Author name: user

Ipsos Apartments

Ipsos Apartments Ipsos Apartments –  се наоѓа во мирниот дел на Ипсос, на околу 250 метри од плажата. Вилата има 1/2 и 1/3 студија и 1/4 соби, секоја со мини кујна која е опремена со основен прибор, тоалет, интернет и тераса. Собите се наоѓаат на високо приземје и прв кат и се уредени во стандардно грчки стил. Секоја соба има клима која дополнително се доплаќа 5 евра од ден кај претставникот на агенцијата. Попуст на редовните цени до 07.04.2023!Понудата е по лице за 7 ноќевања и автобуски превоз. Доплата во автобус за траект 20 евра по лице. На ПОПУСТ цените нема одбивање за сопствен превоз.  ТАБЕЛА И ЦЕНОВНИК: (галеријата од вилата е на крајот од информациите под табелата) 7 НОЌЕВАЊА + ПРЕВОЗ Ipsos Apartments Крф Ипсос Термин Тип на соба Редовна цена по лице First Minute 27.05-03.06 1/4 1/31/2 распродадено распродаденораспродадено распродадено распродадено распродадено 03.06-10.06 1/4 1/31/2 распродадено распродаденораспродадено распродадено распродадено распродадено 10.06-17.06 1/4 1/31/2 распродадено распродаденораспродадено распродадено распродаденораспродадено   17.06-24.06 1/4 1/31/2 распродадено распродаденораспродадено распродадено распродадено распродадено 24.06-01.07 1/4 1/31/2 распродадено распродаденораспродадено распродадено распродадено распродадено 01.07-08.07 1/4 1/31/2 распродадено распродаденораспродадено распродадено распродадено распродадено 08.07-14.07 (6 ноќевања) 1/4 1/31/2 распродадено распродаденораспродадено распродадено распродадено распродадено 14.07-22.07 1/4 1/31/2 распродадено распродаденораспродадено распродадено распродаденораспродадено 22.07-29.07 1/4 1/31/2 распродадено распродаденораспродадено распродадено распродадено распродадено 29.07-05.08 1/4 1/31/2 распродадено распродаденораспродадено распродадено распродадено распродадено 05.08-12.08 1/4 1/31/2 распродадено распродаденораспродадено распродадено распродадено распродадено 12.08-19.08 1/4 1/31/2 распродадено распродаденораспродадено распродадено распродадено распродадено 19.08-26.08 1/4 1/31/2 распродадено распродаденораспродадено распродадено распродадено распродадено 26.08-02.09 1/4 1/31/2 распродадено распродаденораспродадено распродадено распродадено распродадено 02.09-09.09 1/4 1/31/2 распродадено распродаденораспродадено распродадено распродадено распродадено 09.09-16.09 1/4 1/31/2 распродадено распродаденораспродадено распродадено распродадено распродадено 16.09-23.09 1/4 1/31/2 распродадено распродаденораспродадено распродадено распродадено распродадено  ВАЖНО: Со уплата и резервација на аранжманот, патникот е согласен и ги прифаќа условите за патување кои ќе важат во моментот на реализација на патувањето, односно мерките кои тогаш ќе бидат поставени од Република Грција и Македонија. НАПОМЕНИ:• Цените се однесуваат на едно лице за 7 ноќевања и автобуски превоз• Во цената не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНА доплата за траект на релација Игуменица-Крф-Игуменица од 20 евра ако користите наш превоз и се плаќаат на денот на тргнувањето во автобус.• Во цената на аранжманот не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА  туристичка такса од 0.50 центи по соба на ден. Се плаќа во автобус.• Патничко осигурување – Може да се купи во агенцијата (5 евра за целиот престој) или од друго место, но мора да се донесе потврда дека постои.• Можност за плаќање: Можност за уплата директно во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка, трансакциска сметка.• За сингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена поради вториот кревет.• Возрасен на дополнителен кревет плаќа 70% од сумата на аранжманот, плус 20евра за траект• Доколку сакате да споите термин, на цените кои веќе се на попуст се плаќаат двете цени без одземање за превоз.• За сопствен превоз се одземаат 20 евра само на редовните цени, а оние цени кои се на попуст не се одземаат.   НАПОМЕНА: Вилите немаат приватен паркинг. Паркингот на целиот остров е бесплатен и има можност да се паркира на самите улици пред вилите  Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата, а превозот се одвива преку граничниот премин Меџитлија (Битола) Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите. Можност за бирање на седишта со доплата од 10 евра (освен првите две).  Цена само за превоз 60 евра со доплата од 20 евра за траект – во два правци. Во собите можат да престојуваат онолку лица колку што платиле за престојот во собата. Доколку странката сака да донесе домашно милениче во сместувачките капацитети, должна е да ја праша агенцијата дали е дозволено сместување на миленичињa. Со оваа програма важат општите услови за патување на ДТУ ПУЗЗЛЕ ГРУП ДОО – Скопје ПЛАЌАЊЕ ЗА ДЕЦА: Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен Дете од 3 до 12 години на класичен кревет плаќа 70% од цената на аранжманот, плус 20 евра за траект Дете од 3 до 12 години на дополнителен кревет плаќа 50% од цената на аранжманот и плус 20 евра за траект. ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ: Check in во собите е после 14h по грчко време Check out е до 09h. Багажот се остава во рецепцијата, предвидена за куфери. Секој патник има право на еден голем куфер или торба и рачен багаж Четворокреветните соби се со две посебни спални соби и тераси, физички одвоена кујна и одвоен тоалет. Чистењето на собите е на четвртиот ден, а гостите се задолжени да се грижат за хигиената и редот во вилата за време на престојот (поради општата ситуација со ковид 19, по препорака од страна на грчкото министерство за здравство, сопствениците на сместувачките капацитети, треба самите да проценат и одлучат дали во текот на престојот ќе го направат второто чистење, бидејќи е препорачано што помалку контакти, со цел одржување на безбедноста на самите гости. Секако достапни се чисти постелнини, пешкири и средства за чистење како џогери и метли). Агенцијата не може да влијае на одлуката на сопствениците, која е индивидуална во секоја куќа. Ви благодариме за разбирањето, се трудиме максимално да ја одржиме вашата безбедност за време на престојот) Според законските одредби, базенот се користи од 10-19 часот, поради самата безбедност на гостите (пропишана во грчките закони), но и поради чистењето на базените. Строго е забрането капење после 20 часот. Ве замолуваме да се придржувате кон пропишаните часови за излегување и влегување од вилата на последниот ден. Собите треба да се чистат за да може да се смести групата која доаѓа. Вилата има интернет, но не гарантираме за квалитетот и брзината за истиот Постои можност за додавање на трет дополнителен кревет во студијата или петти дополнителен кревет во апартманите ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ во организација на PUZZLE GROUP MACEDONIA Туристичката агенција PUZZLE GROUP MACEDONIA во соработка со нашиот партнер тур оператор на нашите патници им нуди единствена можност да го истражат и да уживаат во убавините на островот Крф. Преку нашиот претставник кој ќе биде задолжен за Вашиот престој таму, ќе имате прилика да се запознаете со убавините што ова место ги нуди. Во наша организација имаме неколку излети кои дополнително ќе бидат објавени Тимот на PUZZLE GROUP MACEDONIA

Ipsos Apartments Read More »

Vila Zefiros Olga

Vila Zefiros Olga Vila Zefiros Olga – Се наоѓа на 2 минути пешачење од плажа и 15 минути пешачење од главната улица и сите случувања. Во близина на вилата има маркет, како и барови на плажа. Вилата е поделена на 2 блока кој имаат посебни влезови и располага со студија и апартмани. Секоја соба содржи мини кујна, сопствено WC. Има можност за изнајмување на клима уред. Вилата поседува базен. Галерија Previous Next Врати се назад кон ЗАКИНТОС | ЛЕТО ЗА МЛАДИ ’23

Vila Zefiros Olga Read More »

Vila Markovic

Vila Markovic Vila Markovic –  се наоѓа на 5 минути пешачење од плажа. Во понуда се 1/2 и 1/3 соби и студија. Студијата се опремени со мини кујна. Климата е вклучена во цената. Галерија Previous Next Врати се назад кон БУДВА | ЛЕТО ЗА МЛАДИ ’23

Vila Markovic Read More »

Vila Ohrid Lake

Vila Ohrid Lake Vila Ohrid Lake – Овој објект е оддалечен 400 метри од езеро и 400 метри од центарот на Охрид. Секоја сместувачка единица содржи тросед и простор за седење, flat screen TV со кабловска, мини кујна и сопствено WC со фен. Гостите на апартманите имаат заедничка тераса на приземјето на објектот како и бесплатен приватен паркинг. Галерија Previous Next Врати се назад кон ОХРИД | НОВА ГОДИНА ЗА МЛАДИ ’25

Vila Ohrid Lake Read More »

ТОСКАНА | ВЕЛИГДЕН ’23

ТОСКАНА – БОЛОЊА – ЧИНКВЕ ТЕРЕ – ПИЗА – ФИРЕНЦА – МОНТЕКАТИНИ – СИЕНА   Тоскана многумина ја сметаат за најубавиот дел од Апенинскиот Полуостров поради нејзините 120 заштитени зони со бајковита природа, прекрасни селца, а најмногу поради градовите со исклучителна архитектура, меѓу кои најпознати се Фиренца, Пиза, Сиена, Сан Џимињано и Лука кои се прогласени за дел од светското културно наследство и се под заштита на УНЕСКО. Со величенствената Фиренца, својата престолнина и најпознатиот симбол, Тоскана е колевка на ренесансата, на нејзиното тло од 14ти до 16ти век се раѓале нови филозовски и научни мисли, а на основите на античката култура се создавале врвни книжевни, сликарски и вајарски градетелски дела кои влијаеле на уметничкиот и општествениот препород на многу европски земји. Тука престојувале најславните уметници на тоа време: Данте, Петрарка, Бокача, Фра Анџелија, Ботичели, Микеланџело, Леонардо Да Винчи…   РАСПРОДАДЕНО!   ПРОМО ЦЕНА 179€ ЕВРА СО ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕЗЕРВАЦИЈА НА ПАКЕТОТ ФАКУЛТАТИВИ 120€ (редовна цена 130€ (плаќање на факултативи во автобус) ДО 15.03.2023! РЕДОВНА ЦЕНА 209€.   * Аранжманот е од туристички карактер со цел да се посетат сите предвидени места во програмата     Цената на аранжманот вклучува: * 3 ноќевања во Хотел со *** со појадок во Монтекатини; * Автобуски превоз на горенаведените релации; * Посета на Болоња; * Туристички пратител за време на патувањето; * Организација и реализација на аранжманот; Цената на аранжманот не вклучува: * Патничко осигурување 350 денари по лице; * Посета на Сиена и Сан Џимињано (трансфер, водич) – 50€;* Целодневен излет на Cinque Terre (трансфер, Cinque Terre card – воз до 5те места, користење на wi – fi, трансфер од железничката до центар на Ла Специја, водич) и посета на Пиза – 50€; * Посета на Фиренца – 30€ * Туристичка такса во хотел во Монтекатини (3€ на ден по лице);  *Индивидуални трошоци (влезници за објекти…);  * Доплата за трансфер 15 €: Битола, Прилеп, Кавадарци (Црна Река), 10 €Велес;   Специјален пакет на факултативи со 10€ попуст (наместо 130€) по цена од 120€ по лице – ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕЗЕРВАЦИЈА!   ПРОГРАМА:   13.04.2023 (четврток) Скопје – Италија Состанок на групата на паркингот спроти Холидеј Ин (Дрводекор) околу 11:00 часот, поаѓање за Италија околу 11:30 часот. Денско и ноќно патување низ Србија, Хрватска, Словенија и Италија со кратки попатни паузи и царински формалности.   14.04.2023 (петок) Болоња – Монтекатини Попатно посета на Болоња (пристигнување во зависност од попатните околности) и следува пешачки разглед на градот. Ќе имате можност да се запознаете со универзитетска Болоња – величенствен средновековен град со ренесансни палати и аркади, замоците “близнаци” плоштадот Маџоре, палатата на кралот Енца, базиликата на Свети Петрони, фонтаната Нептун… За Болоња важат епитетите – учена, црвена и дебела. Учена бидејќи тука е основан првиот Универзитет во Европа, црвена поради бојата на фасадите и крововите и дебела поради својата богата кујна. По разгледот и кратката пауза (вкупно 2-3 часа), следува поаѓање за Монтекатини. Сместување во хотел и слободно време за одмор. Во вчерашните часови организирана прошетка низ Монтекатини. Ноќевање. 15.04.2023 (сабота) Монтекатини – Cinque Terre – Пиза – Монтекатини Појадок. После појадокот заминување на целодневна попсета до најпознатите и најживописни селца на Италијанската ривиера. Разглед на регионот со водич. Пристигнување во градот La Spezia од каде се продолжува со воз. Cinque Terre е област лоцирана на Лигурското крајбрежје сочинета од 5 селца: Monterosso al Mare, Vernazza, Corniglia, Manarola и Riomaggiore, кои со околните планини го сочинуваат Националниот парк CINQUE TERRE, кој е под заштита на UNESCO. Овој дел од Италијанската ривиера е еден од најпознатите и живописен туристички центар. Враќање во La Spezia. Потоа се упатуваме кон Пиза, град на бреговите на Тосканската ривиера, некогашна моќна поморска сила чијашто флота скоро 150 години била најголемата сила на Средоземното море. Посета на центарот на градот каде се сместени трите обележја на овој град: Piazza Dei Miracoli, Катедралата DUOMO, крстилницата San Giovanni, Кривата Кула (која воедно е и најпознатата кула во Италија), Campo Santo (Стари гробишта). Слободно време за индивидуална прошетка. Поаѓање за Монтекатини. Ноќевање. 16.04.2023 (недела) Монтекатини – Сиена – Сан Џимињано – Монтекатини Појадок. После појадокот заминување на целодневен излет во градовите Сиена и Сан Џимињано. Пристигнување во Сиена, градот кој низ историјата претставувал најголем ривал на Фиренца и втор по важност во Тоскана по богатата ризница на уметничко и културно наследство. Разглед на градот: црквата San Domenico, Катедралата Siena – Metropolitana di Sandra Maria Assunta, Pallazo Salimbeni и плоштадот Del Campo – плоштад во облик на школка на која се одржува познатата коњска трка Palio. Слободно време за прошетка до поаѓањето за Сан Џимињано. Пристигнување во San Grimignano, типично тосканско градче, опкружено со винови насади и маслинови градини. “San Grimignanodala belle Tore” во кој е добро сочуван амбиентот од 13ти и 14ти век, а 14 – те кули кои прават една целина на ова живописно мало тосканско градче. Слободно време за индивидуална прошетка. Враќање во Монтекатини. Слободна вечер. Ноќевање. 17.04.2023 (понеделник) Монтекатини – Фиренца – Скопје  Појадок. После појадокот, заминување за Фиренца, лоцирана во срцето на Тоскана на реката Арно, својот подем го доживува за време на моќната Фамилија МЕДИЧИ кои владееле од 14ти до 17ти век, кои се познати како големи мецени на уметноста и културата, поттикнувачи на ренесансниот период. Разглед на градот со локален водич: Палатата Векио, Катедралата Дел Фиори, Крстилницата Сан Џовани, Плоштадот Сињори, Галеријата УФИЦИ, Мостот ПОНТЕ ВЕКИО, Црквата Санта Кроче, Палатата Пити… Во попладневните часови (17:00 – 18:00) поаѓање за Скопје. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попатни паузи за одмор, пасошка и царинска контрола. 18.04.2023 (вторник) Скопје Пристигнување во Скопје во попладневните часови.   УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: * 2000 денари при резервација, а остатокот од сумата најдоцна до 15 дена пред предвидениот рок за тргнување;   ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ: * Доплата за 1/1 соба 70% од цената на аранжманот; * Нема намалување на цената за сопствен превоз; * Попуст за деца: попуст се добива кога детето е придружувано од двајца возрасни лица. Сите лица постари од 10 години се сметаат за возрасни  лица. Дете од 2 – 10 години во 1/2 + 1 остварува попуст од 10% (со седиште во автобус

ТОСКАНА | ВЕЛИГДЕН ’23 Read More »

ВЕРОНА / ВЕНЕЦИЈА / ВИЧЕНЦА / ПАДОВА / ТРСТ | НОВА ГОДИНА ’25

ВЕРОНА – ВЕНЕЦИЈА – ВИЧЕНЦА – ПАДОВА – ТРСТ   Италија е една од најфасцинантните земји во светот и претставува една од омилените дестинации на нашите туристи. Популарната „Чизма” луѓето ја сакаат од многу причини. Во неа совршено се склопуваат уметноста, модата, фантастичните пејсажи и превкусната традиционална кујна. Не постои соодветен период кога да ја посетите, Италија е прекрасна во секој период од годината. А новогодишните празници се совршени за да ја доживеете на вистниски начин.    ПРОМО ЦЕНА 199€ ЕВРА СО ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕЗЕРВАЦИЈА НА ПАКЕТОТ ФАКУЛТАТИВИ 75€ (плаќање на факултативи во автобус). Редовна цена на аранжманот 219€ (не се задолжителни факултативите).    Цената на аранжманот вклучува: * 2 ноќевања во Хотел со *** во областа Венето; * Автобуски превоз според програмата; * Посета на Трст и трговскиот центар Палманова; * Туристички пратител за време на патувањето; * Организација и реализација на аранжманот; * Бесплатен трансфер: Битола, Прилеп, Кавадарци (Црна Река), Велес. Цената на аранжманот не вклучува: * Задолжителна доплата за тур такса во хотелот 2.5 € по лице на ден; * Патничко осигурување 350 денари по лице; * Влезници за локалитетите (музеј, верски објекти, индивидуални трошоци…); * Посета на Виченца, Падова и Верона (дочек на Нова Година на плоштад) – 50€ * Разглед на Венеција со водич (повратна карта со брод од и до Пунто Сабиони) – 30€ * Доплата за НОВОГОДИШЕН ПАКЕТ со сите излети во вредност од 80€ може да се купи по акциска цена при резервација на истиот во нашата канцеларија за само 75€ (плаќање во автобус).   ПРОГРАМА:   29.12.2024 (недела) – Скопје – Италија Состанок на групата кај хотел Континентал во период околу 13:00 – 14:00 часот. Дневно и ноќно патување преку Србија, Хрватска, Словенија и Италија со кратки попатни паузи и царински формалности.   30.12.2024 (понеделник) – Трст – Палманова Пристигнување во Трст во утринските часови. По разгледот на градот (околу два часа) упатување кон еден од најголемите шопинг центри во Италија – Palmanova Outlet Village (околу два часа). Сместување во хотел. Ноќевање 31.12.2024 (вторник) – Виченца – Падова – Верона По појадокот се упатуваме кон Виченца, градот познат по славниот архитект Паладиа, кој со своите дела обележал цела епоха на градителство, на таканаречениот паладијански стил од 16 век. На целата територија на градот има вкупно 23 негови дела. УНЕСКО ја става Виченца на својата листа на заштита, токму поради неговите потфати. Следува прошетка и разглед: Базиликата Паладиана, плоштадот “Piazza dei Signori”, катедралата “Santa Maria Annunziata” – кула со часовник, “Teatro Olimpico”. Слободно време за прошетка, кафе или индивидуални активности. Потоа се упатуваме кон студентскиот град Падова, кој е сликовит град со густи улици, чии аркади се поврзани со големите градски плоштади. Град кој е спој на историјата и модерното време. Следува разглед на централниот дел на градот: базиликата Антоние Падовански, црквата Св. Антоние, “Prato della Valle”, корзото и плоштадот Кавур… Градот ќе ве воодушеви со своите бројни плоштади, кафулиња, ресторани. Слободно време. Следува враќање во хотел и подготовка за поаѓање кон Верона за дочекот на новата година. Во договорено време, групата се чека на рецепцијата на хотелот и потоа се упатуваме кон градот на љубовта, Верона. Градот на Ромео и Јулија, ќе ве освои. Прошетката започнува на плоштадот Бра каде се наоѓа надалеку познатата Арена, потоа следи прошетка по познатата улица Mazzini која низ центарот на градот води директно до плоштадот Ербе. Разглед на плоштадот “Dei Signori” каде се наоѓа статуата на Данте, а потоа се упатуваме во дворот на куќата на Јулија каде ќе можете да се фотографирате со статуата на Јулија (бидејќи ќе биде ноќна посета, куќата ќе биде затворена и не е предвидено влез во дворот). По официјалниот дел од програмата, следува слободно време за истражување на градот, кој целиот е украсен во новогодишен амбиент и секако дочек на новата година према арената на Верона со спектакуларен огномет.  Во договорено време, враќање во хотел. Ноќевање.01.01.2025 (среда) – Венеција Појадок и трансфер до пристаништето “Пунта Сабиони”. Превоз со брод “вапорето” до центарот на Венеција. Разглед на градот: плоштадот и црквата Св. Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Прокуратите, Мостот Риалто, Каналот Гранде… Слободно време за индивидуални прошетки и уживање во новогодишната атмосфера. Во договорено време враќање со бродот до Пунта Сабиони. Поаѓање за Скопје во договорено време. 02.01.2025 (четврток) Патување преку Словенија, Хрватска, Србија. Пристигнување во Скопје во пладневните часови.     УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: * 2000 денари при резервација, а остатокот од сумата најдоцна до 15 дена пред предвидениот рок за тргнување;     ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ: * Доплата за 1/1 соба 70% од цената на аранжманот; * Нема намалување на цената за сопствен превоз; * Попуст за деца: попуст се добива кога детето е придружувано од двајца возрасни лица. Сите лица постари од 10 години се сметаат за возрасни лица. Дете од 2 – 10 години во 1/2 + 1 остварува попуст од 10% (со седиште во автобус и кревет во хотел); * Возрасно лице на помошен кревет го плаќа полниот износ на аранжманот;     НАПОМЕНА ВО ВРСКА СО ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ: * Цените на излетите се подлежни на промена во зависност од бројот на пријавените патници. Неопходен минимум за реализација на факултативите е 35 патници. Во случај на помал број на пријавени, можно е цената да подлежи на промена според условите од локалната агенција, тур оператор, па организаторот има право да понуди корегирана цена, а патниците немаат обрска да ја прифатат. Факултативните излети не се задолжителен дел од програмата и зависат од бројот на пријавени патници. Цената на факултативите вклучува трошоци за организација, превоз, водич. Термините на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини во локалитетите, бројот на пријавени патници и објективни околности. Огранизаторот на излетот го задржува правото да го промени терминот и условите на изведување на факултативите предвидени во програмата.     НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС: Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не се можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на

ВЕРОНА / ВЕНЕЦИЈА / ВИЧЕНЦА / ПАДОВА / ТРСТ | НОВА ГОДИНА ’25 Read More »

КРФ 3 ноќевања | ВЕЛИГДЕН ’23

Едно од најубавите обележувања на најголемиот христијански празник Велигден на медитеранот е на островот Крф. Посетители од цела Грција, но и светот, доаѓаат токму тука за да ја доживеат уникатната прослава на овој остров. Главните случувања се одвиваат во градот Крф на Велика Сабота, кога се изнесуваат моштите на Светецот Спиридон и свеченото фрлање на ќупови од зградите на плоштадот Спианада. Ова е една од најтрогателните прослави на Велигден во светот, каде точно на полноќ со огромен огномет се означува Христосовото Воскреснување. Бидете дел од оваа несекојдневна прослава традиционално со PUZZLE GROUP, агенција специјализирана токму за островот Крф. ТЕРМИН: 13.04.2023 – 17.04.2023 – РАСПРОДАДЕНО!   ПРОМО ЦЕНА: 115€ ДО 15.03.2023, РЕДОВНА ЦЕНА 139€! Собиралишта: Велес, Неготино, Гевгелија, Градско, Црна Река, Дреново, Прилеп, Битола.     ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: * 3 ноќевања во приватни вили на Ипсос, Крф; * Автобуски превоз на релација (Скопје – Крф – Скопје); * Повратен билет за траект на релација (Игуменица – Крф – Игуменица) * Комплетно следење на програмата за Велигден во градот Крф (2 посети на градот); * Панорамски разглед и прошетка во градот Крф; * Туристички пратител за време на патувањето; * Организација за време на патувањето;   ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: * Задолжително патничко осигурување 300 денари; * Туристичка такса 1€ од ден по соба;  * Факултативните излети:  – Посета на Палеокастрица и фабриката Мавроматис 15€ (аквариум опционално 5€); – Посета на видиковецот Канони и палатата Ахилеон со влезница 20€; – 20% попуст на ПАКЕТ за двете факултативи 30€; – Велигденски ручек – дополнителни информации; – Индивидуални трошоци на патникот;      НАПОМЕНИ:* Резервација се прави со 2000 денари, а остатокот се доплаќа до 15 дена пред тргнување;  * За single соба се доплаќаат 70% дополнително од аранжманот; * Попусти за деца: – Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител); – Деца од 3 – 12 години плаќаат 70% (кога се со двајца возрасни); * Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите; * Седиште на барање се доплаќа по желба, 10€ по лице;    АПАРТМАНСКО СМЕСТУВАЊЕ: *Апартманите се наоѓаат во местото Ипсос/Пирги; * Сите соби имаат мини кујна со основен прибор, тераса, тоалет; * Секоја соба ќе биде опремена со постелнина и ќебе; * Климата се употребува по желба (со доплата);     ПРОГРАМА:   1 (прв ден) – четврток (13.04.2023) Состанок на групата на Дрводекор околу 22:00 часот. Ноќно возење преку граничниот премин Богородица, кај Гевгелија или Меџитлија – Битола, со попатни паузи на секои 3-4 часа.   2 (втор ден) – петок (14.04.2023) Пристигнување на пристаништето во Игуменица од каде патот го продолжуваме со траект до островот Крф. Предвидено пристигнување на пристаништето на Крф во попладневните часови. Следува возење до местата Ипсос и Дасиа, каде групата ќе биде сместена во смесувачките капацитети. Следува одмор и можност за запознавање со околината. Некаде околу 16:00 часот започнува официјалниот дел од програмата, каде групата се упатува кон градот Крф. Попатно ќе имате прилика да слушнете се за островот, градот, традициите, историјата, а потоа и панорамски разглед на стариот дел од градот, новата тврдина, старата тврдина, пристаништето. Следува кратка проетка низ стариот дел од градот, покрај црквата на најзначајниот светец на островот, Свети Спиридон каде се наоѓаат и неговите мошти. Во меѓувреме, ќе уживаме во присуство на хоровите, кои го одбележуваат Велики Петок, заедно со звуците на филхармониските ги свират “Adagio” од Албиниони, “Посмртниот марш” од Шопен. Со овие тажни и посмртни маршеви од познати композитори на класичната музика се одбележува токму Христовото страдање. Мали девојчиња ги украсуваат епитафите со цвеќиња, а во церемонијата учествуваат и училиштата и момчињата од извидничките одреди. Последниот Епитаф, кој е и најимпресивниот се појавува во 22:00 часот. По завршувањето на првиот дел од програмата, следува враќање во сместувачките капацитети. Ноќевање.   3 (трет ден) – сабота (15.04.2023) Ипсос е место кое во текот на летниот период изобилува со туристи. За време на Велигденските празници, местото изгледа сосема поинаку, мирно и идеално за убав сон, кое ќе ви овозможи да се разбудите свежи и одморени за започнување на следење на вториот дел од свечената традиција. Првата поворка, првото Воскресение започнува веќе во 09:00 часот наутро, каде под строга заштита се изнесуваат моштите на Св. Спиридон Чудотворец – заштитник на островот. Под звуците на свечената музика составени од три филхармонии, пред моштите на светецот луѓето фрлаат каранфили со кои го постилаат неговиот пат. Откако ќе заврши парадата, почнуваат подготовките за еден оригинален локален обичај – кршење на глинените ќупови. Точно во 11:00 часот црковните ѕвона го означуваат утринското воскресение и од прозорците на куќите почнуваат да се фрлаат глинени садови полни со вода во знак на почнување на празникот и истерување на злото. Ова потекнува од стар венецијански обичај со кој за дочекот на новата година се ослободувале старите работи да направат простор за нови и подобри. Обичајот е да се земе парче од скршените глинени садови и да се сочува за среќа и здравје за следната година. Филхармонските групи се враќаат на улиците и почнуваат да свират весела музика. Веќе во 14:00 часот се враќаме во Ипсос и Дасија, каде има слободно време за одмор и индивидуални активности, се до 21:30 часот кога повторно се тргнува кон градот за проследување на последниот дел од традиционалната прослава, односно Христовото Воскресение. На полноќ илјадници луѓе се собираат на градските плоштади и го прославуваат Христосовото Воскресение со спектакуларен огномет кој привлекува илјадници туристи но и жители од целиот остров.   4 (четврт ден) – недела (16.04.2023) Некаде околу 11:00 часот групата ќе има можност факултативно да го посети местото кое е најголема атракција на островот – Палеокастрица. Оваа посета не би била комплетна доколку попатно не се застане во фабриката Мавроматис за производство на традиционални слатки и ликери од локалното овошје Кум Каут. Ова овошје е многу ретко, по потекло е од Кина и поради специфичните услови кои му се потребни за да расте, успеал само на островот Крф и одредена територија во Шпанија. Тука ќе се запознаеме со целиот начин на производство преку еден краток филм, а потоа сите гости ќе се упатат на шанкот за

КРФ 3 ноќевања | ВЕЛИГДЕН ’23 Read More »

МИЛАНО/ЛУГАНО/КОМО/ЏЕНОВА/БЕРГАМО/ВЕРОНА | НОВА ГОДИНА ’24

МИЛАНО – ЛУГАНО – КОМО –  ЏЕНОВА – БЕРГАМО – ВЕРОНА (3 НОЌЕВАЊА)   Милано, еден од најголемите градови во Италија. Лоциран во рамнината Ломбардија, во близина на реката По, денес претставува еден од најразвиените урбани центри во Европа. Најбогатиот и градот на модата истовремено изобилува со историски и артистички атракции, меѓу кои – огромната катедрала во неоготски стил “Дуомо” која е висока 108 метри, а долга 158 метри, оперскиот театар “Ла Скала”, како и уметничкото дело “Последната вечера”. Покрај запрепастувачките градби, ломбардиската метропола е позната и по модните куќи и продавници, како и галеријата Виторио Емануеле на Пјаца Дуомо, која е всушност изградена во форма на крст со стаклени тавани и има репутација на најстар трговски центар во светот.   Токму затоа за новогодишната ноќ ве водиме на оваа магична прошетка!     ПРОМО ЦЕНА 229€ ЕВРА СО ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕЗЕРВАЦИЈА НА ПАКЕТОТ ФАКУЛТАТИВИ 100€ ПО ЛИЦЕ, РЕДОВНА ЦЕНА НА ФАКУЛТАТИВИ 110€ ЕВРА ПО ЛИЦЕ. РЕДОВНА ЦЕНА 259€.   * Аранжманот е од туристички карактер со цел да се посетат сите предвидени места во програмата     Цената на аранжманот вклучува: * 3 ноќевања во хотел со ***, во околината на Милано со појадок; * Автобуски превоз на релација (Скопје – Италија – Скопје); * Разглед на Верона и Бергамо; * Превоз до Милано за дочек на Нова Година на плоштад;  * Туристички пратител за време на патувањето; * Организација и реализација на аранжманот; * Бесплатен трансфер: Битола, Прилеп, Црна Река (Сирково), Велес; Цената на аранжманот не вклучува: * Задолжителна доплата за тур такса во хотелот 4 € по лице на ден; * Разглед на Милано со професионален водич 20 €; * Посета на Лугано – Комо 35 €; * Крстарење по езерото Комо 20€ ; * Посета на Џенова и Outlet Серавале 35€;  * Патничко осигурување 350 денари по лице; * Влезници за локалитетите (музеј, верски објекти, индивидуални трошоци…);   СПЕЦИЈАЛЕН ПАКЕТ со сите вклучени факултативи – задолжително 100 € по лице (со резервација во агенција), редовна цена 110 € по лице.   ПРОГРАМА:   28.12.2023 (четврток) Скопје – Милано Состанок на групата пред Хотел Континентал околу 11:00 до 14:00 часот. Денско и ноќно патување низ Србија, Хрватска, Словенија и Италија со кратки попатни паузи и царински формалности.   29.12.2023 (петок) Милано Пристигнување во Милано. Разглед на Милано со водич: Sforcesco Castle, Piazza De Duomo – централен плоштад каде што се наоѓа најголемата готска катедрала во светот – Дуомо – Катедрала со фасцинантен изглед, составена од 3400 статуи. Разгледот продолжува кон галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196 метри долг покриен премин со многубројни продавници (Gucci, Prada, Louis Vuitton итн..) кој пак не води до зградата на миланската опера, една од најпознатите оперски куќи во светот. По разгледот сместување во хотел. Ноќевање.   30.12.2023 (сабота) Милано – Џенова – Outlet Серавале Појадок. Посета на Џенова, исклучителен град под заштита на УНЕСКО. Џенова е еден од најубавите градови – пристаништа на светот. Градот е основан од Римјаните, под името Лигури. Во средниот век Џенова било град – држава, голема поморска и трговска сила. Организираниот облик на историскиот центар на градот: Порта Сопрано, Стара средновековна капија која ја чувала независноста на Република Џенова, Плоштадот Де Ферари со бронзената фонтана, Дуждевата палата, некогашното седишта на моќта на оваа Република, Дуомо со катедралата Сан Лоренцо од 13ти век. Сето ова ќе го видиме во прошетката, а препорачуваме и да ја видите куќата на Колумбо, да уживате во старите квартови околу градското пристаниште. По слободното време, посета на Outlet Серавале, едно од најдобрите места за шопинг во Италија. Враќање во хотел. Ноќевање.   31.12.2023 (недела) Милано – Лугано – Комо Појадок. Слободно време за индивидуален разглед на Милано или факултативен излет до Швајцарија. Време предвидено за посета на Лугано – Градот кој што се наоѓа на езерото Лугано, на падините на алпите, познат како швајцарското Монте Карло. Обиколка низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона со своите плоштади – Piazza Ciochara, Piazza Della Reforma, катедралата San Lorenzo, големиот градски парк Parco Civico, еден од најубавите паркови во Швајцарија. Прошетката продолжува со посета на живописното Италијанско градче Комо, кое се простира на Брегот на истоименото езеро, едно од најпознатите и најдлабоките езера во Европа. Посета на Комо, посета на мавзолеот на Александро Волта, катедралата Бролето, ѕидините кој го обиколуваат скоро целиот град. Можност за факултативно крстарење со брод по езерото и да се видат преубавите вили градени во периодот од 17ти до 19ти век, меѓу кои се и вилите на George Clooney, Versace, Madona, Paul McCartney итн. Вечерта посета на Милано за дочек на Нова Година на плоштад. Ноќевање. 01.01.2024 (понеделник) Милано – Бергамо – Верона – Скопје Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот и поаѓање према Бергамо. Поради огромната популарност на Милано, честопати овој град како да се прескокнува кога туристите доаѓаат во Италија, но тоа е голема грешка. Овој прекрасен град со камени улици, прекрасна архитектура и типичен Италијански дух е место каде навистина можете да уживате на сосема поинаков начин. Идеално место за љубителите на уметност, културата. Разглед и слободно време. Потоа следи посета на градот на љубовта, Верона. Прошетка низ стариот град, плоштадите Бра и Ербе, арената, познатата куќа на Јулија и нејзината тераса, како и статуата на Јулија. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патот води преку Словенија, Хрватска, Србија… Пристигнување во Скопје во попладневните часови на 02.01.2024 – Вторник.   УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: * 2000 денари при резервација, а остатокот од сумата најдоцна до 15 дена пред предвидениот рок за тргнување;   ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ: * Доплата за 1/1 соба 70% од цената на аранжманот; * Нема намалување на цената за сопствен превоз; * Попуст за деца: попуст се добива кога детето е придружувано од двајца возрасни лица. Сите лица постари од 10 години се сметаат за возрасни  лица. Дете од 2 – 10 години во 1/2 + 1 остварува попуст од 10% (со седиште во автобус и кревет во хотел); * Возрасно лице на помошен кревет го плаќа полниот износ на аранжманот;   НАПОМЕНА ВО ВРСКА СО ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ: * Цените на излетите се подлежни на промена во зависност од бројот на

МИЛАНО/ЛУГАНО/КОМО/ЏЕНОВА/БЕРГАМО/ВЕРОНА | НОВА ГОДИНА ’24 Read More »