МИЛАНО – ЛУГАНО – КОМО – ЏЕНОВА – БЕРГАМО – ВЕРОНА
Милано, еден од најголемите градови во Италија. Лоциран во рамнината Ломбардија, во близина на реката По, денес претставува еден од најразвиените урбани центри во Европа. Најбогатиот и градот на модата истовремено изобилува со историски и артистички атракции, меѓу кои – огромната катедрала во неоготски стил “Дуомо” која е висока 108 метри, а долга 158 метри, оперскиот театар “Ла Скала”, како и уметничкото дело “Последната вечера”. Покрај запрепастувачките градби, ломбардиската метропола е позната и по модните куќи и продавници, како и галеријата Виторио Емануеле на Пјаца Дуомо, која е всушност изградена во форма на крст со стаклени тавани и има репутација на најстар трговски центар во светот.
Токму затоа за Нова Година ве водиме во Милано!
ПРОМО ЦЕНА 199€ ЕВРА СО ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕЗЕРВАЦИЈА НА ПАКЕТОТ ФАКУЛТАТИВИ 100 € ПО ЛИЦЕ, РЕДОВНА ЦЕНА 110€ ЕВРА ПО ЛИЦЕ!
РЕДОВНА ЦЕНА 209€ ЕВРА! (РАСПРОДАДЕНО)
Цената на аранжманот вклучува:
* 3 ноќевања во хотел со ***, во околината на Милано со појадок;
* Автобуски превоз на релација (Скопје – Италија – Скопје);
* Разглед на Верона и Бергамо
* Превоз до Милано за дочек на Нова Година на плоштад;
* Туристички пратител за време на патувањето;
* Организација и реализација на аранжманот;
Цената на аранжманот не вклучува:
* Задолжителна доплата за тур такса во хотелот 2.5 € по лице на ден;
* Разглед на Милано со професионален водич 20 €;
* Посета на Лугано – Комо 35 €;
* Крстарење по езерото Комо 20 €;
* Посета на Џенова и Outlet Серавале 35 €;
* Патничко осигурување 400 денари по лице;
* Влезници за локалитетите (музеј, верски објекти, индивидуални трошоци…);
* Доплата за трансфер 10 €: Битола, Прилеп, Кавадарци (Црна Река), Велес;
СПЕЦИЈАЛЕН ПАКЕТ со сите вклучени факултативи – задолжително 100 € по лице (со резервација во агенција), редовна цена 110 € по лице.
ПРОГРАМА:
29.12.2022 (четврток) Скопје – Милано
Состанок на групата на паркингот спроти Холидеј Ин (Дрводекор) околу 12:00 часот, поаѓање за Италија околу 12:30 часот. Денско и ноќно патување низ Србија, Хрватска, Словенија и Италија со кратки попатни паузи и царински формалности.
30.12.2022 (петок) Милано
Пристигнување во Милано. Разглед на Милано со водич: Sforcesco Castle, Piazza De Duomo – централен плоштад каде што се наоѓа најголемата готска катедрала во светот – Дуомо – Катедрала со фасцинантен изглед, составена од 3400 статуи. Разгледот продолжува кон галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196 метри долг покриен премин со многубројни продавници (Gucci, Prada, Louis Vuitton итн..) кој пак не води до зградата на миланската опера, една од најпознатите оперски куќи во светот. По разгледот сместување во хотел. Ноќевање.
31.12.2022 (сабота) Милано – Џенова – Outlet Серавале
По појадокот посета на Џенова. Исклучителен град под заштита на UNESCO. Џенова е еден од најубавите градови – пристаништа во светот. Градот е основан од Римјаните, од името Лигури. Во средниот век Џенова бил град/држава, голема поморска и трговска сила. Организираниот облик на историскиот центар на градот: Порта Сопрано, стара средновековна капија која ја чувала независноста на Република Џенова, плоштадот Де Ферари со бронзената фонтана, Дуждевата палата, некогашното седиште на моќта во оваа република, Дуомо со катедралата Сан Лоренцо од 13ти век. Сето ова ќе го видиме во прошетката, а препорачуваме и да ја видите куќата на Колумбо, да уживате во старите квартови околу градското пристаниште. По слободното време, посета на Outlet Серавале, едно од најдобрите места за шопинг во Италија. Враќање во хотел. Вечерта посета на Милано за дочек на Нова Година на плоштад. Ноќевање.
01.01.2023 (недела) Милано – Лугано – Комо
Појадок. Слободно време за индивидуален разглед на Милано или факултативен излет до Швајцарија. Време предвидено за посета на Лугано – Градот кој што се наоѓа на езерото Лугано, на падините на алпите, познат како швајцарското Монте Карло. Обиколка низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона со своите плоштади – Piazza Ciochara, Piazza Della Reforma, катедралата San Lorenzo, големиот градски парк Parco Civico, еден од најубавите паркови во Швајцарија. Прошетката продолжува со посета на живописното Италијанско градче Комо, кое се простира на Брегот на истоименото езеро, едно од најпознатите и најдлабоките езера во Европа. Посета на Комо, посета на мавзолеот на Александро Волта, катедралата Бролето, ѕидините кој го обиколуваат скоро целиот град. Можност за факултативно крстарење со брод по езерото и да се видат преубавите вили градени во периодот од 17ти до 19ти век, меѓу кои се и вилите на George Clooney, Versace, Madona, Paul McCartney итн. По слободното време, враќање во хотел. Ноќевање.
02.01.2023 (понеделник) Милано – Бергамо – Верона – Скопје
Појадок. По појадокот, одјавување од хотелот и поаѓање према Бергамо. Поради огромната популарност на Милано, честопати овој град како да се прескокнува кога туристите доаѓаат во Италија, но тоа е голема грешка. Овој прекрасен град, со камени улици, прекрасна архитектура и типичен Италијански дух, е место каде навистина можете да уживате на соссема поинаков начин. Идеално место за љубителите на уметност, култура… Разглед и слободно време. Потоа следи посета на градот на љубовта – Верона. Прошетка низ стариот град, плоштадите Бра и Ербе, арената, познатата куќа на Јулија и нејзината тераса, како и статуата на Јулија. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патот води преку Словенија, Хрватска, Србија… Пристигнување во Скопје во попладневните часови на 03.01.2023 (вторник).
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:
* 2000 денари при резервација, а остатокот од сумата најдоцна до 15 дена пред предвидениот рок за тргнување;
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
* Доплата за 1/1 соба 70% од цената на аранжманот;
* Нема намалување на цената за сопствен превоз;
* Попуст за деца: попуст се добива кога детето е придружувано од двајца возрасни лица. Сите лица постари од 10 години се сметаат за возрасни лица. Дете од 2 – 10 години во 1/2 + 1 остварува попуст од 10% (со седиште во автобус и кревет во хотел);
* Возрасно лице на помошен кревет го плаќа полниот износ на аранжманот;
НАПОМЕНА ВО ВРСКА СО ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ:
* Цените на излетите се подлежни на промена во зависност од бројот на пријавените патници. Неопходен минимум за реализација на факултативите е 35 патници. Во случај на помал број на пријавени, можно е цената да подлежи на промена според условите од локалната агенција, тур оператор, па организаторот има право да понуди корегирана цена, а патниците немаат обрска да ја прифатат. Факултативните излети не се задолжителен дел од програмата и зависат од бројот на пријавени патници. Цената на факултативите вклучува трошоци за организација, превоз, водич. Термините на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини во локалитетите, бројот на пријавени патници и објективни околности. Огранизаторот на излетот го задржува правото да го промени терминот и условите на изведување на факултативите предвидени во програмата.
НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не се можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатат во агенција може да доплати 10 € по лице и да бира седиште (освен првиот ред кој е резервиран за персонал).
УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:
* Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
* Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи, можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
* Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи, можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
* Патниците кои имаат за цел да посетат одредени институции, ги советуваме преку интернет да се информираат за работното време и дали е потребна резервација за термин.
* Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во општите услови за патување.
* Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница, поради регулирање на повраток на средства од tax free.
* Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на советот на министри во ЕУ.
* Важно: Агенцијата не сноси одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ.
* Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето.
* Патникот е обврзан при пријавувањето во агенција да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кој можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.
* Ги замолуваме патниците да остават копија од пасошот при резервација на аранжманот и телефонски број.
* Пограничните служуби при пасошка контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување.
* Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
* Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14:00 часот. Хотелот од оваа понуда е регистриран, прегледан и стандардизиран од страна на националната туристичка асоцијација на земјата. Секој хотел има ресторан. Секоја соба има тоалет и туш. Описот на хотелот е информативен и превземен од web страницата на истиот. За евентуална отстапка од квалитетот на услугата, организаторот не сноси одговорност, бидејќки тоа зависи исклучиво од хотелот.
* Појадок: Појадокот е континентална шведска маса, помал избор на продукти и главно станува збор за сладок појадок.
* Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата, зависи до објективните околности.
* За сите информации, дадени по усмен пат, агенцијата не сноси одговорност. Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и општите услови на патување. Рокот за пријава зависи од слободните места и од брзината на пополнувањето на истите.
* Патниците сами сносат одговорност за личните и патните документи и нивната важност.
* Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето. ДТУ ПУЗЗЛЕ ГРУП ДОО – Скопје ќе ги проследи барањата до хотелот но не гарантира за исполнување на истите.
* Поради светската економска криза, можно е да дојде до паѓање на квалитетот на сервисот во хотелската услуга, на што агенцијата организатор нема влијание. ДТУ ПУЗЗЛЕ ГРУП ДОО – Скопје не учествува во организацијата на слободното време на патниците на местото и нема влијание за реализацијата на факултативните излети кои се во организација на тур операторот во државата.
* Ценовникот е направен според локалната категоризација и класификација на хотелот на земјата која се посетува.
* Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упатствата и напомените, организаторот на патувањето не сноси одговорност, туку целокупниот износ на штетата го сноси патникот.
* Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради не предвидени околности).
* Важно: Малолетните деца кои патуваат без еден родител, потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да имаат заверена согласност од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
* Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патнци, агенцијата го задржува правото да ја корегира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.
* Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од предходната.
* Организатор на патувањето е туристичката агенција ГО ТРАВЕЛ од Скопје со лиценца “А” (министерство за економија).
* Организаторот на патувањето располага со гаранција за патување во висина од 100 000 € во случај на инсолвентност и во случај на надокнада за штета по договор во агенцијата.
* Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку има недоволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
* Со оваа програма важаат општите услови на ДТУ ПУЗЗЛЕ ГРУП ДОО – Скопје.