – сабота (31.12.2022) По појадокот, во договорено време, групата се чека со локалниот водич на рецепцијата од хотелот. Потоа следува прекрасното крстарење по Босфор. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, каде се снимани најпознатите сцени од популарните турски серии и знаменитостите одблизу. Панорамски разглед на Европски и Азиски Истанбул со посета на најубавите места во Азија. Ова е фантастична прошетка низ Истанбул, автобуска екскурзија со која се доживува неверојатното искуство со преминување од Европската до Азиската страна на Истанбул по еден од мостовите над Босфор со посета на најзначајние места во Азија, кој буквално ќе ви го одземат здивот. Го посестуваме местото Кадикој на Азиската страна. Мали тесни улички, преполни со елитни кафулиња, ресторани, продавници, типично турски со европски шмек. Место каде ќе имате слободно време да се сплотите со ова место и прошетате и да се напиете кафе. Вечерта дочек на Нова Година. Програма во подготовка… 4 (четврт ден) – недела (01.01.2023) Овој ден ќе биде релаксирачки со можност за убава прошетка во некој од најубавите квартови (Махали) на Истанбул. Ве носиме во една од најживописните населби Балат, позната по шарените куќи и сокачиња, каде се наоѓа и вселенската патријаршија – една од најзначајните симболи на христијанството, која е задолжителна за посета. Потоа се упатуваме кон Пиер Лоти, местото познато по спектакуларниот панорамски поглед, до кое се стига со жичара. Уживајте во прекрасниот поглед во некое од многубројните традиционални турски чајџилници, со симит, чај, познатата турска лимонада или кафе. Пиер Лоти е атракција број 1 за сите туристи кој сакаат да уживаат во неверојатен поглед, во традиционален турски стил. Слободно време и враќање во хотел. Ноќевање. 5 (петти ден) – понеделник (02.01.2023) По појадокот, одјавување и поаѓање од хотелот во договорено време. Посета на традиционална турска продавница за слатки, каде се произведуваат најубавите турски баклави, локуми и секаков тип на слатки, масла, креми, сапуни по неверојатно ниски цени. Потоа, групата се упатува кон познатиот трговски центар Форум, каде се наоѓа еден од најголемите аквариуми во Европа. Слободно време од околу 4 часа за шопинг, кафе во еден од најголемите трговски центри каде ги има сите трговски марки. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа аквариумот Туркуазу кој е првиот гигантски аквариум во турција, кој на посетителите им нуди можност да
ИСТАНБУЛ | НОВА ГОДИНА ЗА МЛАДИ ’23 Read More »
Hotel Campanile Cracovia*** Hotel Campanile Cracovia*** – Се наоѓа во срцето на стариот град во Краков, покрај паркот Planty. Благодарение на својата погодна локација, гостите имаат пристап до многу продавници, барови, пабови, клубови и ресторани. Пространи, климатизирани соби опремени со flat screen TV со кабловска телевизија и WC опремено со када и туш. Наутро се служи појадок на база на шведска маса. На располагање се 1/3 и 1/2 соби. Најпознатите знаменитости во Краков се наоѓаат на неколку минути пешачење од овој хотел. (Базиликата Св. Марија, Сукјенице, Јангеловскиот Универзитет, Замокот Вавел, Казимиерж (старата еврејска населба), главната железничка станица и автобуска станица која се наоѓа на помалку од 700 метри. Галерија Previous Next Врати се назад кон КРАКОВ | НОВА ГОДИНА ЗА МЛАДИ ’23
Hotel Campanile Cracovia*** Read More »
Hotel DS Krakowiak** Hotel DS Krakowiak** – Се наоѓа во Краков и располага со ресторан и бесплатен паркинг, бесплатно WI – FI. На располагање се 1/2 соби со сопствено WC со туш кабина. Некој соби се опремени со TV. Рецепцијата работи 24/7. Во трпезаријата можете да уживате во доручекот. Објектот се наоѓа во непосредна близина на Hostel Babilon кој е во склоп на нашата понуда. Галерија Previous Next Врати се назад кон КРАКОВ | НОВА ГОДИНА ЗА МЛАДИ ’23
Hotel DS Krakowiak** Read More »
Hostel Babilon Hostel Babilon – Се наоѓа во Краков и располага со 1/2 соби и 1/3 и 1/4 апартмани. Секоја соба има биро, посебно или делливо WC. Гостите имаат пристап до кујна со фрижидер и мијалник. Персоналот и рецепцијата се на располагање 24/7. Се наоѓа во универзитетската населба Кроводрза на 1.2 км од стадионот на Висла Краков, 2 км од народниот музеј и 2.5 км од строгиот центар на градот. Секоја соба поседува гардеробер. Во склоп на хостелот на располагање е ресторан, кујна, бесплатно WI – FI во сите простории. Поседува приватен паркинг кој се доплаќа. Галерија Previous Next Врати се назад кон КРАКОВ | НОВА ГОДИНА ЗА МЛАДИ ’23