КРФ 3 ноќевања | ВЕЛИГДЕН ’23
Едно од најубавите обележувања на најголемиот христијански празник Велигден на медитеранот е на островот Крф. Посетители од цела Грција, но и светот, доаѓаат токму тука за да ја доживеат уникатната прослава на овој остров. Главните случувања се одвиваат во градот Крф на Велика Сабота, кога се изнесуваат моштите на Светецот Спиридон и свеченото фрлање на ќупови од зградите на плоштадот Спианада. Ова е една од најтрогателните прослави на Велигден во светот, каде точно на полноќ со огромен огномет се означува Христосовото Воскреснување. Бидете дел од оваа несекојдневна прослава традиционално со PUZZLE GROUP, агенција специјализирана токму за островот Крф. ТЕРМИН: 13.04.2023 – 17.04.2023 – РАСПРОДАДЕНО! ПРОМО ЦЕНА: 115€ ДО 15.03.2023, РЕДОВНА ЦЕНА 139€! Собиралишта: Велес, Неготино, Гевгелија, Градско, Црна Река, Дреново, Прилеп, Битола. ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: * 3 ноќевања во приватни вили на Ипсос, Крф; * Автобуски превоз на релација (Скопје – Крф – Скопје); * Повратен билет за траект на релација (Игуменица – Крф – Игуменица) * Комплетно следење на програмата за Велигден во градот Крф (2 посети на градот); * Панорамски разглед и прошетка во градот Крф; * Туристички пратител за време на патувањето; * Организација за време на патувањето; ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: * Задолжително патничко осигурување 300 денари; * Туристичка такса 1€ од ден по соба; * Факултативните излети: – Посета на Палеокастрица и фабриката Мавроматис 15€ (аквариум опционално 5€); – Посета на видиковецот Канони и палатата Ахилеон со влезница 20€; – 20% попуст на ПАКЕТ за двете факултативи 30€; – Велигденски ручек – дополнителни информации; – Индивидуални трошоци на патникот; НАПОМЕНИ:* Резервација се прави со 2000 денари, а остатокот се доплаќа до 15 дена пред тргнување; * За single соба се доплаќаат 70% дополнително од аранжманот; * Попусти за деца: – Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител); – Деца од 3 – 12 години плаќаат 70% (кога се со двајца возрасни); * Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите; * Седиште на барање се доплаќа по желба, 10€ по лице; АПАРТМАНСКО СМЕСТУВАЊЕ: *Апартманите се наоѓаат во местото Ипсос/Пирги; * Сите соби имаат мини кујна со основен прибор, тераса, тоалет; * Секоја соба ќе биде опремена со постелнина и ќебе; * Климата се употребува по желба (со доплата); ПРОГРАМА: 1 (прв ден) – четврток (13.04.2023) Состанок на групата на Дрводекор околу 22:00 часот. Ноќно возење преку граничниот премин Богородица, кај Гевгелија или Меџитлија – Битола, со попатни паузи на секои 3-4 часа. 2 (втор ден) – петок (14.04.2023) Пристигнување на пристаништето во Игуменица од каде патот го продолжуваме со траект до островот Крф. Предвидено пристигнување на пристаништето на Крф во попладневните часови. Следува возење до местата Ипсос и Дасиа, каде групата ќе биде сместена во смесувачките капацитети. Следува одмор и можност за запознавање со околината. Некаде околу 16:00 часот започнува официјалниот дел од програмата, каде групата се упатува кон градот Крф. Попатно ќе имате прилика да слушнете се за островот, градот, традициите, историјата, а потоа и панорамски разглед на стариот дел од градот, новата тврдина, старата тврдина, пристаништето. Следува кратка проетка низ стариот дел од градот, покрај црквата на најзначајниот светец на островот, Свети Спиридон каде се наоѓаат и неговите мошти. Во меѓувреме, ќе уживаме во присуство на хоровите, кои го одбележуваат Велики Петок, заедно со звуците на филхармониските ги свират “Adagio” од Албиниони, “Посмртниот марш” од Шопен. Со овие тажни и посмртни маршеви од познати композитори на класичната музика се одбележува токму Христовото страдање. Мали девојчиња ги украсуваат епитафите со цвеќиња, а во церемонијата учествуваат и училиштата и момчињата од извидничките одреди. Последниот Епитаф, кој е и најимпресивниот се појавува во 22:00 часот. По завршувањето на првиот дел од програмата, следува враќање во сместувачките капацитети. Ноќевање. 3 (трет ден) – сабота (15.04.2023) Ипсос е место кое во текот на летниот период изобилува со туристи. За време на Велигденските празници, местото изгледа сосема поинаку, мирно и идеално за убав сон, кое ќе ви овозможи да се разбудите свежи и одморени за започнување на следење на вториот дел од свечената традиција. Првата поворка, првото Воскресение започнува веќе во 09:00 часот наутро, каде под строга заштита се изнесуваат моштите на Св. Спиридон Чудотворец – заштитник на островот. Под звуците на свечената музика составени од три филхармонии, пред моштите на светецот луѓето фрлаат каранфили со кои го постилаат неговиот пат. Откако ќе заврши парадата, почнуваат подготовките за еден оригинален локален обичај – кршење на глинените ќупови. Точно во 11:00 часот црковните ѕвона го означуваат утринското воскресение и од прозорците на куќите почнуваат да се фрлаат глинени садови полни со вода во знак на почнување на празникот и истерување на злото. Ова потекнува од стар венецијански обичај со кој за дочекот на новата година се ослободувале старите работи да направат простор за нови и подобри. Обичајот е да се земе парче од скршените глинени садови и да се сочува за среќа и здравје за следната година. Филхармонските групи се враќаат на улиците и почнуваат да свират весела музика. Веќе во 14:00 часот се враќаме во Ипсос и Дасија, каде има слободно време за одмор и индивидуални активности, се до 21:30 часот кога повторно се тргнува кон градот за проследување на последниот дел од традиционалната прослава, односно Христовото Воскресение. На полноќ илјадници луѓе се собираат на градските плоштади и го прославуваат Христосовото Воскресение со спектакуларен огномет кој привлекува илјадници туристи но и жители од целиот остров. 4 (четврт ден) – недела (16.04.2023) Некаде околу 11:00 часот групата ќе има можност факултативно да го посети местото кое е најголема атракција на островот – Палеокастрица. Оваа посета не би била комплетна доколку попатно не се застане во фабриката Мавроматис за производство на традиционални слатки и ликери од локалното овошје Кум Каут. Ова овошје е многу ретко, по потекло е од Кина и поради специфичните услови кои му се потребни за да расте, успеал само на островот Крф и одредена територија во Шпанија. Тука ќе се запознаеме со целиот начин на производство преку еден краток филм, а потоа сите гости ќе се упатат на шанкот за
КРФ 3 ноќевања | ВЕЛИГДЕН ’23 Read More »




