МИЛАНО / ЛУГАНО / КОМО / ЏЕНОВА / БЕРГАМО / ВЕРОНА | НОВА ГОДИНА ’25
МИЛАНО – ЛУГАНО – КОМО – ЏЕНОВА – БЕРГАМО – ВЕРОНА Милано, еден од најголемите градови во Италија. Лоциран во рамнината Ломбардија, во близина на реката По, денес претставува еден од најразвиените урбани центри во Европа. Најбогатиот и градот на модата истовремено изобилува со историски и артистички атракции, меѓу кои – огромната катедрала во неоготски стил “Дуомо” која е висока 108 метри, а долга 158 метри, оперскиот театар “Ла Скала”, како и уметничкото дело “Последната вечера”. Покрај запрепастувачките градби, ломбардиската метропола е позната и по модните куќи и продавници, како и галеријата Виторио Емануеле на Пјаца Дуомо, која е всушност изградена во форма на крст со стаклени тавани и има репутација на најстар трговски центар во светот. Токму затоа за новогодишната вечер ве водиме на оваа магична прошетка! ПРОМО ЦЕНА 259€ ЕВРА СО ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕЗЕРВАЦИЈА НА ПАКЕТОТ ФАКУЛТАТИВИ 110€ ПО ЛИЦЕ, РЕДОВНА ЦЕНА НА ФАКУЛТАТИВИ 120€ ЕВРА ПО ЛИЦЕ. РЕДОВНА ЦЕНА 279€. Цената на аранжманот вклучува: * 3 ноќевања во хотел со ****, во околината на Милано со појадок; * Автобуски превоз на релација (Скопје – Италија – Скопје); * Разглед на Верона и Бергамо; * Превоз до Милано за дочек на Нова Година на плоштад; * Туристички пратител за време на патувањето; * Организација и реализација на аранжманот; * Бесплатен трансфер: Битола, Прилеп, Црна Река (Сирково), Велес. Цената на аранжманот не вклучува: * Задолжителна доплата за тур. такса во хотелот 4 € по лице на ден; * Разглед на Милано со професионален водич 20 €; * Посета на Лугано – Комо 40 €; * Крстарење по езерото Комо 20€; * Посета на Џенова и Outlet Серавале 40€; * Патничко осигурување 350 денари по лице; * Влезници за локалитетите (музеј, верски објекти, индивидуални трошоци…); СПЕЦИЈАЛЕН ПАКЕТ со сите вклучени факултативи – задолжително 110€ по лице (со резервација во агенција), редовна цена 120 € по лице. ПРОГРАМА: 28.12.2024 (сабота) Скопје – Милано Состанок на групата пред Хотел Континентал во периодот околу 12:00 – 14:00 часот. Денско и ноќно патување низ Србија, Хрватска, Словенија и Италија со кратки попатни паузи и царински формалности. 29.12.2024 (недела) Милано Пристигнување во Милано. Разглед на Милано со водич: Sforcesco Castle, Piazza De Duomo – централен плоштад каде што се наоѓа најголемата готска катедрала во светот – Дуомо – Катедрала со фасцинантен изглед, составена од 3400 статуи. Разгледот продолжува кон галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196 метри долг покриен премин со многубројни продавници (Gucci, Prada, Louis Vuitton итн..) кој пак не води до зградата на миланската опера, една од најпознатите оперски куќи во светот. Разгледот трае околу 2-3 часа. По разгледот сместување во хотел. Ноќевање. 30.12.2024 (понеделник) Милано – Џенова – Outlet Серавале По појадокот посета на Џенова. Исклучителен град под заштита на УНЕСКО. Џенова е еден од најубавите градови – пристаништа на светот. Градот е основан од Римјаните, под името Лигури. Во средниот век Џенова била град – држава, голема поморска и трговска сила. Организираниот облик на историскиот центар на градот: Порта Сопрано, стара средновековна капија, која ја чувала независноста на Република Џенова, плоштадот Де Ферари со бронзената фонтана, Дуждевата палата, некогашното седиште на моќта на оваа Република, Дуомо со катедралата Сан Лоренцо од 13ти век. Сето ова ќе го видиме во прошетката, а препорачуваме да ја видите и куќата на Колумбо, да уживате во старите квартови околу градското пристаниште. По слободното време, посета на Outlet Серавале, едно од најдобрите места за шопинг во Италија. Враќање во хотел. Ноќевање. 31.12.2024 (вторник) Милано – Лугано – Комо Појадок. Слободно време за индивидуален разглед на Милано или факултативен излет до Швајцарија. Време предвидено за посета на Лугано – градот кој што се наоѓа на езерото Лугано, на падините на алпите, познат како Швајцарското Монте Карло. Обиколка низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона со своите плоштади Piazza Ciochara, Piazza della Reforma, катедралата San Lorenzo, големиот градски парк Parco Civico, еден од најубавите паркови во Швајцарија. Прошетката продложува со посета на живописното Италијанско градче – Комо, кое се простира на брегот на истоименото езеро, едно од најпознатите и најдлабоките езера во Европа. Посета на Комо, посета на мавзолејот на Алесандро Волта, Катедралата Бролето, ѕидините кои го обиколуваат скоро целиот град. Можност за факултативно крстарење со брод по езерото и да се видат преубавите вили, градени во периодот од 17ти до 19ти век, меѓу кои се и вилите на Џорџ Клуни, Версаче, Мадона, Макартни итн. Вечерта посета на Милано за дочек на Нова Година на плоштад. Ноќевање. 01.01.2025 (среда) Милано – Бергамо – Верона – Скопје Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот и поаѓање према Бергамо. Поради огромната популарност на Милано, честопати овој град како да се прескокнува кога туристите доаѓаат во Италија, но тоа е голема грешка. Овој прекрасен град, со камени улици, прекрасна архитектура и типичен Италијански дух е место каде навистина можете да уживате на сосема поинаков начин. Идеално место за љубителите на уметност, културата. Разглед и слободно време. Потоа следи посета на градот на љубовта, Верона. Прошетка низ стариот град, плоштадите Бра и Ербе, Арената, познатата куќа на Јулија и нејзината тераса, како и статуата на Јулија. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патот води преку Словенија, Хрватска, Србија… Пристигнување во Скопје во попладневните часови на 02.01.2025 (четврток). УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: * 2000 денари при резервација, а остатокот од сумата најдоцна до 15 дена пред предвидениот рок за тргнување; ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ: * Доплата за 1/1 соба 70% од цената на аранжманот; * Нема намалување на цената за сопствен превоз; * Попуст за деца: попуст се добива кога детето е придружувано од двајца возрасни лица. Сите лица постари од 10 години се сметаат за возрасни лица. Дете од 2 – 10 години во 1/2 + 1 остварува попуст од 10% (со седиште во автобус и кревет во хотел); * Возрасно лице на помошен кревет го плаќа полниот износ на аранжманот; НАПОМЕНА ВО ВРСКА СО ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ: * Цените на излетите се подлежни на промена во зависност од бројот на пријавените патници. Неопходен минимум за реализација на факултативите е 35 патници. Во случај на помал број на пријавени, можно е цената
МИЛАНО / ЛУГАНО / КОМО / ЏЕНОВА / БЕРГАМО / ВЕРОНА | НОВА ГОДИНА ’25 Read More »








