Author name: user

Vila Markovic

Vila Markovic Vila Markovic –  се наоѓа на 5 минути пешачење од плажа. Во понуда се 1/2 и 1/3 соби и студија. Студијата се опремени со мини кујна. Климата е вклучена во цената. Галерија Previous Next Врати се назад кон БУДВА | ЛЕТО ЗА МЛАДИ ’23

Vila Markovic Read More »

Vila Ohrid Lake

Vila Ohrid Lake Vila Ohrid Lake – Овој објект е оддалечен 400 метри од езеро и 400 метри од центарот на Охрид. Секоја сместувачка единица содржи тросед и простор за седење, flat screen TV со кабловска, мини кујна и сопствено WC со фен. Гостите на апартманите имаат заедничка тераса на приземјето на објектот како и бесплатен приватен паркинг. Галерија Previous Next Врати се назад кон ОХРИД | НОВА ГОДИНА ЗА МЛАДИ ’25

Vila Ohrid Lake Read More »

ТОСКАНА | ВЕЛИГДЕН ’23

ТОСКАНА – БОЛОЊА – ЧИНКВЕ ТЕРЕ – ПИЗА – ФИРЕНЦА – МОНТЕКАТИНИ – СИЕНА   Тоскана многумина ја сметаат за најубавиот дел од Апенинскиот Полуостров поради нејзините 120 заштитени зони со бајковита природа, прекрасни селца, а најмногу поради градовите со исклучителна архитектура, меѓу кои најпознати се Фиренца, Пиза, Сиена, Сан Џимињано и Лука кои се прогласени за дел од светското културно наследство и се под заштита на УНЕСКО. Со величенствената Фиренца, својата престолнина и најпознатиот симбол, Тоскана е колевка на ренесансата, на нејзиното тло од 14ти до 16ти век се раѓале нови филозовски и научни мисли, а на основите на античката култура се создавале врвни книжевни, сликарски и вајарски градетелски дела кои влијаеле на уметничкиот и општествениот препород на многу европски земји. Тука престојувале најславните уметници на тоа време: Данте, Петрарка, Бокача, Фра Анџелија, Ботичели, Микеланџело, Леонардо Да Винчи…   РАСПРОДАДЕНО!   ПРОМО ЦЕНА 179€ ЕВРА СО ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕЗЕРВАЦИЈА НА ПАКЕТОТ ФАКУЛТАТИВИ 120€ (редовна цена 130€ (плаќање на факултативи во автобус) ДО 15.03.2023! РЕДОВНА ЦЕНА 209€.   * Аранжманот е од туристички карактер со цел да се посетат сите предвидени места во програмата     Цената на аранжманот вклучува: * 3 ноќевања во Хотел со *** со појадок во Монтекатини; * Автобуски превоз на горенаведените релации; * Посета на Болоња; * Туристички пратител за време на патувањето; * Организација и реализација на аранжманот; Цената на аранжманот не вклучува: * Патничко осигурување 350 денари по лице; * Посета на Сиена и Сан Џимињано (трансфер, водич) – 50€;* Целодневен излет на Cinque Terre (трансфер, Cinque Terre card – воз до 5те места, користење на wi – fi, трансфер од железничката до центар на Ла Специја, водич) и посета на Пиза – 50€; * Посета на Фиренца – 30€ * Туристичка такса во хотел во Монтекатини (3€ на ден по лице);  *Индивидуални трошоци (влезници за објекти…);  * Доплата за трансфер 15 €: Битола, Прилеп, Кавадарци (Црна Река), 10 €Велес;   Специјален пакет на факултативи со 10€ попуст (наместо 130€) по цена од 120€ по лице – ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕЗЕРВАЦИЈА!   ПРОГРАМА:   13.04.2023 (четврток) Скопје – Италија Состанок на групата на паркингот спроти Холидеј Ин (Дрводекор) околу 11:00 часот, поаѓање за Италија околу 11:30 часот. Денско и ноќно патување низ Србија, Хрватска, Словенија и Италија со кратки попатни паузи и царински формалности.   14.04.2023 (петок) Болоња – Монтекатини Попатно посета на Болоња (пристигнување во зависност од попатните околности) и следува пешачки разглед на градот. Ќе имате можност да се запознаете со универзитетска Болоња – величенствен средновековен град со ренесансни палати и аркади, замоците “близнаци” плоштадот Маџоре, палатата на кралот Енца, базиликата на Свети Петрони, фонтаната Нептун… За Болоња важат епитетите – учена, црвена и дебела. Учена бидејќи тука е основан првиот Универзитет во Европа, црвена поради бојата на фасадите и крововите и дебела поради својата богата кујна. По разгледот и кратката пауза (вкупно 2-3 часа), следува поаѓање за Монтекатини. Сместување во хотел и слободно време за одмор. Во вчерашните часови организирана прошетка низ Монтекатини. Ноќевање. 15.04.2023 (сабота) Монтекатини – Cinque Terre – Пиза – Монтекатини Појадок. После појадокот заминување на целодневна попсета до најпознатите и најживописни селца на Италијанската ривиера. Разглед на регионот со водич. Пристигнување во градот La Spezia од каде се продолжува со воз. Cinque Terre е област лоцирана на Лигурското крајбрежје сочинета од 5 селца: Monterosso al Mare, Vernazza, Corniglia, Manarola и Riomaggiore, кои со околните планини го сочинуваат Националниот парк CINQUE TERRE, кој е под заштита на UNESCO. Овој дел од Италијанската ривиера е еден од најпознатите и живописен туристички центар. Враќање во La Spezia. Потоа се упатуваме кон Пиза, град на бреговите на Тосканската ривиера, некогашна моќна поморска сила чијашто флота скоро 150 години била најголемата сила на Средоземното море. Посета на центарот на градот каде се сместени трите обележја на овој град: Piazza Dei Miracoli, Катедралата DUOMO, крстилницата San Giovanni, Кривата Кула (која воедно е и најпознатата кула во Италија), Campo Santo (Стари гробишта). Слободно време за индивидуална прошетка. Поаѓање за Монтекатини. Ноќевање. 16.04.2023 (недела) Монтекатини – Сиена – Сан Џимињано – Монтекатини Појадок. После појадокот заминување на целодневен излет во градовите Сиена и Сан Џимињано. Пристигнување во Сиена, градот кој низ историјата претставувал најголем ривал на Фиренца и втор по важност во Тоскана по богатата ризница на уметничко и културно наследство. Разглед на градот: црквата San Domenico, Катедралата Siena – Metropolitana di Sandra Maria Assunta, Pallazo Salimbeni и плоштадот Del Campo – плоштад во облик на школка на која се одржува познатата коњска трка Palio. Слободно време за прошетка до поаѓањето за Сан Џимињано. Пристигнување во San Grimignano, типично тосканско градче, опкружено со винови насади и маслинови градини. “San Grimignanodala belle Tore” во кој е добро сочуван амбиентот од 13ти и 14ти век, а 14 – те кули кои прават една целина на ова живописно мало тосканско градче. Слободно време за индивидуална прошетка. Враќање во Монтекатини. Слободна вечер. Ноќевање. 17.04.2023 (понеделник) Монтекатини – Фиренца – Скопје  Појадок. После појадокот, заминување за Фиренца, лоцирана во срцето на Тоскана на реката Арно, својот подем го доживува за време на моќната Фамилија МЕДИЧИ кои владееле од 14ти до 17ти век, кои се познати како големи мецени на уметноста и културата, поттикнувачи на ренесансниот период. Разглед на градот со локален водич: Палатата Векио, Катедралата Дел Фиори, Крстилницата Сан Џовани, Плоштадот Сињори, Галеријата УФИЦИ, Мостот ПОНТЕ ВЕКИО, Црквата Санта Кроче, Палатата Пити… Во попладневните часови (17:00 – 18:00) поаѓање за Скопје. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попатни паузи за одмор, пасошка и царинска контрола. 18.04.2023 (вторник) Скопје Пристигнување во Скопје во попладневните часови.   УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: * 2000 денари при резервација, а остатокот од сумата најдоцна до 15 дена пред предвидениот рок за тргнување;   ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ: * Доплата за 1/1 соба 70% од цената на аранжманот; * Нема намалување на цената за сопствен превоз; * Попуст за деца: попуст се добива кога детето е придружувано од двајца возрасни лица. Сите лица постари од 10 години се сметаат за возрасни  лица. Дете од 2 – 10 години во 1/2 + 1 остварува попуст од 10% (со седиште во автобус

ТОСКАНА | ВЕЛИГДЕН ’23 Read More »

ВЕРОНА / ВЕНЕЦИЈА / ВИЧЕНЦА / ПАДОВА / ТРСТ | НОВА ГОДИНА ’25

ВЕРОНА – ВЕНЕЦИЈА – ВИЧЕНЦА – ПАДОВА – ТРСТ   Италија е една од најфасцинантните земји во светот и претставува една од омилените дестинации на нашите туристи. Популарната „Чизма” луѓето ја сакаат од многу причини. Во неа совршено се склопуваат уметноста, модата, фантастичните пејсажи и превкусната традиционална кујна. Не постои соодветен период кога да ја посетите, Италија е прекрасна во секој период од годината. А новогодишните празници се совршени за да ја доживеете на вистниски начин.    ПРОМО ЦЕНА 199€ ЕВРА СО ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕЗЕРВАЦИЈА НА ПАКЕТОТ ФАКУЛТАТИВИ 75€ (плаќање на факултативи во автобус). Редовна цена на аранжманот 219€ (не се задолжителни факултативите).    Цената на аранжманот вклучува: * 2 ноќевања во Хотел со *** во областа Венето; * Автобуски превоз според програмата; * Посета на Трст и трговскиот центар Палманова; * Туристички пратител за време на патувањето; * Организација и реализација на аранжманот; * Бесплатен трансфер: Битола, Прилеп, Кавадарци (Црна Река), Велес. Цената на аранжманот не вклучува: * Задолжителна доплата за тур такса во хотелот 2.5 € по лице на ден; * Патничко осигурување 350 денари по лице; * Влезници за локалитетите (музеј, верски објекти, индивидуални трошоци…); * Посета на Виченца, Падова и Верона (дочек на Нова Година на плоштад) – 50€ * Разглед на Венеција со водич (повратна карта со брод од и до Пунто Сабиони) – 30€ * Доплата за НОВОГОДИШЕН ПАКЕТ со сите излети во вредност од 80€ може да се купи по акциска цена при резервација на истиот во нашата канцеларија за само 75€ (плаќање во автобус).   ПРОГРАМА:   29.12.2024 (недела) – Скопје – Италија Состанок на групата кај хотел Континентал во период околу 13:00 – 14:00 часот. Дневно и ноќно патување преку Србија, Хрватска, Словенија и Италија со кратки попатни паузи и царински формалности.   30.12.2024 (понеделник) – Трст – Палманова Пристигнување во Трст во утринските часови. По разгледот на градот (околу два часа) упатување кон еден од најголемите шопинг центри во Италија – Palmanova Outlet Village (околу два часа). Сместување во хотел. Ноќевање 31.12.2024 (вторник) – Виченца – Падова – Верона По појадокот се упатуваме кон Виченца, градот познат по славниот архитект Паладиа, кој со своите дела обележал цела епоха на градителство, на таканаречениот паладијански стил од 16 век. На целата територија на градот има вкупно 23 негови дела. УНЕСКО ја става Виченца на својата листа на заштита, токму поради неговите потфати. Следува прошетка и разглед: Базиликата Паладиана, плоштадот “Piazza dei Signori”, катедралата “Santa Maria Annunziata” – кула со часовник, “Teatro Olimpico”. Слободно време за прошетка, кафе или индивидуални активности. Потоа се упатуваме кон студентскиот град Падова, кој е сликовит град со густи улици, чии аркади се поврзани со големите градски плоштади. Град кој е спој на историјата и модерното време. Следува разглед на централниот дел на градот: базиликата Антоние Падовански, црквата Св. Антоние, “Prato della Valle”, корзото и плоштадот Кавур… Градот ќе ве воодушеви со своите бројни плоштади, кафулиња, ресторани. Слободно време. Следува враќање во хотел и подготовка за поаѓање кон Верона за дочекот на новата година. Во договорено време, групата се чека на рецепцијата на хотелот и потоа се упатуваме кон градот на љубовта, Верона. Градот на Ромео и Јулија, ќе ве освои. Прошетката започнува на плоштадот Бра каде се наоѓа надалеку познатата Арена, потоа следи прошетка по познатата улица Mazzini која низ центарот на градот води директно до плоштадот Ербе. Разглед на плоштадот “Dei Signori” каде се наоѓа статуата на Данте, а потоа се упатуваме во дворот на куќата на Јулија каде ќе можете да се фотографирате со статуата на Јулија (бидејќи ќе биде ноќна посета, куќата ќе биде затворена и не е предвидено влез во дворот). По официјалниот дел од програмата, следува слободно време за истражување на градот, кој целиот е украсен во новогодишен амбиент и секако дочек на новата година према арената на Верона со спектакуларен огномет.  Во договорено време, враќање во хотел. Ноќевање.01.01.2025 (среда) – Венеција Појадок и трансфер до пристаништето “Пунта Сабиони”. Превоз со брод “вапорето” до центарот на Венеција. Разглед на градот: плоштадот и црквата Св. Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Прокуратите, Мостот Риалто, Каналот Гранде… Слободно време за индивидуални прошетки и уживање во новогодишната атмосфера. Во договорено време враќање со бродот до Пунта Сабиони. Поаѓање за Скопје во договорено време. 02.01.2025 (четврток) Патување преку Словенија, Хрватска, Србија. Пристигнување во Скопје во пладневните часови.     УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: * 2000 денари при резервација, а остатокот од сумата најдоцна до 15 дена пред предвидениот рок за тргнување;     ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ: * Доплата за 1/1 соба 70% од цената на аранжманот; * Нема намалување на цената за сопствен превоз; * Попуст за деца: попуст се добива кога детето е придружувано од двајца возрасни лица. Сите лица постари од 10 години се сметаат за возрасни лица. Дете од 2 – 10 години во 1/2 + 1 остварува попуст од 10% (со седиште во автобус и кревет во хотел); * Возрасно лице на помошен кревет го плаќа полниот износ на аранжманот;     НАПОМЕНА ВО ВРСКА СО ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ: * Цените на излетите се подлежни на промена во зависност од бројот на пријавените патници. Неопходен минимум за реализација на факултативите е 35 патници. Во случај на помал број на пријавени, можно е цената да подлежи на промена според условите од локалната агенција, тур оператор, па организаторот има право да понуди корегирана цена, а патниците немаат обрска да ја прифатат. Факултативните излети не се задолжителен дел од програмата и зависат од бројот на пријавени патници. Цената на факултативите вклучува трошоци за организација, превоз, водич. Термините на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини во локалитетите, бројот на пријавени патници и објективни околности. Огранизаторот на излетот го задржува правото да го промени терминот и условите на изведување на факултативите предвидени во програмата.     НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС: Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не се можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на

ВЕРОНА / ВЕНЕЦИЈА / ВИЧЕНЦА / ПАДОВА / ТРСТ | НОВА ГОДИНА ’25 Read More »

КРФ 3 ноќевања | ВЕЛИГДЕН ’23

Едно од најубавите обележувања на најголемиот христијански празник Велигден на медитеранот е на островот Крф. Посетители од цела Грција, но и светот, доаѓаат токму тука за да ја доживеат уникатната прослава на овој остров. Главните случувања се одвиваат во градот Крф на Велика Сабота, кога се изнесуваат моштите на Светецот Спиридон и свеченото фрлање на ќупови од зградите на плоштадот Спианада. Ова е една од најтрогателните прослави на Велигден во светот, каде точно на полноќ со огромен огномет се означува Христосовото Воскреснување. Бидете дел од оваа несекојдневна прослава традиционално со PUZZLE GROUP, агенција специјализирана токму за островот Крф. ТЕРМИН: 13.04.2023 – 17.04.2023 – РАСПРОДАДЕНО!   ПРОМО ЦЕНА: 115€ ДО 15.03.2023, РЕДОВНА ЦЕНА 139€! Собиралишта: Велес, Неготино, Гевгелија, Градско, Црна Река, Дреново, Прилеп, Битола.     ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: * 3 ноќевања во приватни вили на Ипсос, Крф; * Автобуски превоз на релација (Скопје – Крф – Скопје); * Повратен билет за траект на релација (Игуменица – Крф – Игуменица) * Комплетно следење на програмата за Велигден во градот Крф (2 посети на градот); * Панорамски разглед и прошетка во градот Крф; * Туристички пратител за време на патувањето; * Организација за време на патувањето;   ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: * Задолжително патничко осигурување 300 денари; * Туристичка такса 1€ од ден по соба;  * Факултативните излети:  – Посета на Палеокастрица и фабриката Мавроматис 15€ (аквариум опционално 5€); – Посета на видиковецот Канони и палатата Ахилеон со влезница 20€; – 20% попуст на ПАКЕТ за двете факултативи 30€; – Велигденски ручек – дополнителни информации; – Индивидуални трошоци на патникот;      НАПОМЕНИ:* Резервација се прави со 2000 денари, а остатокот се доплаќа до 15 дена пред тргнување;  * За single соба се доплаќаат 70% дополнително од аранжманот; * Попусти за деца: – Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител); – Деца од 3 – 12 години плаќаат 70% (кога се со двајца возрасни); * Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите; * Седиште на барање се доплаќа по желба, 10€ по лице;    АПАРТМАНСКО СМЕСТУВАЊЕ: *Апартманите се наоѓаат во местото Ипсос/Пирги; * Сите соби имаат мини кујна со основен прибор, тераса, тоалет; * Секоја соба ќе биде опремена со постелнина и ќебе; * Климата се употребува по желба (со доплата);     ПРОГРАМА:   1 (прв ден) – четврток (13.04.2023) Состанок на групата на Дрводекор околу 22:00 часот. Ноќно возење преку граничниот премин Богородица, кај Гевгелија или Меџитлија – Битола, со попатни паузи на секои 3-4 часа.   2 (втор ден) – петок (14.04.2023) Пристигнување на пристаништето во Игуменица од каде патот го продолжуваме со траект до островот Крф. Предвидено пристигнување на пристаништето на Крф во попладневните часови. Следува возење до местата Ипсос и Дасиа, каде групата ќе биде сместена во смесувачките капацитети. Следува одмор и можност за запознавање со околината. Некаде околу 16:00 часот започнува официјалниот дел од програмата, каде групата се упатува кон градот Крф. Попатно ќе имате прилика да слушнете се за островот, градот, традициите, историјата, а потоа и панорамски разглед на стариот дел од градот, новата тврдина, старата тврдина, пристаништето. Следува кратка проетка низ стариот дел од градот, покрај црквата на најзначајниот светец на островот, Свети Спиридон каде се наоѓаат и неговите мошти. Во меѓувреме, ќе уживаме во присуство на хоровите, кои го одбележуваат Велики Петок, заедно со звуците на филхармониските ги свират “Adagio” од Албиниони, “Посмртниот марш” од Шопен. Со овие тажни и посмртни маршеви од познати композитори на класичната музика се одбележува токму Христовото страдање. Мали девојчиња ги украсуваат епитафите со цвеќиња, а во церемонијата учествуваат и училиштата и момчињата од извидничките одреди. Последниот Епитаф, кој е и најимпресивниот се појавува во 22:00 часот. По завршувањето на првиот дел од програмата, следува враќање во сместувачките капацитети. Ноќевање.   3 (трет ден) – сабота (15.04.2023) Ипсос е место кое во текот на летниот период изобилува со туристи. За време на Велигденските празници, местото изгледа сосема поинаку, мирно и идеално за убав сон, кое ќе ви овозможи да се разбудите свежи и одморени за започнување на следење на вториот дел од свечената традиција. Првата поворка, првото Воскресение започнува веќе во 09:00 часот наутро, каде под строга заштита се изнесуваат моштите на Св. Спиридон Чудотворец – заштитник на островот. Под звуците на свечената музика составени од три филхармонии, пред моштите на светецот луѓето фрлаат каранфили со кои го постилаат неговиот пат. Откако ќе заврши парадата, почнуваат подготовките за еден оригинален локален обичај – кршење на глинените ќупови. Точно во 11:00 часот црковните ѕвона го означуваат утринското воскресение и од прозорците на куќите почнуваат да се фрлаат глинени садови полни со вода во знак на почнување на празникот и истерување на злото. Ова потекнува од стар венецијански обичај со кој за дочекот на новата година се ослободувале старите работи да направат простор за нови и подобри. Обичајот е да се земе парче од скршените глинени садови и да се сочува за среќа и здравје за следната година. Филхармонските групи се враќаат на улиците и почнуваат да свират весела музика. Веќе во 14:00 часот се враќаме во Ипсос и Дасија, каде има слободно време за одмор и индивидуални активности, се до 21:30 часот кога повторно се тргнува кон градот за проследување на последниот дел од традиционалната прослава, односно Христовото Воскресение. На полноќ илјадници луѓе се собираат на градските плоштади и го прославуваат Христосовото Воскресение со спектакуларен огномет кој привлекува илјадници туристи но и жители од целиот остров.   4 (четврт ден) – недела (16.04.2023) Некаде околу 11:00 часот групата ќе има можност факултативно да го посети местото кое е најголема атракција на островот – Палеокастрица. Оваа посета не би била комплетна доколку попатно не се застане во фабриката Мавроматис за производство на традиционални слатки и ликери од локалното овошје Кум Каут. Ова овошје е многу ретко, по потекло е од Кина и поради специфичните услови кои му се потребни за да расте, успеал само на островот Крф и одредена територија во Шпанија. Тука ќе се запознаеме со целиот начин на производство преку еден краток филм, а потоа сите гости ќе се упатат на шанкот за

КРФ 3 ноќевања | ВЕЛИГДЕН ’23 Read More »

МИЛАНО/ЛУГАНО/КОМО/ЏЕНОВА/БЕРГАМО/ВЕРОНА | НОВА ГОДИНА ’24

МИЛАНО – ЛУГАНО – КОМО –  ЏЕНОВА – БЕРГАМО – ВЕРОНА (3 НОЌЕВАЊА)   Милано, еден од најголемите градови во Италија. Лоциран во рамнината Ломбардија, во близина на реката По, денес претставува еден од најразвиените урбани центри во Европа. Најбогатиот и градот на модата истовремено изобилува со историски и артистички атракции, меѓу кои – огромната катедрала во неоготски стил “Дуомо” која е висока 108 метри, а долга 158 метри, оперскиот театар “Ла Скала”, како и уметничкото дело “Последната вечера”. Покрај запрепастувачките градби, ломбардиската метропола е позната и по модните куќи и продавници, како и галеријата Виторио Емануеле на Пјаца Дуомо, која е всушност изградена во форма на крст со стаклени тавани и има репутација на најстар трговски центар во светот.   Токму затоа за новогодишната ноќ ве водиме на оваа магична прошетка!     ПРОМО ЦЕНА 229€ ЕВРА СО ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕЗЕРВАЦИЈА НА ПАКЕТОТ ФАКУЛТАТИВИ 100€ ПО ЛИЦЕ, РЕДОВНА ЦЕНА НА ФАКУЛТАТИВИ 110€ ЕВРА ПО ЛИЦЕ. РЕДОВНА ЦЕНА 259€.   * Аранжманот е од туристички карактер со цел да се посетат сите предвидени места во програмата     Цената на аранжманот вклучува: * 3 ноќевања во хотел со ***, во околината на Милано со појадок; * Автобуски превоз на релација (Скопје – Италија – Скопје); * Разглед на Верона и Бергамо; * Превоз до Милано за дочек на Нова Година на плоштад;  * Туристички пратител за време на патувањето; * Организација и реализација на аранжманот; * Бесплатен трансфер: Битола, Прилеп, Црна Река (Сирково), Велес; Цената на аранжманот не вклучува: * Задолжителна доплата за тур такса во хотелот 4 € по лице на ден; * Разглед на Милано со професионален водич 20 €; * Посета на Лугано – Комо 35 €; * Крстарење по езерото Комо 20€ ; * Посета на Џенова и Outlet Серавале 35€;  * Патничко осигурување 350 денари по лице; * Влезници за локалитетите (музеј, верски објекти, индивидуални трошоци…);   СПЕЦИЈАЛЕН ПАКЕТ со сите вклучени факултативи – задолжително 100 € по лице (со резервација во агенција), редовна цена 110 € по лице.   ПРОГРАМА:   28.12.2023 (четврток) Скопје – Милано Состанок на групата пред Хотел Континентал околу 11:00 до 14:00 часот. Денско и ноќно патување низ Србија, Хрватска, Словенија и Италија со кратки попатни паузи и царински формалности.   29.12.2023 (петок) Милано Пристигнување во Милано. Разглед на Милано со водич: Sforcesco Castle, Piazza De Duomo – централен плоштад каде што се наоѓа најголемата готска катедрала во светот – Дуомо – Катедрала со фасцинантен изглед, составена од 3400 статуи. Разгледот продолжува кон галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196 метри долг покриен премин со многубројни продавници (Gucci, Prada, Louis Vuitton итн..) кој пак не води до зградата на миланската опера, една од најпознатите оперски куќи во светот. По разгледот сместување во хотел. Ноќевање.   30.12.2023 (сабота) Милано – Џенова – Outlet Серавале Појадок. Посета на Џенова, исклучителен град под заштита на УНЕСКО. Џенова е еден од најубавите градови – пристаништа на светот. Градот е основан од Римјаните, под името Лигури. Во средниот век Џенова било град – држава, голема поморска и трговска сила. Организираниот облик на историскиот центар на градот: Порта Сопрано, Стара средновековна капија која ја чувала независноста на Република Џенова, Плоштадот Де Ферари со бронзената фонтана, Дуждевата палата, некогашното седишта на моќта на оваа Република, Дуомо со катедралата Сан Лоренцо од 13ти век. Сето ова ќе го видиме во прошетката, а препорачуваме и да ја видите куќата на Колумбо, да уживате во старите квартови околу градското пристаниште. По слободното време, посета на Outlet Серавале, едно од најдобрите места за шопинг во Италија. Враќање во хотел. Ноќевање.   31.12.2023 (недела) Милано – Лугано – Комо Појадок. Слободно време за индивидуален разглед на Милано или факултативен излет до Швајцарија. Време предвидено за посета на Лугано – Градот кој што се наоѓа на езерото Лугано, на падините на алпите, познат како швајцарското Монте Карло. Обиколка низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона со своите плоштади – Piazza Ciochara, Piazza Della Reforma, катедралата San Lorenzo, големиот градски парк Parco Civico, еден од најубавите паркови во Швајцарија. Прошетката продолжува со посета на живописното Италијанско градче Комо, кое се простира на Брегот на истоименото езеро, едно од најпознатите и најдлабоките езера во Европа. Посета на Комо, посета на мавзолеот на Александро Волта, катедралата Бролето, ѕидините кој го обиколуваат скоро целиот град. Можност за факултативно крстарење со брод по езерото и да се видат преубавите вили градени во периодот од 17ти до 19ти век, меѓу кои се и вилите на George Clooney, Versace, Madona, Paul McCartney итн. Вечерта посета на Милано за дочек на Нова Година на плоштад. Ноќевање. 01.01.2024 (понеделник) Милано – Бергамо – Верона – Скопје Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот и поаѓање према Бергамо. Поради огромната популарност на Милано, честопати овој град како да се прескокнува кога туристите доаѓаат во Италија, но тоа е голема грешка. Овој прекрасен град со камени улици, прекрасна архитектура и типичен Италијански дух е место каде навистина можете да уживате на сосема поинаков начин. Идеално место за љубителите на уметност, културата. Разглед и слободно време. Потоа следи посета на градот на љубовта, Верона. Прошетка низ стариот град, плоштадите Бра и Ербе, арената, познатата куќа на Јулија и нејзината тераса, како и статуата на Јулија. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патот води преку Словенија, Хрватска, Србија… Пристигнување во Скопје во попладневните часови на 02.01.2024 – Вторник.   УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: * 2000 денари при резервација, а остатокот од сумата најдоцна до 15 дена пред предвидениот рок за тргнување;   ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ: * Доплата за 1/1 соба 70% од цената на аранжманот; * Нема намалување на цената за сопствен превоз; * Попуст за деца: попуст се добива кога детето е придружувано од двајца возрасни лица. Сите лица постари од 10 години се сметаат за возрасни  лица. Дете од 2 – 10 години во 1/2 + 1 остварува попуст од 10% (со седиште во автобус и кревет во хотел); * Возрасно лице на помошен кревет го плаќа полниот износ на аранжманот;   НАПОМЕНА ВО ВРСКА СО ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ: * Цените на излетите се подлежни на промена во зависност од бројот на

МИЛАНО/ЛУГАНО/КОМО/ЏЕНОВА/БЕРГАМО/ВЕРОНА | НОВА ГОДИНА ’24 Read More »

ИСТАНБУЛ 2 ноќевања | НОВА ГОДИНА ’25

Највеличенствениот град на светот, град кој живее 24 часа, единствениот Истанбул! Секој треба да го посети барем неколку пати… Посетете го за новогодишната ноќ и уживајте во градот на 2 континенти. ТЕРМИН: 29.12.2024 – 02.01.2025   ПРОМО ЦЕНА: 139€ , РЕДОВНА ЦЕНА 169€!     ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: * 2 ноќевања во хотел со *** со појадок во населбата Аксерај/Лалели; * Автобуски превоз на релација (Скопје – Истанбул – Скопје); * Пешачка тура низ стариот историски дел на Истанбул со лиценциран водич: Капали Чаршија, Сината џамија, хиподромот, Аја Софија; * Посета на трговскиот центар Форум Истанбул; * Туристички пратител за време на патувањето; * Организација за време на патувањето; ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: * Задолжително патничко осигурување 300 денари; * Задолжителна доплата за тур. такса, 1€ по лице на ден; * Факултативните излети: – Крстарење по Босфор 20€; – Панорамски разглед на Европски и Азиски Истанбул со населбата Кадикој, џамијата на Ердоган, видиковецот Чамлиџа 20€; – Ноќен Истанбул со посета на Галата кулата и Таксим и населбата Ортакој 20€; – Прошетка во Балат, вселенската патријаршија 10€; ПАКЕТ со сите ФАКУЛТАТИВИ 65€ по лице!   ИНФОРМАЦИИ: * За single соба се доплаќаат 70€ дополнително од аранжманот; * Попусти за деца: – Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител); – Деца од 3 – 10 години плаќаат 95€ (кога се со двајца возрасни); * Хотелот се одредува на неколку дена пред тргнување во зависност од бројката на патници; ПРОГРАМА: 1 (прв ден) – недела (29.12.2024) Средба на групата пред Хотел Континентал во 15:00 часот и сместување на багаж. Поаѓање за Истанбул во 15:30 часот. Ноќно возење преку Грција, со попатни паузи и царински формалности. 2 (втор ден) – понеделник (30.12.2024) Планирано пристигнување во Истанбул во утринските часови. Во зависност од расположливоста на собите во хотелот, доколку има слободни соби, сместувањето е веднаш. Доколку нема, според правилата check in ќе биде после 14:00 часот по локално време (агенцијата секогаш се труди патниците веднаш да влезат во собите, но не сноси одговорност доколку собите не се ослободени). НАПОМЕНА: Доколку не успеат сите патници да влезат во собите, се оди на тура со цел да не се пропуштат локалитетите, а ќе влезат во хотел по завршувањето на разгледите. Во договор со организаторот и претставник од агенцијата во одредено време групата се чека на рецепција со локалниот водич и се упатува на пешачка тура односно кон разглед на населбата Аксерај, историскиот дел на Истанбул, каде се наоѓа најпознатата затворена чаршија на светот, Капали Чаршија. Во попладневните часови планирана е посета на најпознатиот плоштад Таксим, местото кое живее 24 часа, заедно со улицата Истиклал долга 2 км каде од сите страни се наоѓаат продавници, кафулиња, ресторани, а на крајот на улицата го краси прекрасната Галата Кула. Слободно време за прошетка и уживање. Потоа во договорено време се упатуваме кон прекрасниот Ортакој, еден од најубавите населби во областа Бешикташ, која се наоѓа под големиот Босфорски мост. Нема слика или разгледница од Истанбул каде не е овековечено ова место, кое е опкружено со многу кафетерии, ресторани, продавнички, сувенирници. Слободно време за сликање и прошетка. Во вечерните часови враќање во хотел. Ноќевање. 3 (трет ден) – вторник (31.12.2024) По појадокот, во договорено време, групата се чека со локалниот водич на рецепцијата од хотелот. Одиме во посета на традиционалната турска продавница за слатки каде се произведуваат најубавите турски баклави, локуми и секаков тип на слатким масла, креми, сапуни, по неверојатно ниски цени. Потоа следува прекрасното крстарење по Босфорот. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, каде се снимани и најпознатите сцени од популарните турски серии и знаменитости одблизу. По крстарењето се упатуваме на панорамски разглед на Европски и Азиски Истанбул со посета на најубавите места во Азија. Ова е фантастична прошетка низ Истанбул, автобуска екскурзија со која се доживува неверојатно искуство со преминување од Европската и Азиската страна на Истанбул по еден од мостовите над Босфор со посета на најзначајните места во Азија, кои буквално ќе ви го одземат здивот. Ја посетуваме џамијата на турскиот претседател Ердоган, која е најголема џамија во Турција и се наоѓа на Азиската страна на највисокото брдо Чамлиџа. Бидејќи е пуштена во употреба од 2019 година, таа претставува една од најмодерните џамии која се издигнува високо над градот. Потоа го посетуваме местото Чамлиџа кое го нуди најубавиот поглед на Истанбул кој буквало ќе ве остави без здив, а ќе имате можност да направите прекрасни фотографии и да се напиете турски чај во отворениот дел со типично турски масички. Разгледот продолжува со местото Кадикој на Азиската страна. Мали, тесни улички преполни со кафулиња, ресторани, продавници, типично турски со европски шмек. Место каде ќе имате слободно време да се сплотите со ова место и прошетате и да се напиете кафе. Вечерта дочек на Нова Година (ПРОГРАМА ДОПОЛНИТЕЛНО). Ноќевање. 4 (четврт ден) – среда (01.01.2025) По појадокот, одјавување и поаѓање од хотелот и можност за убава прошетка во еден од најубавите квартови (махали) на Истанбул, најживописната населба Балат, позната по шарените куќи и сокачиња, каде се наоѓа и Вселенската патријаршија, една од најзначајните симболи на христијанството. Вселенската патријаршија, која е задолжителна за посета. За тие кои ќе останат во Аксарај, поаѓање од хотелот во договорено време. По комплетирањето на групата се упатуваме кон познатиот трговски центар Форум, каде се наоѓа еден од најголемите аквариуми во Европа. Слободно време од околу 4 часа за шопинг, кафе во еден од најголемите трговски центри каде ги има сите трговски марки. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа аквариумот Туркуазу кој е првиот гигантски аквариум во турција, кој во моментов се реновира, кој на посетителите им нуди можност да пливаат меѓу петте тигар ајкули и да ги хранат. Водениот базен има површина од 8000 метри квадратни, а неговата вредност изнесува 17 000 000€. Покрај 2.5 метарските тигар ајкули во слатките и солените води на аквариумот живета и над 10 000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените. Благодарение на специјалните тунели кој се дел од објектот, посетителите уживаат во 270 степенската панорама. Всушност тука се наоѓа

ИСТАНБУЛ 2 ноќевања | НОВА ГОДИНА ’25 Read More »

ИСТАНБУЛ 3 ноќевања | НОВА ГОДИНА ’25

Највеличенствениот град на светот, град кој живее 24 часа, единствениот Истанбул! Секој треба да го посети барем неколку пати… Посетете го за новогодишната ноќ и уживајте во градот на 2 континенти.   ТЕРМИН: 28.12.2024 – 02.01.2025   ПРОМО ЦЕНА: 169€ , РЕДОВНА ЦЕНА 199€!     ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: * 3 ноќевања во хотел со *** со појадок во населбата Аксерај/Лалели; * Автобуски превоз на релација (Скопје – Истанбул – Скопје); * Пешачка тура низ стариот историски дел на Истанбул со лиценциран водич: Капали Чаршија, Сината џамија, хиподромот, Аја Софија; * Посета на трговскиот центар Форум Истанбул; * Туристички пратител за време на патувањето; * Организација за време на патувањето;   ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: * Задолжително патничко осигурување 350 денари; * Задолжителна доплата за тур. такса 1€ по лице на ден; * Факултативните излети:  – Крстарење по Босфор 20€; – Панорамски разглед на Европски и Азиски Истанбул со населбата Кадикој, џамијата на Ердоган, видиковецот Чамлиџа 20€; – Ноќен Истанбул со посета на Таксим и населбата Ортакој 20€; – Прошетка во Балат, вселенската патријаршија и џамијата Сулејмание и посета на Египетскиот пазар 15€; – Турска вечер на брод на Босфорот со неограничен алкохол, вечера, музика и традиционални турски танци 45€;   ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ:   SILVER ПАКЕТ – 55€ * Посети ја Азија: Панорамски разгле на Европски и Азиски Истанбул – Прошетка во населбата Кадикој во Азија, џамијата на Ердоган, видиковецот Чамлиџа; * Крстарење по Босфор; * Ноќен Истанбул со посета на Таксим и населбата Ортакој.   PREMIUM ПАКЕТ – 70€ * Посети ја Азија: Панорамски разгле на Европски и Азиски Истанбул – одмор во населбата Кадикој во Азија; * Крстарење по Босфор; * Ноќен Истанбул со посета на Таксим и населбата Ортакој; * Балат со Вселенската патријаршија, џамијата Сулејмание и посета на Египетскиот пазар;   ИНФОРМАЦИИ: * За single соба се доплаќаат 80€ дополнително од аранжманот; * Попусти за деца: – Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител); – Деца од 3 – 10 години плаќаат 110€ (кога се со двајца возрасни); * Хотелот се одредува на неколку дена пред тргнување во зависност од бројката на патници;   ПРОГРАМА:   1 (прв ден) – сабота (28.12.2024) Средба на групата пред Хотел Континентал во 15:00 часот и сместување на багаж. Поаѓање за Истанбул во 15:30 часот. Ноќно возење преку Грција, со попатни паузи и царински формалности.   2 (втор ден) – недела (29.12.2024) Планирано пристигнување во Истанбул во утринските часови. Во зависност од расположливоста на собите во хотелот, доколку има слободни соби, сместувањето е веднаш. Доколку нема, според правилата check in ќе биде после 14:00 часот по локално време (агенцијата секогаш се труди патниците веднаш да влезат во собите, но не сноси одговорност доколку собите не се ослободени).  НАПОМЕНА: Доколку не успеат сите патници да влезат во собите, се оди на тура со цел да не се пропуштат локалитетите, а ќе влезат во хотел по завршувањето на разгледите. Во договор со организаторот и претставник од агенцијата во одредено време групата се чека на рецепција со локалниот водич и се упатува на пешачка тура односно кон разглед на населбата Аксерај, историскиот дел на Истанбул, каде се наоѓа најпознатата затворена чаршија на светот, Капали Чаршија. Во попладневните часови планирана е посета на најпознатиот плоштад Таксим, местото кое живее 24 часа, заедно со улицата Истиклал долга 2 км каде од сите страни се наоѓаат продавници, кафулиња, ресторани, а на крајот на улицата го краси прекрасната Галата Кула. Слободно време за прошетка и уживање. Потоа во договорено време се упатуваме кон прекрасниот Ортакој, еден од најубавите населби во областа Бешикташ, која се наоѓа под големиот Босфорски мост. Нема слика или разгледница од Истанбул каде не е овековечено ова место, кое е опкружено со многу кафетерии, ресторани, продавнички, сувенирници. Слободно време за сликање и прошетка. Во вечерните часови враќање во хотел. Ноќевање.   3 (трет ден) – понеделник (30.12.2024) По појадокот, во договорено време, групата се чека со локалниот водич на рецепцијата од хотелот. Одиме во посета на традиционалната турска продавница за слатки каде се произведуваат најубавите турски баклави, локуми и секаков тип на слатким масла, креми, сапуни, по неверојатно ниски цени. Потоа следува прекрасното крстарење по Босфорот. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, каде се снимани и најпознатите сцени од популарните турски серии и знаменитости одблизу. По крстарењето се упатуваме на панорамски разглед на Европски и Азиски Истанбул со посета на најубавите места во Азија. Ова е фантастична прошетка низ Истанбул, автобуска екскурзија со која се доживува неверојатно искуство со преминување од Европската и Азиската страна на Истанбул по еден од мостовите над Босфор со посета на најзначајните места во Азија, кои буквално ќе ви го одземат здивот. Ја посетуваме Џамијата на турскиот претседател Ердоган која е најголема џамија во Турција и се наоѓа на Азиската страна на највисокото брдо Чамлиџа. Бидејќи е пуштена во употреба во 2019 година, таа претставува една од најмодерните џамии која се издигнува високо над градот. Потоа го посетуваме местото Чамлиџа кое го нуди најубавиот поглед на Истанбул кој буквално ќе ве остави без здив, а ќе имате можност да направите прекрасни фотографии и да се напиете турски чај во отворениот дел со типично турски масички. Разгледот продолжува со Кадикој на Азиската страна. Мали тесни улички преполни со кафулиња, ресторани, продавници, типично турски со европски шмек. Место каде ќе имате слободно време да се сплотите со ова место и прошетате и да се напиете кафе. Вечерта враќање во хотел. Ноќевање.   4 (четврт ден) – вторник (31.12.2024) Овој ден ќе биде релаксирачки со можност за убава прошетка во некој од најубавите квартови (Махали) на Истанбул. Ве носиме во една од најживописните населби Балат, позната по шарените куќи и сокачиња, каде се наоѓа и вселенската патријаршија – една од најзначајните симболи на христијанството, која е задолжителна за посета. Потоа се упатуваме кон една од најпознатите џамии, Сулејмание, која веројатно е најпривлечната. Ова не се должи само на огромна големина на џамијата, туку и поради нејзина прекрасна локација, историската важност и грандиозниот дизајн. Како една од најпознатите градби

ИСТАНБУЛ 3 ноќевања | НОВА ГОДИНА ’25 Read More »