патувања

СКИЈАЊЕ / ФРАНЦЈА / АЛПИ | PUZZLE SKI ’25 ПОНУДИ

Почитувани, со гордост ви ги претставуваме нашите PUZZLE SKI понуди за МАРТ 2025 година! Оваа зима ве носиме на едни од најпознатите ски центри во Франција (Алпи). Бирајте, Serre Chevalier или пак Les 2 Alpes! Каде и да одберете едно е сигурно, ве чекаме на ски стаза или шанк!    За повеќе инормации кликнете на името на понудата (ски центарот)   1. Serre Chevalier   2. Les 2 Alpes

СКИЈАЊЕ / ФРАНЦЈА / АЛПИ | PUZZLE SKI ’25 ПОНУДИ Read More »

LES 2 ALPES | PUZZLE SKI ’25

Les Deux Alpes по надморска височина е највисокото скијалиште во Франција, а третто во Европа, (после Zermatt и Saas Fee). Се простира од 1650м па се до 3600м надморска височина, така да квалитетниот снег е загарантиран и во доцна пролет. Скијање кое ќе го паметите!   Француските скијалишта се познати по најмодерните системи за одржување на уредените ски стази, лифтови и кабински гондоли. Благодарение на вложувањата, Фрацуската зимска ски сезона 2024/25 ја очекува најспремна и до сега најдобра понуда за скијачите и љубителите на зимување на планина. Придружете ни се на скијање во Франција и вратете се од Алпите со најубави спомени.     Grand Galaxy SKI PASS кој е вклучен во цената на аранжманот, ви овозможува да во текот на неговата валидност од шест дена во Les 2 Alpes, скијате по желба и на следните скијачки центри (2 дена на Alpe d Huez, 1 ден na Serre Chevalier, Sestriere, Montgenevre / Voie Lactee / Puy St. Vincent). *превозот до другите скијачки центри, не е вклучен во цената на аранжманот.   Придружете ни се на скијање во Франција и вратете се од Алпите полни со спомени.  Сместување Тип на соба Цена Sata 2 Alpes 1/6 App 1/4 Std 1/3 Std 1/2 Std 639€ 0€ 0€ 0€ Цената на аранжманот вклучува: * 7 ноќевања во апартмани/студија во Immobiler des Alpes;  * Автобуски превоз на релација – Скопје – Les 2 Alpes – Скопје; * Туристички пратител за време на патувањето; * Организација за време на патувањето; * 6 дневен SKI PASS Les 2 Alpes (шестдневен Grand Galaxy SKI PASS ви овозможува во текот на неговата валидност, скијање (2 дена на Alpe d Huez , 1 ден на Serre Chevalier, Sestriere, Montgenevre / Voie Lactee / Puy Vincent).   Цената на аранжманот не вклучува: * Туристичка такса 7 eur ;* Патничко осигурување со скијачки ризик 1200 ден;  * Обавезно завршно чистење, доколку не сакате да ги исчистите апартманите да изгледаат како што сте ги добиле, се доплаќа 40 евра за 1/2 студио, 50 евра за 1/3 и 1/4 студио и 70 евра за 1/5 и 1/6 апартман; * Задолжителен депозит од 300 до 600 евра по апартман/ студио; * Задолжителна доплата за SKI PASS картичка, 2 евра (се плаќа на дестинација); * Индивидуални трошоци на патникот * Изнајмување постелнина; * Превоз до други скијачки центри (Alpe d Huez, Les 2 Alpes, Sestriere. Montgenevre, Voie Lactee, Puy St. Vincent); *Резервација се прави со 6000 ден по лице, а остатокот се доплаќа до 15 дена пред тргнување.   КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ     Les 2 Alpes се простираат на околу 3км во должина и организациски потсетува на некое Италијанско скијалиште. Во главно исполнето е со апартмански згради но има и хотели од 2 па се до 5 ***. Постојат три автобуски линии но на вас нема да ви бидат толку неопходни затоа што каде и да сте сместени, нема да ви треба повеќе од 5 минути пешачење до првата жичара. Во оваа област се наоѓаат три големи маркети (Spar, Marche…). Apres Ski: Les 2 Alpes е едно од најдобрите места за Apres Ski во Франција. Во текот на денот од 12 до 16 часот, сите случувања се одвиваат на 2600 метри надморска височина во ресторанот на меѓу гондолската станица Janri. Потоа од 16 до 19 часот сите се спуштаат на местото каде се продолжува журката, најчесто во барот Yellow Umbrella, непосредно покрај симулаторите за лавини. По 21 часот, сите одат во таверната Smithy’s каде најчесто настапуваат британски бендови, а потоа во дискотеката Avalanche до раните утрински часови. Ако се сметате за напреден скијач, задолжително посетете го La Grave кој е најголем off road ски центар во Европа, до него се доаѓа исклучиво со ратрак кој тргнува од врвот на глечерот на Les 2 Alpes. Исто така постои можност за одење со хеликоптер на еднодневно скијање до Alpe d Huez и цената е 50 евра (повратна карта). Во самиот глечер постои и ледена пештера.    Скијање во Март – Serre Chevalier!   Скијање во Франција во Март секоја година привлекува се поголем број на посетители. Кога ќе се качите на некој од алпските врвови, пејсажите од кои застанува здивот ќе го освојат вашето срце. Длабока тишина на планинските врвови, поглед кој се простира во недоглед ќе ве натера да се заљубите во алпите.   Ски центар Les 2 Alpes – Општи информации за скијалиштето Les 2 Alpes на многумина е познат по најтешката црна стаза во Европа (Grand Colouire), како и најголем скијачки глечер по површина во Европа, 120 хектари и висина од 3568 метри надморска височина. Широки стази за сите типови на скијачи и одлични услови за off road.  Les 2 Alpes е омилен меѓу младите поради својот ноќен живот и најдобрите Apres Ski забави. Забавата почнува на скијалиштето во барот Pano околу 15 часот, која потоа се сели во самиот “village” околу 17 часот и се завршува во клубот Avalanche.    МАПАТА НА СКИЈАЛИШТЕТО Les 2 Alpes МОЖЕТЕ ДА ЈА ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА     Надморска височина: 1650-3600м  Должина на ски стазите: cca 220км уредни стази (774 хектари повришна за скијање)     Седла: 23   Гондоли: 9  Ски лифтови: 37   Стази: 96   Зелени стази: 17  Плави стази: 45  Црвени стази: 22  Црни стази: 12   Ноќно скијање  Нордиско скијање  Глечер  Snowpark и Halfpipe     Скијање во Франција – Les 2 Alpes: Совшренство за скијачи!   Les 2 Alpes е синоним за квалитетено скијање во Франција. Тука ќе видите стази кои ќе ги задоволат вашите скијачки вештини, од почетник па се до професионалец. Вкупно 220км стази нудат разноврсни терени, а тука е и импресивниот скијачки глечер кој ви овозмужува скијање во текот на целата година.      Зимување – Les 2 Alpes: Повеќе од скијање!   Покрај фантастичните стази, Les 2 Alpes нуди богата вон скијачка содржина. Посетете ги познатите локали и ресторани со Француска кујна или опуштете се во Спа центрите. За авантуристите, активностите се бескрајни – планинарење, fat bike, snowboard и многу други активности кои ви се на располагање.      Ски центар – Les 2 Alpes: Модерен и практичен!   Инфрастуктурата во Les 2 Alpes е современа и ефикасна. Брзите жичари и ски лифтови ви овозможуваат брз и лесен пристап

LES 2 ALPES | PUZZLE SKI ’25 Read More »

SERRE CHEVALIER | PUZZLE SKI ’25

Serre Chevalier е најголемиот скијачки регион на јужните алпи. Со повеќе од 300 сончеви денови годишно, претставува една од најпопуларните скијачки области на Француските Алпи. Во збир има повеќе од 250км средени скијачки стази, од кои 70км се полесни стази, 130км се средни стази и 50км се тешки стази но кои одговараат на сите скијачи и бордери. Вкупно содржи 102 стази од кои 23 зелени, 29 плави, 38 црвени и 12 црни стази. Grand Galaxy SKI PASS кој е вклучен во цената на аранжманот, ви овозможува да во текот на неговата валидност од шест дена во Serre Chevalier, скијате по желба и на следните скијачки центри (2 дена на Alpe d Huez, 1 ден na Les 2 Alpes, Sestriere, Montgenevre / Voie Lactee / Puy St. Vincent). *превозот до другите скијачки центри, не е вклучен во цената на аранжманот.   Не ја пропуштајте приликата да доживеете совршено скијање во Франција. Посетете го Serre Chevalier и создадете спомени кој ќе ви траат цел живот! Сместување Тип на соба Цена Signal du Prorel 1/6 App 1/5 App 1/4 Std 549€ 559€ 569€   Цената на аранжманот вклучува: * 7 ноќевања во апартмани/студија во Signal du Prorel во местото Бријансон;  * Автобуски превоз на релација – Скопје – Serre Chevalier – Скопје; * Туристички пратител за време на патувањето; * Организација за време на патувањето; * 6 дневен SKI PASS Serre Chevalier (шестодневен Grand Galaxy SKI PASS ви овозможува во текот на неговата валидност, скијање (2 дена на Alpe d Huez, 1 ден на Les 2 Alpes, Sestriere, Montgenevre / Voie Lactee / Puy Vincent).   Цената на аранжманот не вклучува: * Туристичка такса 8 eur ;* Патничко осигурување со скијачки ризик 1200 ден;  * Обавезно завршно чистење, доколку не сакате да ги исчистите апартманите да изгледаат како што сте ги добиле, се доплаќа 65 евра за 1/2 студио, 70 евра за 1/3 и 1/4 студио и 80 евра за 1/5 и 1/6 апартман; * Обавезен депозит 400 евра по апартман/ студио; * Индивидуални трошоци на патникот * Изнајмување постелнина; * Превоз до други скијачки центри (Alpe d Huez, Les 2 Alpes, Sestriere. Montgenevre, Voie Lactee, Puy St. Vincent); *Резервација се прави со 3000 ден по лице, а остатокот се доплаќа до 15 дена пред тргнување.   КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ   Скијалиштата во Франција се познати по најмодерните системи за одржување на уредените ски стази, лифтови и кабински гондоли. Благодарените на вложувањата, Француската зимска ски сезона 2024/25 ја очекува најспремна и до сега најдобра понуда за скијачите и љубителите на зимување на планина. Придружете ни се на скијање во Франција и вратете се од Алпите со најубави спомени.    Ски центар Serre Chevalier информации за скијалиште Се наоѓа во средишниот дел од националниот парк Les Ecrins, под 4102м високиот врв Dome des Ecrins. Се наоѓа во благомедитеранскиот предел со преку 300 сончеви денови годишно кои не му сметаат на снегот кој се задржува се до пролетта. 250км добро уредени стази и практично едно од најблиските скијалишта во Франција оддалечено од Македонија. Serre Chevalier е скијалиште со голи врвови под кои се наоѓаат непрегледни боровио шуми. Бордери и Freestyle скијачи може да уживаат во 4 одвоени снежни паркови, а најголем е Villenueve на 2200м надморска височина. Љубителите на free ride може да уживаат во 9 природно направени зони “Brut de neige” кој ќе ги однесе што подалеку од натапканите стази. Комбинацијата од алпската и медитеранска клима создава идеални услови за скијање.   МАПАТА НА СКИЈАЛИШТЕТО SERRE CHEVALIER МОЖЕТЕ ДА ЈА ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА     Надморска височина: 1200-2800м  Должина на ски стазите: cca 250км уредни стази      Седла: 21   Гондоли: 7  Ски лифтови: 35   Стази: 81   Зелени стази: 13  Плави стази: 26  Црвени стази: 29  Црни стази: 13   Ноќно скијање  Нордиско скијање  Вештачко оснежување  Snowpark   Овој волшебен Ски центар, сместен во регионот Прованса – Алпи – Азурен брег, нуди незаборавно зимско искуство кое ќе ги задоволи вашите скијачки апетити.   Скијање во Франција – Serre Chevalier: Оаза покриена со снег!   Скијалиштето Serre Chevalier е познато по своите извонредни услови за скијање и совршени стази за скијачи од секој ранг на вештини. Без оглед дали сте почетник или искусен скијач, Serre Chevalier ќе ве одушеви со своите разнолики стази и преубави пејсажи.   Зимување – Serre Chevalier: Незаборавна авантура!   Serre Chevalier не нуди само извонредно скијање туку и голем број активности надвор од стазите. Посетете ги сликовите селски продавници, уживајте во традиционалната француска кујна во бројните ресторани и истражете ја богатата култура на овој регион.   Ски центар – Serre Chevalier: Инфраструктура на светско ниво!   Ова скијалиште се гордее со современата инфраструктура која гарантира удобност и безбедност на посетителите. Модерните жичари и ски лифтови ви овозможуваат брз и лесен пристап до стазите, додека бројните ски школи и изнајмувачи на опрема ја прават оваа дестинација и за почетници.   Незаборавно скијање во Serre Chevalier!   Доколку барате совршено место за зимување во Франција, Serre Chevalier е вашата дестинација. Скијање, преубава природа, извонредна храна и култура го прават ова место идеално за одмор. Испланирајте го својот зимски одмор денес и почуствувајте ја магијата на Serre Chevalier.    Скијање во Март – Serre Chevalier!   Скијање во Франција во Март секоја година привлекува се поголем број на посетители. Кога ќе се качите на некој од алпските врвови, пејсажите од кои застанува здивот ќе го освојат вашето срце. Длабока тишина на планинските врвови, поглед кој се простира во недоглед ќе ве натера да се заљубите во алпите.

SERRE CHEVALIER | PUZZLE SKI ’25 Read More »

ВРТЕЛЕШКА

8 АРТИСТИ – 10 СААТИ ВРТЕЊЕ!   СПРЕМИ СЕ ЗА ЦЕЛОДНЕВНА ВОЖЊА И КВАЛИТЕТНА МУЗИКА!    10.05.2024 / КРОВ НА ГТЦ – ЗЕЛЕНА ГРАДИНА / 14:00 – 00:00   РЕЗЕРВИРАЈ ИЛИ КУПИ ВЛЕЗНИЦА ВО ВТОРА ФАЗА ПО ЦЕНА ОД 500мкд НА 070/372-931 ИЛИ ONLINE НА СЛЕДНИОТ ЛИНК: TICKETS   НАСТАПУВААТ: 

ВРТЕЛЕШКА Read More »

BALKAN WAVE – ЗРЧЕ ’25

Puzzle summer – Зрче beach – Хрватска!   Најпопуларната party дестинација на балканот конечно и кај нас! Во продажба од 10.04.2025! 5 ноќи – 7 дена и full Зрче experience!  Balkan Wave фестивал vol.5 – 3 фестивалски дена со познати изведувачи во најдобриот клуб на Зрче, preparty, boat party, дневни журки… САМО 100 МЕСТА ОД МАКЕДОНИЈА! Предрезервација можеш да направиш уште веднаш! Пакет аранжман: 5 ноќи + вклучен превоз + вклучена влезница за 3те фестивалски вечери веќе од 279€!      Сместување Тип на соба Цена Standard Apartments (пример сместување) 1/5 1/4 1/3 распродадено распродадено распродадено Цената на аранжманот вклучува: * 5 ноќевања во избраното сместување;* Автобуски превоз на релација – Скопје – Зрче – Скопје; * Влезница за 3те дена на Balkan Wave фестивалот; * Туристички пратител за време на престојот;* Организација за време на патувањето. Цената на аранжманот не вклучува: * Туристичка такса 1.5 € по лице на  ден; * Патничко осигурување (400 ден);* Факултативни излети (журки);* Индивидуални трошоци на патникот. НАПОМЕНИ:* Резервација се прави со 3000 денари по лице, а остатокот се доплаќа до 15 дена пред тргнување.  Програма: 1. Ден: Скопје – Зрче (30.06.2025) Состанок на групата и тргнување во попладневните часови. Возење преку Македонија, Косово, Албанија, Црна Гора, Хрватска со попатни паузи за одмор, освежување, регулирање на гранични и царински формалности. Ноќно возење. 2-5. Ден: Зрче (01.07.2025-05.07.2025)  Пристигнување во Новаља во претпладневните часови. Сместување. Мала пауза за одмор и веднаш потоа започнува нашето BALKAN WAVE ДРУЖЕЊЕ! 7. Ден: Зрче – Скопје (06.07.2025)  Тргнување назад кон Скопје во претпладневните часови. Возење преку Хрватска, Црна Гора, Албанија, Косово, Македонија со попатни паузи за одмор, освежување, регулирање на гранични и царински формалности. Ноќно возење.8. Ден – Скопје (07.07.2024)Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

BALKAN WAVE – ЗРЧЕ ’25 Read More »

SEA BREAK ’24

НАЈГОЛЕМOTO PARTY ПАТУВАЊЕ ЗА 1ви МАЈ! SEA BREAK!    Сместување Тип на соба Цена Vila AnnaBill 1/5 1/4 1/3 1/2 0€ 0€ 0€ 0€ VilaMavroudis 1/3 1/2 0€ 0€ Vila GoldenSun 1/6 1/5 1/4 1/3 0€ 0€ 0€ 0€ Vila Nikol 1/3 1/2 0€ 0€ Vila AthinaMare 1/3 1/2 0€ 0€ GiorgioStudios 1/3 1/2 0€ 0€ HotelElizabeth 1/4 1/3 0€ 0€     Цената на аранжманот вклучува: * 3 ноќевања во избраното сместување;* Автобуски превоз на релација – Скопје – Калитеа – Скопје;* Туристички пратител за време на престојот;* Организација за време на патувањето. Цената на аранжманот не вклучува: * Туристичка такса 1.5 € по соба на  ден; * Патничко осигурување (300 ден);* Факултативни излети (журки);* Индивидуални трошоци на патникот. НАПОМЕНИ:* Резервација се прави со 1500 денари, а остатокот се доплаќа до 15 дена пред тргнување.  Програма: 1. Ден: Скопје – Калитеа (30.04.2024)Состанок на групата и тргнување во раните утрински часови. Возење преку Македонија и Грција со попатни паузи за одмор, освежување, регулирање на гранични и царински формалности. Пристигнување во Калитеа во претпладневните часови. Сместување. Мала пауза за одмор и се упатуваме кон првата дневна журка – Welcome party во нашиот добро познат beach bar. По завршување на журката следи слободно време се до вечерните часови каде се упатуваме кон првата ноќна журка во најпознатиот грчки клуб каде што настапуваат (наскоро). Ноќевање. 2. Ден: Калитеа (01.05.2024)Денот ни започнува со нова дневна журка. Мала пауза за одмор и се упатуваме кон втората ноќна журка каде што настапуваат (наскоро). Ноќевање. 3. Ден: Калитеа (02.05.2024)Денот ни започнува со Факултативно крстарење (журка на брод), а веднаш потоа и дневна журка. Мала пауза за одмор и се упатуваме кон третата ноќна журка каде ќе настапуваат (наскоро). Ноќевање. 4. Ден: Калитеа – Скопје (03.05.2024)Check out од сместувањата и тргнување за Скопје во утринските часови. Пристигнување во Скопје во попладневните часови.

SEA BREAK ’24 Read More »

МАВРОВО ’24 / DANCE&SKI движење (vol.4 & vol.5)

Спремни за PuzzleZima?   Dance&Ski во Маврово е нашето ново движење за оваа сезона!   Vol.4 со датум 27.01.2024 – журка во Ски Школа со DOUBLE G – 10% попуст на сите бачила (Галичко бачило, Старо бачило, Трифкова колиба, Ски Школа) Vol.5 со датум 28.01.2024 – журка на Трифкова Колиба со FLOODER – 10% попуст на сите бачила (Галичко бачило, Старо бачило, Трифкова колиба, Ски Школа)     Чист воздух, ски центар и добра музика!   Повратн билет (Скопје – Маврово – Скопје) 10% попуст на изнајмување ски опрема 10% попуст на дневен билет за жичара Цена: 650 денари. #Dance&Ski СЕКОЈ ВИКЕНД! Се гледаме на еднодневна, на ски стаза или на шанк или на двете места!   Тргнување во 07:00 враќање во 17:00. Резервирај го твојот билет на 071/809-669 или во нашите канцеларии!    

МАВРОВО ’24 / DANCE&SKI движење (vol.4 & vol.5) Read More »

БЕЛГРАД NY’26 – party програм (каталог)

ФАКУЛТАТИВЕН PARTY ПРОГРАМ – БЕЛГРАД 2026 3 PREMIUM PARTIES 1.      DAYLIGHT NY PARTY – MATINE – Gradska Kafana (31.12) Можеби и омилената журка на сите патници кои патувале досега. Почувствувајте ја магијата на препознатливите градски кафани во Белград. Dj + Live Band и многу млади од балканот. Организиран превоз од сместувањето до клубот и назад и бесплатна резервација на база на група. Доколку купите поединечна влезница за оваа журка цената е 20е.   2.      ДОЧЕК НА 2026 – CLUB DIFFERENT (31.12) Најлудиот дочек на 2026 во еден од новите и познати клубови во градот. Огромен клубски подиум со над 1000 млади од балканот. Dj + Live Band. Со купување на влезницата добивате неограничена конзумација на алкохолни и безалкохолни пијалоци. *Огранизиран превоз од сместувањето до клубот и назад. *Задолжителна резервација на маса(конопој) или сепаре до 26.12 на телефонскиот број  076 477 357 Опција 1: Maса (конопој) – од 4 до 6 лица (доплата вкупно 50е за целата маса) Опција 2: Високо седење – од 5 до 8 лица ( доплата од 150е за целата резервација вкупно ) покрај all inclusive со оваа резервација следува стандард флаша по избор. Опција 3: Сепаре – од 7 до 10 лица ( доплата од 200е за целата резервација вкупно) покрај all inslusive со оваа резервација следува стандард флаша по избор. Доколку купите поединечна влезница за оваа журка цената е 70е.   3.      РЕПРИЗА НА НОВА ГОДИНА- СПЛАВ КОНЗУЛАТ (01.01) Не си бил во Белград доколку не си го доживеал проводот на познатите сплавови. И тоа не било каде туку на еден од најпопуларните – сплав Конзулат. Live band и загарантирано добар пробод. Организиран превоз од сместувањето до клубот и назад и бесплатна резервација на база на група. Доколку купите поединечна влезница за оваа журка цената е 20е. *PUZZLE FULL PARTY ПАКЕТ Најповолна понуда со сите журки вклучени. Овој пакет опфаќа се од горенаведеното во програмот. Доколку ги купите журките поединечно збирот изнесува 110е. Со овој пакет остварувате заштеда од 25е. Доколку одберете PUZZLE FUL PARTY ПАКЕТ за промотивна цена од 85е. Побрзајте и направете је вашата резервација најкасно до 26.12 на телефонскиот број 076 477 357                    

БЕЛГРАД NY’26 – party програм (каталог) Read More »

ПРАГА/ДРЕЗДЕН/КАРЛОВИ ВАРИ/ВИЕНА | НОВА ГОДИНА ’24

ПРАГА – ДРЕЗДЕН – КАРЛОВИ ВАРИ – ВИЕНА (3 НОЌЕВАЊА)   ПРАГА – град од бајките, историски и културен симбол на Европа. Овој магичен град со стотици кули, важи за град на боемите и мистичната атмосфера, звуците на виолончелото и клавир, а крајбрежјето на моќната Влтава ги спојува прекрасните мостови. Кога на сето ова ќе се додаде волшебната божиќна атмосфера, добивате совршен рецепт за воодушевување.   Ви ја преставуваме новогодишната програма за Златната Прага!    ПРОМО ЦЕНА 229€ ЕВРА СО ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕЗЕРВАЦИЈА НА ПАКЕТОТ ФАКУЛТАТИВИ 110€ ПО ЛИЦЕ, РЕДОВНА ЦЕНА НА ФАКУЛТАТИВИ 115€ ЕВРА ПО ЛИЦЕ. РЕДОВНА ЦЕНА 269€. * Аранжманот е од туристички карактер со цел да се посетат сите предвидени места во програмата     Цената на аранжманот вклучува: * 3 ноќевања во хотел со ***, во Прага со појадок; * Автобуски превоз на релација (Скопје – Чешка – Скопје); * Посета на Виена; * Туристички пратител за време на патувањето; * Организација и реализација на аранжманот; * Бесплатен трансфер: Битола, Прилеп, Црна Река (Сирково), Велес; Цената на аранжманот не вклучува: * Задолжителна доплата за тур такса во хотелот 2.5 € по лице на ден; * Разглед на Прага со водич 15€; * Крстарење по реката Влтава 20€; * Посета на Дрезден 45€ ; * Посета на Карлови Вари 35€; * Патничко осигурување 350 денари по лице; * Влезници за локалитетите (музеј, верски објекти, индивидуални трошоци…); ПАКЕТ со факултативи – задолжително 110 € по лице (со резервација во агенција), редовна цена 115 € по лице.   ПРОГРАМА:   28.12.2023 (четврток) Скопје – Прага Состанок на групата пред Хотел Континентал околу 11:00 часот, тргнување околу 11:30 часот. Денско и ноќно патување низ Србија и Унгарија со попатни паузи и царински формалности. 29.12.2023 (петок) Прага Пристигнување во зависност од околностите по патот и веднаш следува разглед на стариот град со водич: Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник – Орлој, Црквата Лорето, Градската куќа, Прашната кула, Националниот музеј, Дворецот Храдчани, Катедралата Св. Вито. Слободно време за одмор. Вкупно околу 3 – 4 час. Потоа следува сместување во хотел и слободно време. Ноќевање. 30.12.2023 (сабота) Прага – Дрезден – Прага По појадокот,  следува прекрасно денско крстарење по реката Влтава, каде ќе уживате во романтичниот поглед на локалитетите во придружба на звуците на Беджих Сметана. Потоа се упатуваме кон Дрезден, излет кој че ве воодушеви. Дрезден е културно седиште на југоисточна Германија, кој поради својата убавина уште го нарекуваат и Фиренца на Елба. Следува прошетка до центарот на градот: Звингер, комплекс павиљони од 18 век (светски пример за барокна архитектура), катедралата, обалата на реката Елба, Фрауенкирхе, Брулската тераса…. Слободно време и можност за шопинг во бројните продавници во централниот дел на градот. Враќање во Прага во договорено време. Вечерта иднивидуална можност за посета на Прага. Ноќевање. 31.12.2023 (недела) Прага – Карлови Вари – Прага По појадокот, следува посета на најпопуларниот бањски центар во Чешка, Карлови Вари. Овие бањи се едни од најпознатите на светско ниво, а се наоѓаат во близина на Прага на само 130км. Името го добиле по Карл IV, кој ги основал во 1370 година. Овој мал и крекрасен град опкружен со зеленило и планини, е често посетен од страна на туристи од целиот свет токму поради лековитите води, а најмногу го посетуваат туристи од Русија, Централниот дел се состои од луксузни хотели, ресторани и продавници. Оттука потекнува и познатиот чешки аперитив Beherovka, ликер од билки кој се прави од мешавина од 20 различни билки и зачини и секако водата од термалните извори. Можете да го купите и пробате буквално сегде, а можете и да го посетите и музејот на Јан Бехер, каде можете да ја слушнете и историјата на познатиот ликер. Следува разглед на централниот дел на местото и потоа слободно време за прошетка и ручек. Во договорено време враќање во Прага и слободно време до вечерните часови кога групата се упатува кон центарот на Прага и следува дочек на Новата година на некој од плоштадите. Враќање во хотел во договорено време. Ноќевање. 01.01.2024 (понеделник) Прага – Виена – Скопје По појадокот следува одјавување од хотел. Групата се упатува кон Виена, главната престолнина на Австрија, моќен град кој плени со својата величина, историја, традиција и архитектура. Следува разглед на градот со водич: Парламентот, Рингштрасе, Градската Палата (Ратхаус), Црквата Вотив, Операта, Универзитетот, комплексот Хундертвасер, дворецот Белведере, градскиот парк… прошетка низ зимската резиденција на Хабзбурговците – дворецот Хофбург, од каде се стигнува до строгиот центар на градот (улиците Гребен и Кертнер), каде се наоѓа монументалната Катедрала на Св. Стефан (Штефан дом). Во договорено време собир на групата и поаѓање кон Македонија. Следува ноќно возење и пристигнување во Скопје во попладневните часови на 02.01.2024 – Вторник. УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: * 2000 денари при резервација, а остатокот од сумата најдоцна до 15 дена пред предвидениот рок за тргнување; ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ: * Доплата за 1/1 соба 70% од цената на аранжманот; * Нема намалување на цената за сопствен превоз; * Попуст за деца: попуст се добива кога детето е придружувано од двајца возрасни лица. Сите лица постари од 10 години се сметаат за возрасни  лица. Дете од 2 – 10 години во 1/2 + 1 остварува попуст од 10% (со седиште во автобус и кревет во хотел); * Возрасно лице на помошен кревет го плаќа полниот износ на аранжманот; НАПОМЕНА ВО ВРСКА СО ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ: * Цените на излетите се подлежни на промена во зависност од бројот на пријавените патници. Неопходен минимум за реализација на факултативите е 35 патници. Во случај на помал број на пријавени, можно е цената да подлежи на промена според условите од локалната агенција, тур оператор, па организаторот има право да понуди корегирана цена, а патниците немаат обрска да ја прифатат. Факултативните излети не се задолжителен дел од програмата и зависат од бројот на пријавени патници. Цената на факултативите вклучува трошоци за организација, превоз, водич. Термините на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини во локалитетите, бројот на пријавени патници и објективни околности. Огранизаторот на излетот го задржува правото да го промени терминот и условите на изведување на факултативите предвидени во програмата. НАПОМЕНИ

ПРАГА/ДРЕЗДЕН/КАРЛОВИ ВАРИ/ВИЕНА | НОВА ГОДИНА ’24 Read More »

МИЛАНО / ЛУГАНО / КОМО / ЏЕНОВА / БЕРГАМО / ВЕРОНА | НОВА ГОДИНА ’25

МИЛАНО – ЛУГАНО – КОМО –  ЏЕНОВА – БЕРГАМО – ВЕРОНА   Милано, еден од најголемите градови во Италија. Лоциран во рамнината Ломбардија, во близина на реката По, денес претставува еден од најразвиените урбани центри во Европа. Најбогатиот и градот на модата истовремено изобилува со историски и артистички атракции, меѓу кои – огромната катедрала во неоготски стил “Дуомо” која е висока 108 метри, а долга 158 метри, оперскиот театар “Ла Скала”, како и уметничкото дело “Последната вечера”. Покрај запрепастувачките градби, ломбардиската метропола е позната и по модните куќи и продавници, како и галеријата Виторио Емануеле на Пјаца Дуомо, која е всушност изградена во форма на крст со стаклени тавани и има репутација на најстар трговски центар во светот. Токму затоа за новогодишната вечер ве водиме на оваа магична прошетка!   ПРОМО ЦЕНА 259€ ЕВРА СО ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕЗЕРВАЦИЈА НА ПАКЕТОТ ФАКУЛТАТИВИ 110€ ПО ЛИЦЕ, РЕДОВНА ЦЕНА НА ФАКУЛТАТИВИ 120€ ЕВРА ПО ЛИЦЕ. РЕДОВНА ЦЕНА 279€. Цената на аранжманот вклучува: * 3 ноќевања во хотел со ****, во околината на Милано со појадок; * Автобуски превоз на релација (Скопје – Италија – Скопје); * Разглед на Верона и Бергамо; * Превоз до Милано за дочек на Нова Година на плоштад; * Туристички пратител за време на патувањето; * Организација и реализација на аранжманот; * Бесплатен трансфер: Битола, Прилеп, Црна Река (Сирково), Велес. Цената на аранжманот не вклучува: * Задолжителна доплата за тур. такса во хотелот 4 € по лице на ден; * Разглед на Милано со професионален водич 20 €; * Посета на Лугано – Комо 40 €; * Крстарење по езерото Комо 20€; * Посета на Џенова и Outlet Серавале 40€; * Патничко осигурување 350 денари по лице; * Влезници за локалитетите (музеј, верски објекти, индивидуални трошоци…);   СПЕЦИЈАЛЕН ПАКЕТ со сите вклучени факултативи – задолжително 110€ по лице (со резервација во агенција), редовна цена 120 € по лице.   ПРОГРАМА:   28.12.2024 (сабота) Скопје – Милано Состанок на групата пред Хотел Континентал во периодот околу 12:00 – 14:00 часот. Денско и ноќно патување низ Србија, Хрватска, Словенија и Италија со кратки попатни паузи и царински формалности. 29.12.2024 (недела) Милано Пристигнување во Милано. Разглед на Милано со водич: Sforcesco Castle, Piazza De Duomo – централен плоштад каде што се наоѓа најголемата готска катедрала во светот – Дуомо – Катедрала со фасцинантен изглед, составена од 3400 статуи. Разгледот продолжува кон галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196 метри долг покриен премин со многубројни продавници (Gucci, Prada, Louis Vuitton итн..) кој пак не води до зградата на миланската опера, една од најпознатите оперски куќи во светот. Разгледот трае околу 2-3 часа. По разгледот сместување во хотел. Ноќевање. 30.12.2024 (понеделник) Милано – Џенова – Outlet Серавале По појадокот посета на Џенова. Исклучителен град под заштита на УНЕСКО. Џенова е еден од најубавите градови – пристаништа на светот. Градот е основан од Римјаните, под името Лигури. Во средниот век Џенова била град – држава, голема поморска и трговска сила. Организираниот облик на историскиот центар на градот: Порта Сопрано, стара средновековна капија, која ја чувала независноста на Република Џенова, плоштадот Де Ферари со бронзената фонтана, Дуждевата палата, некогашното седиште на моќта на оваа Република, Дуомо со катедралата Сан Лоренцо од 13ти век. Сето ова ќе го видиме во прошетката, а препорачуваме да ја видите и куќата на Колумбо, да уживате во старите квартови околу градското пристаниште. По слободното време, посета на Outlet Серавале, едно од најдобрите места за шопинг во Италија. Враќање во хотел. Ноќевање. 31.12.2024 (вторник) Милано – Лугано – Комо Појадок. Слободно време за индивидуален разглед на Милано или факултативен излет до Швајцарија. Време предвидено за посета на Лугано – градот кој што се наоѓа на езерото Лугано, на падините на алпите, познат како Швајцарското Монте Карло. Обиколка низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона со своите плоштади Piazza Ciochara, Piazza della Reforma, катедралата San Lorenzo, големиот градски парк Parco Civico, еден од најубавите паркови во Швајцарија. Прошетката продложува со посета на живописното Италијанско градче – Комо, кое се простира на брегот на истоименото езеро, едно од најпознатите и најдлабоките езера во Европа. Посета на Комо, посета на мавзолејот на Алесандро Волта, Катедралата Бролето, ѕидините кои го обиколуваат скоро целиот град. Можност за факултативно крстарење со брод по езерото и да се видат преубавите вили, градени во периодот од 17ти до 19ти век, меѓу кои се и вилите на Џорџ Клуни, Версаче, Мадона, Макартни итн. Вечерта посета на Милано за дочек на Нова Година на плоштад. Ноќевање. 01.01.2025 (среда) Милано – Бергамо – Верона – Скопје Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот и поаѓање према Бергамо. Поради огромната популарност на Милано, честопати овој град како да се прескокнува кога туристите доаѓаат во Италија, но тоа е голема грешка. Овој прекрасен град, со камени улици, прекрасна архитектура и типичен Италијански дух е место каде навистина можете да уживате на сосема поинаков начин. Идеално место за љубителите на уметност, културата. Разглед и слободно време. Потоа следи посета на градот на љубовта, Верона. Прошетка низ стариот град, плоштадите Бра и Ербе, Арената, познатата куќа на Јулија и нејзината тераса, како и статуата на Јулија. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патот води преку Словенија, Хрватска, Србија… Пристигнување во Скопје во попладневните часови на 02.01.2025 (четврток).   УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: * 2000 денари при резервација, а остатокот од сумата најдоцна до 15 дена пред предвидениот рок за тргнување;   ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ: * Доплата за 1/1 соба 70% од цената на аранжманот; * Нема намалување на цената за сопствен превоз; * Попуст за деца: попуст се добива кога детето е придружувано од двајца возрасни лица. Сите лица постари од 10 години се сметаат за возрасни  лица. Дете од 2 – 10 години во 1/2 + 1 остварува попуст од 10% (со седиште во автобус и кревет во хотел); * Возрасно лице на помошен кревет го плаќа полниот износ на аранжманот;   НАПОМЕНА ВО ВРСКА СО ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ: * Цените на излетите се подлежни на промена во зависност од бројот на пријавените патници. Неопходен минимум за реализација на факултативите е 35 патници. Во случај на помал број на пријавени, можно е цената

МИЛАНО / ЛУГАНО / КОМО / ЏЕНОВА / БЕРГАМО / ВЕРОНА | НОВА ГОДИНА ’25 Read More »