Author name: user

ЈУЖНА ИТАЛИЈА / ВЕЛИГДЕН ’26

БАРИ – НАПОЛИ – ПОМПЕА – СОРЕНТО – ПОСИТАНО – АМАЛФИ – КАПРИ – АЛБЕРОБЕЛО   Овој Велигден повторно ве водиме на нашата најомилена авантура низ најубавите места во Јужна Италија! Ова патување е создадено за да го откриете шармот на италијанската култура, историја и природна убавина. Ќе ги посетиме Бари, Наполи, градот каде ќе ја почуствувате дневната и ноќната динамична атмосфера, култура и вкусна кујна, островот Капри, кој плени со неговите луксузни погледи и магични пејсажи, древната Помпеа, која ќе ве врати во старо античко време, Соренто, идиличното градче со живописни улички и прекрасни морски погледи, Поситано, Амалфи и Салерно, едни од најромантичните дестинации со неверојатни панорами и шармантна атмосфера кој заедно со Алберобело се дел од градовите заштитени под UNESCO. Придружете ни се во ова незаборавно патување и откријте го најдоброто што Јужна Италија може да ви го понуди.   РЕДОВНА ЦЕНА 419€ / ПРОМО ЦЕНА 369€ (ЗАШТЕДА 50€)   Цената на аранжманот вклучува: * 3 ноќевања во хотел со ***, во околината на Наполи со појадок (Hotel Smeraldo); * Автобуски превоз на релација (Скопје – Италија – Скопје); * Траект на релација (Игуменица – Бриндиси – Игуменица) повратна карта за седење; * Разглед на базиликата Св. Никола (Бари); * Туристички пратител за време на патувањето; * Организација и реализација на аранжманот; * Бесплатен трансфер: Велес (Мотел Македонија), Неготино (Макпетрол), Кавадарци (Макпетрол), Прилеп (Лукоил), Битола (Спортска сала). Цената на аранжманот не вклучува: * Задолжителна доплата за тур. такса во хотелот 2.50 € по лице на ден; * Посета на Помпеа со локален водич и влезница 55€; * Наполи experience 20€; * Посета на Соренто и островот Капри (со вклучена повратна карта за траект) 60€; * Посета на Поситано, Амалфи и Салерно 70€; (со приватен минибус и водич 100€); * Посета на Алберобело (задолжителна факултатива) 30€ (гратис со full пакет); * Патничко осигурување 400 денари по лице; * Индивидуални трошоци на патникот;     СПЕЦИЈАЛЕН (FULL) ПАКЕТ со сите вклучени факултативи 150€ по лице, заштеда 85€LIMITED EDITION (FULL) ПАКЕТ со сите вклучени факултативи (приватен минибус со водич за целодневниот излет Amalfi Coast – Соренто, Поситано, Амалфи, Салерно) 200€ по лице (само 20 места, да се најави при уплата во канцеларија) со заштеда од 65€   ПРОГРАМА:   09.04.2026 (четврток) Скопје – Игуменица (Грција) – Бриндиси (Италија) Состанок на групата пред Хотел Русија во периодот од 12:00 – 14:00 часот. Денско и ноќно патување низ Македонија, Грција и Италија (траект) со кратки попатни паузи и царински формалности.   10.04.2026 (петок) Бриндиси – Наполи Пристигнување во Бриндиси во утринските часови и продолжуваме кон хотелот во Наполи каде се сместуваме. Кратко слободно времеза одмор и се упатуваме кон разглед на Наполи. Ги посетуваме: Castel Nuovo, театарот San Carlo, кралската палата на Наполи, базиликата San Francesco Di Paola и плоштадот Piazza Del Plebiscito. Слободно време. Враќање во хотел. Слободно време за одмор. Ноќевање.   11.04.2026 (сабота) Наполи – Соренто – Поситано – Амалфи – Салерно – Наполи По појадокот се упатуваме кон Соренто од каде што ќе ја започнеме целодневната тура на Амалфи coast: Поситано, Амалфи и Салерно. Враќање во хотел. Ноќевање.   12.04.2026 (недела) Наполи – Помпеа – Соренто – Капри – Соренто – Наполи По појадокот се упатуваме кон Помпеа, еден од најстарите сочувани градови од античко време кое ја носи титулата град – музеј и е под заштита на UNESCO, денес е едно од најпознатите туристички дестинации во Италија и годишно го посетуваат повеќе од 2 000 000 туристи. По посетата на Помпеа се упатуваме кон Соренто каде ќе се качиме на траект за островот Капри. На Капри ќе го посетиме плоштадот La Piazzeta каде што ќе имаме слободно време за прошетка низ островот. Во попладневните часови враќање во Соренто каде ќе имаме разглед на градот. Ќе го посетиме плоштадот Tasso, градскиот парк Villa Comunale Di Sorento каде ќе имаме време за сликање и слободно време за разглед. Враќање во хотел. Ноќевање. 13.04.2026 (понеделник) Наполи – Бари – Алберобело – Бриндиси – Игуменица – Скопје По појадокот – одјавување од хотелот и поаѓање према Бари. Ова место било освојувано од повеќе народи низ историјата: Грци, Римјани, Сарацени.. Економски се развива со нејзината погодна локација за бродска трговија, односно ова пристаниште било едно од најважните пристаништа за тргување во минатото. Посета на Црквата Св. Никола, преубавата базилика во која што се чуваат моштите на светецот. По посетата на Бари се упатуваме кон Алберобело, градот кој е под заштита на UNESCO и е познат по малите бели куќички наречени трули каде што ќе имаме и слободно време за уживање. Потоа се упатуваме кон Бриндиси каде што ќе се качиме на траектот со кој патуваме кон Игуменица (Грција). Пристигнување во Игуменица во рануте утрински часови каде патот го продолжуваме кон Македонија. Пристигнување во Скопје во претпладневните часови на 14.04.2026 (вторник).     УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: * 3000 денари при резервација, а остатокот од сумата најдоцна до 15 дена пред предвидениот рок за тргнување;     ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ: * Доплата за 1/1 соба 70% од цената на аранжманот; * Нема намалување на цената за сопствен превоз; * Попуст за деца: попуст се добива кога детето е придружувано од двајца возрасни лица. Сите лица постари од 10 години се сметаат за возрасни  лица. Дете од 2 – 10 години во 1/2 + 1 остварува попуст од 10% (со седиште во автобус и кревет во хотел); * Возрасно лице на помошен кревет го плаќа полниот износ на аранжманот;     НАПОМЕНА ВО ВРСКА СО ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ: * Цените на излетите се подлежни на промена во зависност од бројот на пријавените патници. Неопходен минимум за реализација на факултативите е 35 патници. Во случај на помал број на пријавени, можно е цената да подлежи на промена според условите од локалната агенција, тур оператор, па организаторот има право да понуди корегирана цена, а патниците немаат обрска да ја прифатат. Факултативните излети не се задолжителен дел од програмата и зависат од бројот на пријавени патници. Цената на факултативите вклучува трошоци за организација, превоз, водич. Термините на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини во локалитетите, бројот на пријавени патници и

ЈУЖНА ИТАЛИЈА / ВЕЛИГДЕН ’26 Read More »

LAST MINUTE ПОНУДИ

Погледнете ги нашите LAST MINUTE понуди на едно место!   п.с.: web сајтот се апдејтира на 12 часа, за достапноста на понудата контактирајте не на 071/809-669 од 10:00 до 18:00 часот секој работен ден од Понеделник до Петок или на нашата Instagram страница puzzlegroup_macedonia во секое време!   * Дадената цена е по лице.   За повеќе информации кликнете на името на сместувањето.   * Во моментов немаме LAST MINUTE понуди!

LAST MINUTE ПОНУДИ Read More »

SEPTEMBEER ’25

КРАКОВ – БУДИМПЕШТА (5 ноќевања, 6 дена) – 25.09-30.09.2025   SEPTEMBEER е есенскиот University escape што сите студенти го заслужуваат – уникатна комбинација на култура, журки, историја и авантура низ срцето на Европа! За почеток во магичниот Краков, град кој ќе ве освои со својата историја, архитектура, студентскиот град со одличен ноќен живот, а за да го направиме патувањево уште повозбудливо, продолжуваме во градот кој никогаш не спие, Будимпешта, каде ќе уживаме во 24 часа забава и добра дружба. Краков и Будимпешта е нашата нова комбинација која станува новиот MUST за секој студент! SEPTEMBEER не е само патување – тоа е твојата најлуда студентска приказна која ќе се раскажува со години!   РЕДОВНА ЦЕНА 279€ (80€ ПОПУСТ ПО ЛИЦЕ НА РЕДОВНАТА ЦЕНА)!!! LAST MINUTE ЦЕНА 199€   Цената на аранжманот вклучува: * 2 ноќевања во хотел со *** во Краков со појадок; * 1 ноќевање во хотел со *** во Будимпешта со појадок;  * Автобуски превоз на релација (Скопје – Краков – Будимпешта – Скопје); * Туристички пратител за време на патувањето; * Организација и реализација на аранжманот; Цената на аранжманот не вклучува: * Факултативен СПЕЦИЈАЛЕН (full пакет) 90€;  * Задолжителна доплата за тур. такса во хотелот 1€ по лице на ден; * Патничко осигурување 400 денари по лице; * Индивидуални трошоци на патникот;     СПЕЦИЈАЛЕН (FULL) ПАКЕТ со сите вклучени факултативи 90€ по лице, (вкупна сума на пакетот 150€, заштеда 60€), вклучува: разглед на Краков, разглед на Будимпешта, влезница во Рудникот на солта (Виеличка) со водич, влезница во Аушвиц 1 и 2 со водич, 2 ноќни журки во Краков, 1 ноќна журка во Будимпешта.   ПРОГРАМА:   25.09.2025 (четврток) Скопје – Краков (Полска) Состанок на групата пред Хотел Русија во периодот од 10:00 – 14:00 часот. Денско и ноќно патување низ Македонија, Србија, Унгарија, Словачка и Полска со кратки попатни паузи и царински формалности.   26.09.2025 (петок) Краков Пристигнување во Краков во утринските часови и веднаш по пристигнувањето се упатуваме кон посета на 700 години стариот рудник Wieliczka (рудникот на солта). Ќе ве воодушеват подземното езеро на повеќе од 100 метри длабочина и кралската капела направена од сол. По посетата се упатуваме кон хотелот. Сместување. Слободно време. Во вечерните часови започнуваме со пешачка тура на Краков и веднаш потоа се упатуваме кон нашата прва welcome party. Враќање во Хотел. Ноќевање.   27.09.2025 (сабота) Краков По појадокот се упатуваме кон Auschwitz, најголемиот комплекс на концентрациони логори од времето на Холокаустот. Ќе ги посетиме логорот Аушвиц, најголемиот логор од втора светска војна и логорот Биркенау каде е снимен филмот “Шиндлеровата листа”. Посетата трае околу 5 часа во двата дела. Во попладневните часови враќање во Краков. Слободно време.  Вечерта се упатуваме кон втората журка во Краков и збогување со овој преубав студентски град. Враќање во хотел. Ноќевање.   28.09.2025 (недела) Краков – Будимпешта По појадокот, одјава од хотелот и се упатуваме кон Будимпешта. Пристигнување во Будимпшета и сместување во хотел.  Слободно време. Вечерта се упатуваме на пешачка тура низ Будимпешта. Ќе ги посетиме: Парламентот, базиликата Св. Стефан и познатата “Ваци street” каде ќе имаме слободно време да пробате некој специјалитет или пак да пиете пиво во некој од пабовите. За љубителите на шопинг, улицата е полна со бутици и познати брендови и веднаш потоа се упатуваме кон нашата трета журка (goodbye party), а воедно прва и единствена во Будимпешта. Враќање во хотел. Ноќевање. 29.09.2025 (понеделник) Будимпешта – Скопје По појадокот – одјавување од хотелот и поаѓање за Скопје. Дневно и ноќно возење преку Унгарија, Србија и Македонија со попатни паузи и царински и гранични формалности. 30.09.2025 (вторник) Скопје Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.     УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: * 3000 денари при резервација, а остатокот од сумата најдоцна до 15 дена пред предвидениот рок за тргнување;     ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ: * Доплата за 1/1 соба x2 од цената на аранжманот; * Нема намалување на цената за сопствен превоз; * Попуст за деца: попуст се добива кога детето е придружувано од двајца возрасни лица. Сите лица постари од 10 години се сметаат за возрасни  лица. Дете од 2 – 10 години во 1/2 + 1 остварува попуст од 10% (со седиште во автобус и кревет во хотел); * Возрасно лице на помошен кревет го плаќа полниот износ на аранжманот;     НАПОМЕНА ВО ВРСКА СО ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ: * Цените на излетите се подлежни на промена во зависност од бројот на пријавените патници. Неопходен минимум за реализација на факултативите е 35 патници. Во случај на помал број на пријавени, можно е цената да подлежи на промена според условите од локалната агенција, тур оператор, па организаторот има право да понуди корегирана цена, а патниците немаат обрска да ја прифатат. Факултативните излети не се задолжителен дел од програмата и зависат од бројот на пријавени патници. Цената на факултативите вклучува трошоци за организација, превоз, водич. Термините на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини во локалитетите, бројот на пријавени патници и објективни околности. Огранизаторот на излетот го задржува правото да го промени терминот и условите на изведување на факултативите предвидени во програмата.     НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС: Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не се можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатат во агенција може да доплати 10 € по лице и да бира седиште (освен првиот ред кој е резервиран за персонал).     УПАТСТВА И НАПОМЕНИ: * Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот. * Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи, можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата. * Патниците кои имаат за цел да посетат одредени институции, ги советуваме преку интернет да се информираат за работното време и дали е потребна резервација за термин.

SEPTEMBEER ’25 Read More »

Standard Apartments (пример сместување)

Standard Apartments (пример сместување) Standard Apartments (пример сместување): Се наоѓаат во Новаља. Вилите располагаат со сместувачки единици 1/5; 1/4 и 1/3  апартмани и студија. Секоја сместувачка единица поседува мини кујна, сопствено WC, балкон, WI – FI и клима уред. Во близина на вилата се наоѓаат маркети, ресторани, сувенирници, клубови и кафичи. Галерија Previous Next Врати се назад кон BALKAN WAVE | ЗРЧЕ ’25

Standard Apartments (пример сместување) Read More »

Vila Nicol Sea View

Vila Nicol 2 Vila Nicol Sea View: Се наоѓа во Калитеа, на само 50 метри од центарот и 350 метри од плажата. Вилата располага со сместувачки единици 1/4  студија. Секоја сместувачка единица поседува мини кујна, сопствено WC, балкон, WI – FI и клима уред. Во близина на вилата се наоѓаат маркети, ресторани и сувенирници. Галерија Previous Next Врати се назад кон КАЛИТЕА | ЛЕТО ЗА МЛАДИ ’25

Vila Nicol Sea View Read More »

Vila Nicol 2

Vila Nicol 2 Vila Nicol 2: Се наоѓа во Калитеа, на само 100 метри од центарот и 350 метри од плажата. Вилата располага со сместувачки единици 1/3, 1/4 и 1/5 студија. Секоја сместувачка единица поседува мини кујна, сопствено WC, балкон, WI – FI, клима уред во одредени соби. Во близина на вилата се наоѓаат маркети, ресторани и сувенирници. Галерија Previous Next Врати се назад кон КАЛИТЕА PARTY WEEKEND | 8ми септември ’25

Vila Nicol 2 Read More »

Vila Panos

Vila Panos Vila Panos: Се наоѓа во Лаганас, на само 3 минути пешачење од плажа. Вилата располага со сместувачки единици 1/2, 1/3 и 1/4. Секоја сместувачка единица поседува мини кујна, сопствено WC, балкон, клима уред кој се доплаќа. Во близина на вилата се наоѓаат маркети, ресторани и сувенирници. Галерија Previous Next Врати се назад кон ЗАКИНТОС | ЛЕТО ЗА МЛАДИ ’25

Vila Panos Read More »

матУРА – HIGHSCHOOL FINALE / Belgrade ’26

МАТУРА vol.2  Што е матУРА?! Прво и најголемо party патување за матуранти во Македонија. 48 часовен party програм на нашата најпродавана дестинација за млади – Белград. Сите матуранти заедно! Premium party програм во најпопуларните клубови во градот кој никогаш не спие! 20.03 – матУРА matinee – YOUNG, WILD & FREE (dress code: матУРА design t-shirt) 20.03 – матУРА final celebration – (dress code: elegance) 21.03 – матУРА after party (dress code: black & white) Низ целото патување и програмот ќе ве води наша екипа од над 20 млади професионалци, специјализирани за party патување. Таму ќе биде и нашиот photo и video тим кој ќе ги направи најдобрите фотки и After movie кој секогаш ќе ве потсетуваат на ова патување.  ОДИМЕ ВО БЕЛГРАД НА матУРА! Заедно да го крунисаме вашето 4 годишно дружење на вашето последно заедничко патување во овој состав. Цената на аранжманот е 85€! Цената на аранжманот вклучува: * 2 ноќевања во хостел/апартман во Белград; * Автобуски превоз на релација (Скопје – Белград – Скопје); * Туристички пратител за време на патувањето; * Организација и реализација на аранжманот; Цената на аранжманот не вклучува: * Туристичка такса 1.5€ по лице на ден; * Патничко осигурување 300 денари по лице; * Факултативни излети (журки);  * Индивидуални трошоци на патникот; 

матУРА – HIGHSCHOOL FINALE / Belgrade ’26 Read More »