Author name: user

Standard Apartments (пример сместување)

Standard Apartments (пример сместување) Standard Apartments (пример сместување): Се наоѓаат во Новаља. Вилите располагаат со сместувачки единици 1/5; 1/4 и 1/3  апартмани и студија. Секоја сместувачка единица поседува мини кујна, сопствено WC, балкон, WI – FI и клима уред. Во близина на вилата се наоѓаат маркети, ресторани, сувенирници, клубови и кафичи. Галерија Previous Next Врати се назад кон BALKAN WAVE | ЗРЧЕ ’25

Standard Apartments (пример сместување) Read More »

Vila Nicol Sea View

Vila Nicol 2 Vila Nicol Sea View: Се наоѓа во Калитеа, на само 50 метри од центарот и 350 метри од плажата. Вилата располага со сместувачки единици 1/4  студија. Секоја сместувачка единица поседува мини кујна, сопствено WC, балкон, WI – FI и клима уред. Во близина на вилата се наоѓаат маркети, ресторани и сувенирници. Галерија Previous Next Врати се назад кон КАЛИТЕА | ЛЕТО ЗА МЛАДИ ’25

Vila Nicol Sea View Read More »

Vila Nicol 2

Vila Nicol 2 Vila Nicol 2: Се наоѓа во Калитеа, на само 100 метри од центарот и 350 метри од плажата. Вилата располага со сместувачки единици 1/3, 1/4 и 1/5 студија. Секоја сместувачка единица поседува мини кујна, сопствено WC, балкон, WI – FI, клима уред во одредени соби. Во близина на вилата се наоѓаат маркети, ресторани и сувенирници. Галерија Previous Next Врати се назад кон КАЛИТЕА PARTY WEEKEND | 8ми септември ’25

Vila Nicol 2 Read More »

Vila Panos

Vila Panos Vila Panos: Се наоѓа во Лаганас, на само 3 минути пешачење од плажа. Вилата располага со сместувачки единици 1/2, 1/3 и 1/4. Секоја сместувачка единица поседува мини кујна, сопствено WC, балкон, клима уред кој се доплаќа. Во близина на вилата се наоѓаат маркети, ресторани и сувенирници. Галерија Врати се назад кон ЗАКИНТОС | ЛЕТО ЗА МЛАДИ ’26

Vila Panos Read More »

матУРА – HIGHSCHOOL FINALE / Belgrade ’26

МАТУРА vol.2  Што е матУРА?! Прво и најголемо party патување за матуранти во Македонија. 48 часовен party програм на нашата најпродавана дестинација за млади – Белград. Сите матуранти заедно! Premium party програм во најпопуларните клубови во градот кој никогаш не спие! 20.03 – матУРА matinee – YOUNG, WILD & FREE (dress code: матУРА design t-shirt) 20.03 – матУРА final celebration – (dress code: elegance) 21.03 – матУРА after party (dress code: black & white) Низ целото патување и програмот ќе ве води наша екипа од над 20 млади професионалци, специјализирани за party патување. Таму ќе биде и нашиот photo и video тим кој ќе ги направи најдобрите фотки и After movie кој секогаш ќе ве потсетуваат на ова патување.  ОДИМЕ ВО БЕЛГРАД НА матУРА! Заедно да го крунисаме вашето 4 годишно дружење на вашето последно заедничко патување во овој состав. Цената на аранжманот е 85€! Цената на аранжманот вклучува: * 2 ноќевања во хостел/апартман во Белград; * Автобуски превоз на релација (Скопје – Белград – Скопје); * Туристички пратител за време на патувањето; * Организација и реализација на аранжманот; Цената на аранжманот не вклучува: * Туристичка такса 1.5€ по лице на ден; * Патничко осигурување 300 денари по лице; * Факултативни излети (журки);  * Индивидуални трошоци на патникот; 

матУРА – HIGHSCHOOL FINALE / Belgrade ’26 Read More »

Hotel La Lanterna (Villaricca)

Hotel La Lanterna Hotel La Lanterna – Villaricca: Се наоѓа на 14км од центарот на Наполи. Секое студио содржи мини бар, клима уред, TV, WI – FI и WC. Хотелот располага со конференциска сала и соби за состаноци. Во склоп на хотелот има ресторан, бар и паркинг. Галерија Previous Next Врати се назад кон ЈУЖНА ИТАЛИЈА | 1ви МАЈ ’25

Hotel La Lanterna (Villaricca) Read More »

ЈУЖНА ИТАЛИЈА / 1ви МАЈ ’25

БАРИ – НАПОЛИ – ПОМПЕА – СОРЕНТО – ПОСИТАНО – АМАЛФИ – КАПРИ – АЛБЕРОБЕЛО   Овој 1ви Мај ве водиме во авантура низ најубавите места во Јужна Италија! Ова патување е создадено за да го откриете шармот на италијанската култура, историја и природна убавина. Ќе ги посетиме Бари, Наполи, градот каде ќе ја почуствувате дневната и ноќната динамична атмосфера, култура и вкусна кујна, островот Капри, кој плени со неговите луксузни погледи и магични пејсажи, древната Помпеа, која ќе ве врати во старо античко време, Соренто, идиличното градче со живописни улички и прекрасни морски погледи, Поситано, Амалфи и Салерно, едни од најромантичните дестинации со неверојатни панорами и шармантна атмосфера кој заедно со Алберобело се дел од градовите заштитени под UNESCO. Придружете ни се во ова незаборавно патување и откријте го најдоброто што Јужна Италија може да ви го понуди.   ПРОМО ЦЕНА 349€ (распродадено) ВТОРА ФАЗА 369€ со резервации до 10.03.2025 (распродадено) ПОСЛЕДНИ 4 СОБИ ВО ПРОДАЖБА 379€ / 30€ ПОПУСТ ПО ЛИЦЕ (349€)   Цената на аранжманот вклучува: * 3 ноќевања во хотел со ***, во околината на Наполи со појадок (La Lanterna Hotel); * Автобуски превоз на релација (Скопје – Италија – Скопје); * Траект на релација (Игуменица – Бари – Игуменица) повратна карта за седење; * Разглед на базиликата Св. Никола (Бари); * Разглед на Наполи;  * Туристички пратител за време на патувањето; * Организација и реализација на аранжманот; * Бесплатен трансфер: Велес (Мотел Македонија), Неготино (Макпетрол), Кавадарци (Макпетрол), Прилеп (Лукоил), Битола (Спортска сала). Цената на аранжманот не вклучува: * Задолжителна доплата за тур. такса во хотелот 2.50 € по лице на ден; * Посета на Помпеа со локален водич и влезница 50€; * Наполи by night (x2) 20€; * Посета на Соренто и островот Капри (со вклучена повратна карта за траект) 60€; * Посета на Поситано, Амалфи и Салерно 70€;  * Посета на Алберобело (задолжителна факултатива) 30€ (гратис со full пакет); * Патничко осигурување 400 денари по лице; * Индивидуални трошоци на патникот;     СПЕЦИЈАЛЕН (FULL) ПАКЕТ со сите вклучени факултативи 150€ по лице, заштеда 80€   ПРОГРАМА:   01.05.2025 (четврток) Скопје – Игуменица (Грција) – Бари (Италија) Состанок на групата пред Хотел Русија во периодот од 12:00 – 14:00 часот. Денско и ноќно патување низ Македонија, Грција и Италија (траект) со кратки попатни паузи и царински формалности.   02.05.2025 (петок) Бари – Наполи Пристигнување во Бари во утринските часови. Ова место било освојувано од повеќе народи низ историјата: Грци, Римјани, Сарацени.. Економски се развива со нејзината погодна локација за бродска трговија, односно ова пристаниште било едно од најважните пристаништа за тргување во минатото. Посета на Црквата Св. Никола, преубавата базилика во која што се чуваат моштите на светецот. По посетата на Бари продолжуваме кон Наполи каде ги посетуваме: Castel Nuovo, театарот San Carlo, кралската палата на Наполи, базиликата San Francesco Di Paola и плоштадот Piazza Del Plebiscito. Слободно време. Сместување во хотел. Слободно време за одмор. Во вечерните часови го посетуваме Наполи by Night. Враќање во Хотел. Ноќевање.   03.05.2025 (сабота) Наполи – Помпеа – Соренто – Капри – Наполи По појадокот се упатуваме кон Помпеа, еден од најстарите сочувани градови од античко време кое ја носи титулата град – музеј и е под заштита на UNESCO, денес е едно од најпознатите туристички дестинации во Италија и годишно го посетуваат повеќе од 2 000 000 туристи. По посетата на Помпеа се упатуваме кон Соренто каде ќе се качиме на траект за островот Капри. На Капри ќе го посетиме плоштадот La Piazzeta каде што ќе имаме слободно време за прошетка низ островот. Во попладневните часови враќање во Соренто каде ќе имаме разглед на градот. Ќе го посетиме плоштадот Tasso, градскиот парк Villa Comunale Di Sorento каде ќе имаме време за сликање и слободно време за разглед. По разгледот се враќаме во Наполи. Враќање во хотел. Ноќевање.   04.05.2025 (недела) Наполи – Поситано – Амалфи – Салерно – Наполи По појадокот се упатуваме кон разглед на: Поситано, Амалфи и Салерно. На враќање кон Наполи, ноќна посета и уживање во некој од баровите. Враќање во хотел. Ноќевање. 05.05.2025 (понеделник) Наполи – Алберобело – Бари – Игуменица – Скопје По појадокот – одјавување од хотелот и поаѓање према Алберобело. По посетата, поаѓање за Бари каде што ќе се качиме на траектот со кој патуваме кон Игуменица (Грција). Пристигнување во Игуменица во рануте утрински часови каде патот го продолжуваме кон Македонија. Пристигнување во Скопје во претпладневните часови на 06.05.2025 (вторник).     УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: * 3000 денари при резервација, а остатокот од сумата најдоцна до 15 дена пред предвидениот рок за тргнување;     ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ: * Доплата за 1/1 соба 70% од цената на аранжманот; * Нема намалување на цената за сопствен превоз; * Попуст за деца: попуст се добива кога детето е придружувано од двајца возрасни лица. Сите лица постари од 10 години се сметаат за возрасни  лица. Дете од 2 – 10 години во 1/2 + 1 остварува попуст од 10% (со седиште во автобус и кревет во хотел); * Возрасно лице на помошен кревет го плаќа полниот износ на аранжманот;     НАПОМЕНА ВО ВРСКА СО ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ: * Цените на излетите се подлежни на промена во зависност од бројот на пријавените патници. Неопходен минимум за реализација на факултативите е 35 патници. Во случај на помал број на пријавени, можно е цената да подлежи на промена според условите од локалната агенција, тур оператор, па организаторот има право да понуди корегирана цена, а патниците немаат обрска да ја прифатат. Факултативните излети не се задолжителен дел од програмата и зависат од бројот на пријавени патници. Цената на факултативите вклучува трошоци за организација, превоз, водич. Термините на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини во локалитетите, бројот на пријавени патници и објективни околности. Огранизаторот на излетот го задржува правото да го промени терминот и условите на изведување на факултативите предвидени во програмата.     НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС: Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени

ЈУЖНА ИТАЛИЈА / 1ви МАЈ ’25 Read More »

БЕЛГРАД / матУРА ’25

матУРА – HIGHSCHOOL FINALE / Belgrade 2025    Што е матУРА?! Најголемото party патување за матуранти. 48 часовен party програм на нашата најпродавана дестинација за млади – Белград. Сите матуранти заедно!   Зошто да се пријавиш?Заедно да го крунисаме вашето 4 годишно дружење на вашето последно заедничко патување во овој состав. Те носиме на најдобрата дестинација за млади каде те чека уште многу матуранти – журкаџии, да го прославиме крајот на highschool авантурата!     ПРОМО ЦЕНА 69€ САМО ЗА ПРВИТЕ 50 ПРИЈАВЕНИ! (распродадено)   НОВИ 50 МЕСТА ПО НОВА ЦЕНА 79€!!! (распродадено) РЕГУЛАРНА ЦЕНА 89€!!! (АКЦИЈА 2+1 или 3+1 ГРАТИС САМО ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 26.02) (распродадено) LAST MINUTE ПОСЛЕДНИ 3 СОБИ ОД 65€!!! РЕЗЕРВИРАЈ СЕГА СО КАПАР ОД 1500 ДЕНАРИ, А ОСТАТОКОТ ДОПЛАТИ ГО НА 2,3 ИЛИ 4 РАТИ ДО ПРЕД ТРГНУВАЊЕ.    Цената на аранжманот вклучува: * 2 ноќевања во хостел/апартман во Белград; * Автобуски превоз на релација (Скопје – Белград – Скопје); * Туристички пратител за време на патувањето; * Организација и реализација на аранжманот; Цената на аранжманот не вклучува: * Туристичка такса 1.5 eur по лице на ден; * Патничко осигурување 300 денари по лице; * Факултативни излети (журки);  * Индивидуални трошоци на патникот; 

БЕЛГРАД / матУРА ’25 Read More »

СКИЈАЊЕ / ФРАНЦЈА / АЛПИ | PUZZLE SKI ’25 ПОНУДИ

Почитувани, со гордост ви ги претставуваме нашите PUZZLE SKI понуди за МАРТ 2025 година! Оваа зима ве носиме на едни од најпознатите ски центри во Франција (Алпи). Бирајте, Serre Chevalier или пак Les 2 Alpes! Каде и да одберете едно е сигурно, ве чекаме на ски стаза или шанк!    За повеќе инормации кликнете на името на понудата (ски центарот)   1. Serre Chevalier   2. Les 2 Alpes

СКИЈАЊЕ / ФРАНЦЈА / АЛПИ | PUZZLE SKI ’25 ПОНУДИ Read More »

Sata 2 Alpes

Sata 2 Alpes Sata 2 Alpes – standar accommodation – Нашите партнери се најголема incoming агенција од Les 2 Alpes која во својот систем имаат преку  10 000 кревети во Les 2 Alpes. Точната локација на студијата и апартманите ги добиваме неколку денови пред тргнување на групите, таква е процедурата за сите агенции од целиот свет. Во прилог ви претставуваме пример изглед на студијата и апартманите како и стандарден опис. Студио 1/2 е околу 12м квадратни: дневна соба со софа или кревет на развлекување, мини кујна и WC. Студио 1/4 е околу 18-25м квадратни: соба со кревет на спрат, WC одвоено од купатилото или WC со купатило, дневна соба со кревет на развлекување, комплетно опремена кујна, поголем дел од апартманите имаат тераса. Апартман за 6 лица околу 30м квадратни: двосед на развлекување, кујна, трпезариска маса, днева соба со софа, кревет на спрат, купатило со туш, WC, тераса.  Галерија Previous Next Врати се назад кон LES 2 ALPES | PUZZLE SKI ’25

Sata 2 Alpes Read More »