SERRE CHEVALIER | PUZZLE SKI ’25

Serre Chevalier е најголемиот скијачки регион на јужните алпи. Со повеќе од 300 сончеви денови годишно, претставува една од најпопуларните скијачки области на Француските Алпи. Во збир има повеќе од 250км средени скијачки стази, од кои 70км се полесни стази, 130км се средни стази и 50км се тешки стази но кои одговараат на сите скијачи и бордери. Вкупно содржи 102 стази од кои 23 зелени, 29 плави, 38 црвени и 12 црни стази.

Grand Galaxy SKI PASS кој е вклучен во цената на аранжманот, ви овозможува да во текот на неговата валидност од шест дена во Serre Chevalier, скијате по желба и на следните скијачки центри (2 дена на Alpe d Huez, 1 ден na Les 2 Alpes, Sestriere, Montgenevre / Voie Lactee / Puy St. Vincent). *превозот до другите скијачки центри, не е вклучен во цената на аранжманот.

 



Не ја пропуштајте приликата да доживеете совршено скијање во Франција. Посетете го Serre Chevalier и создадете спомени кој ќе ви траат цел живот!

Сместување

Тип на соба

Цена

Signal du Prorel

1/6 App

1/5 App

1/4 Std

549

559

569

 

Цената на аранжманот вклучува:

* 7 ноќевања во апартмани/студија во Signal du Prorel во местото Бријансон; 

* Автобуски превоз на релација – Скопје – Serre Chevalier – Скопје; 
* Туристички пратител за време на патувањето; 
* Организација за време на патувањето; 
* 6 дневен SKI PASS Serre Chevalier (шестодневен Grand Galaxy SKI PASS ви овозможува во текот на неговата валидност, скијање (2 дена на Alpe d Huez, 1 ден на Les 2 Alpes, Sestriere, Montgenevre / Voie Lactee / Puy Vincent).

 

Цената на аранжманот не вклучува:

* Туристичка такса 8 eur ;
* Патничко осигурување со скијачки ризик 1200 ден;  
* Обавезно завршно чистење, доколку не сакате да ги исчистите апартманите да изгледаат како што сте ги добиле, се доплаќа 65 евра за 1/2 студио, 70 евра за 1/3 и 1/4 студио и 80 евра за 1/5 и 1/6 апартман;

* Обавезен депозит 400 евра по апартман/ студио;

* Индивидуални трошоци на патникот

* Изнајмување постелнина;

* Превоз до други скијачки центри (Alpe d Huez, Les 2 Alpes, Sestriere. Montgenevre, Voie Lactee, Puy St. Vincent);

*Резервација се прави со 3000 ден по лице, а остатокот се доплаќа до 15 дена пред тргнување.

 

КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ

 

Скијалиштата во Франција се познати по најмодерните системи за одржување на уредените ски стази, лифтови и кабински гондоли. Благодарените на вложувањата, Француската зимска ски сезона 2024/25 ја очекува најспремна и до сега најдобра понуда за скијачите и љубителите на зимување на планина. Придружете ни се на скијање во Франција и вратете се од Алпите со најубави спомени. 

 

Ски центар Serre Chevalier информации за скијалиште

Се наоѓа во средишниот дел од националниот парк Les Ecrins, под 4102м високиот врв Dome des Ecrins. Се наоѓа во благомедитеранскиот предел со преку 300 сончеви денови годишно кои не му сметаат на снегот кој се задржува се до пролетта. 250км добро уредени стази и практично едно од најблиските скијалишта во Франција оддалечено од Македонија. Serre Chevalier е скијалиште со голи врвови под кои се наоѓаат непрегледни боровио шуми. Бордери и Freestyle скијачи може да уживаат во 4 одвоени снежни паркови, а најголем е Villenueve на 2200м надморска височина. Љубителите на free ride може да уживаат во 9 природно направени зони “Brut de neige” кој ќе ги однесе што подалеку од натапканите стази. Комбинацијата од алпската и медитеранска клима создава идеални услови за скијање.

 

МАПАТА НА СКИЈАЛИШТЕТО SERRE CHEVALIER МОЖЕТЕ ДА ЈА ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

 

⛰️  Надморска височина: 1200-2800м
❄️  Должина на ски стазите: cca 250км уредни стази 

 

⛷️  Седла: 21
🚡   Гондоли: 7
🏂  Ски лифтови: 35


〽️  Стази: 81

🟩  Зелени стази: 13
🟦  Плави стази: 26
🟥  Црвени стази: 29
⬛  Црни стази: 13


✔️  Ноќно скијање
✔️  Нордиско скијање
✔️  Вештачко оснежување
✔️  Snowpark

 

Овој волшебен Ски центар, сместен во регионот Прованса – Алпи – Азурен брег, нуди незаборавно зимско искуство кое ќе ги задоволи вашите скијачки апетити.

 

Скијање во Франција – Serre Chevalier: Оаза покриена со снег!

 

Скијалиштето Serre Chevalier е познато по своите извонредни услови за скијање и совршени стази за скијачи од секој ранг на вештини. Без оглед дали сте почетник или искусен скијач, Serre Chevalier ќе ве одушеви со своите разнолики стази и преубави пејсажи.

 

Зимување – Serre Chevalier: Незаборавна авантура!

 

Serre Chevalier не нуди само извонредно скијање туку и голем број активности надвор од стазите. Посетете ги сликовите селски продавници, уживајте во традиционалната француска кујна во бројните ресторани и истражете ја богатата култура на овој регион.

 

Ски центар – Serre Chevalier: Инфраструктура на светско ниво!

 

Ова скијалиште се гордее со современата инфраструктура која гарантира удобност и безбедност на посетителите. Модерните жичари и ски лифтови ви овозможуваат брз и лесен пристап до стазите, додека бројните ски школи и изнајмувачи на опрема ја прават оваа дестинација и за почетници.

 

Незаборавно скијање во Serre Chevalier!

 

Доколку барате совршено место за зимување во Франција, Serre Chevalier е вашата дестинација. Скијање, преубава природа, извонредна храна и култура го прават ова место идеално за одмор. Испланирајте го својот зимски одмор денес и почуствувајте ја магијата на Serre Chevalier. 

 

Скијање во Март – Serre Chevalier!

 

Скијање во Франција во Март секоја година привлекува се поголем број на посетители. Кога ќе се качите на некој од алпските врвови, пејсажите од кои застанува здивот ќе го освојат вашето срце. Длабока тишина на планинските врвови, поглед кој се простира во недоглед ќе ве натера да се заљубите во алпите.

Leave a Comment

Your email address will not be published.