МИЛАНО/ЛУГАНО/КОМО/ВЕРОНА | НОВА ГОДИНА ’24

МИЛАНО – ЛУГАНО – КОМО –  ВЕРОНА (2 НОЌЕВАЊА) – (ЗАТВОРЕНА ПРОДАЖБА)

 

Милано, еден од најголемите градови во Италија. Лоциран во рамнината Ломбардија, во близина на реката По, денес претставува еден од најразвиените урбани центри во Европа. Најбогатиот и градот на модата истовремено изобилува со историски и артистички атракции, меѓу кои – огромната катедрала во неоготски стил “Дуомо” која е висока 108 метри, а долга 158 метри, оперскиот театар “Ла Скала”, како и уметничкото дело “Последната вечера”. Покрај запрепастувачките градби, ломбардиската метропола е позната и по модните куќи и продавници, како и галеријата Виторио Емануеле на Пјаца Дуомо, која е всушност изградена во форма на крст со стаклени тавани и има репутација на најстар трговски центар во светот.

 

Токму затоа за новогодишната вечер ве водиме на оваа магична прошетка!

 

 

ПРОМО ЦЕНА 189 ЕВРА СО ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕЗЕРВАЦИЈА НА ПАКЕТОТ ФАКУЛТАТИВИ 65 ПО ЛИЦЕ, РЕДОВНА ЦЕНА НА ФАКУЛТАТИВИ 70 ЕВРА ПО ЛИЦЕ.


РЕДОВНА ЦЕНА 219€.

 

* Аранжманот е од туристички карактер со цел да се посетат сите предвидени места во програмата.

 

 

Цената на аранжманот вклучува:

* 2 ноќевања во хотел со ***, во околината на Милано со појадок;

* Автобуски превоз на релација (Скопје – Италија – Скопје);

* Разглед на Верона;

* Посета на трговски ценар Палманова;

* Туристички пратител за време на патувањето;

* Организација и реализација на аранжманот;

* Бесплатен трансфер: Битола, Прилеп, Црна Река (Сирково), Велес.

Цената на аранжманот не вклучува:

* Задолжителна доплата за тур. такса во хотелот 4  по лице на ден;

* Разглед на Милано со професионален водич 20 ;

* Посета на Лугано – Комо 25 ;

* Крстарење по езерото Комо 25 ;

* Патничко осигурување 300 денари по лице;

* Влезници за локалитетите (музеј, верски објекти, индивидуални трошоци…);

 

 

СПЕЦИЈАЛЕН ПАКЕТ со сите вклучени факултативи – задолжително (разглед Милано, Посета на Лугано – Комо и крстарење) 65  по лице (со резервација во агенција), редовна цена 70  по лице.

 

ПРОГРАМА:

 

29.12.2023 (петок) Скопје – Милано

Состанок на групата пред Хотел Континентал околу 11:00 до 14:00 часот. Денско и ноќно патување низ Србија, Хрватска, Словенија и Италија со кратки попатни паузи и царински формалности.

 

30.12.2023 (сабота) Милано

Пристигнување во Милано. Разглед на Милано со водич: Sforcesco Castle, Piazza De Duomo – централен плоштад каде што се наоѓа најголемата готска катедрала во светот – Дуомо – Катедрала со фасцинантен изглед, составена од 3400 статуи. Разгледот продолжува кон галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196 метри долг покриен премин со многубројни продавници (Gucci, Prada, Louis Vuitton итн..) кој пак не води до зградата на миланската опера, една од најпознатите оперски куќи во светот. По разгледот сместување во хотел. Ноќевање.

 

31.12.2023 (недела) Милано – Лугано – Комо

Појадок. Слободно време за индивидуален разглед на Милано или факултативен излет до Швајцарија. Време предвидено за посета на Лугано – Градот кој што се наоѓа на езерото Лугано, на падините на алпите, познат како швајцарското Монте Карло. Обиколка низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона со своите плоштади – Piazza Ciochara, Piazza Della Reforma, катедралата San Lorenzo, големиот градски парк Parco Civico, еден од најубавите паркови во Швајцарија. Прошетката продолжува со посета на живописното Италијанско градче Комо, кое се простира на Брегот на истоименото езеро, едно од најпознатите и најдлабоките езера во Европа. Посета на Комо, посета на мавзолеот на Александро Волта, катедралата Бролето, ѕидините кој го обиколуваат скоро целиот град. Можност за факултативно крстарење со брод по езерото и да се видат преубавите вили градени во периодот од 17ти до 19ти век, меѓу кои се и вилите на George Clooney, Versace, Madona, Paul McCartney итн. Вечерта посета на Милано за дочек на Нова Година на плоштад. Ноќевање.

 

01.01.2024 (понеделник) Милано – Верона – Скопје

Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот и поаѓање према градот на љубовта Верона. Прошетка низ Стариот Град, плоштадите Бра и Ербе, Арената, познатата куќа на Јулија и нејзината тераса, како и статуата на Јулија. По посетата на Верона, која трае околу три часа, групата се упатува према познатиот outlet Палманова (околу 2 часа), каде има познати брендови на гардероба по пониски цени. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патот води преку Словенија, Хрватска, Србија… Пристигнување во Скопје во попладневните часови на 02.01.2024 – Понеделник.

 

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:

* 2000 денари при резервација, а остатокот од сумата најдоцна до 15 дена пред предвидениот рок за тргнување;

 

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:

* Доплата за 1/1 соба 70% од цената на аранжманот;

* Нема намалување на цената за сопствен превоз;

* Попуст за деца: попуст се добива кога детето е придружувано од двајца возрасни лица. Сите лица постари од 10 години се сметаат за возрасни  лица. Дете од 2 – 10 години во 1/2 + 1 остварува попуст од 10% (со седиште во автобус и кревет во хотел);

* Возрасно лице на помошен кревет го плаќа полниот износ на аранжманот;

 

НАПОМЕНА ВО ВРСКА СО ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ:

* Цените на излетите се подлежни на промена во зависност од бројот на пријавените патници. Неопходен минимум за реализација на факултативите е 35 патници. Во случај на помал број на пријавени, можно е цената да подлежи на промена според условите од локалната агенција, тур оператор, па организаторот има право да понуди корегирана цена, а патниците немаат обрска да ја прифатат. Факултативните излети не се задолжителен дел од програмата и зависат од бројот на пријавени патници. Цената на факултативите вклучува трошоци за организација, превоз, водич. Термините на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини во локалитетите, бројот на пријавени патници и објективни околности. Огранизаторот на излетот го задржува правото да го промени терминот и условите на изведување на факултативите предвидени во програмата.

 

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не се можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатат во агенција може да доплати 10  по лице и да бира седиште (освен првиот ред кој е резервиран за персонал).

 

УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:

* Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.

* Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи, можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.

* Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи, можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.

* Патниците кои имаат за цел да посетат одредени институции, ги советуваме преку интернет да се информираат за работното време и дали е потребна резервација за термин.

* Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во општите услови за патување.

* Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница, поради регулирање на повраток на средства од tax free.

* Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на советот на министри во ЕУ.

* Важно: Агенцијата не сноси одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ.

* Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето.
* Патникот е обврзан при пријавувањето во агенција да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кој можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.

* Ги замолуваме патниците да остават копија од пасошот при резервација на аранжманот и телефонски број.

* Пограничните служуби при пасошка контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување.

* Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.

* Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14:00 часот. Хотелот од оваа понуда е регистриран, прегледан и стандардизиран од страна на националната туристичка асоцијација на земјата. Секој хотел има ресторан. Секоја соба има тоалет и туш. Описот на хотелот е информативен и превземен од web страницата на истиот. За евентуална отстапка од квалитетот на услугата, организаторот не сноси одговорност, бидејќки тоа зависи исклучиво од хотелот.

* Појадок: Појадокот е континентална шведска маса, помал избор на продукти и главно станува збор за сладок појадок.

* Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата, зависи до објективните околности.
* За сите информации, дадени по усмен пат, агенцијата не сноси одговорност. Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и општите услови на патување. Рокот за пријава зависи од слободните места и од брзината на пополнувањето на истите.

* Патниците сами сносат одговорност за личните и патните документи и нивната важност.

* Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето. ДТУ ПУЗЗЛЕ ГРУП ДОО – Скопје ќе ги проследи барањата до хотелот но не гарантира за исполнување на истите.
* Поради светската економска криза, можно е да дојде до паѓање на квалитетот на сервисот во хотелската услуга, на што агенцијата организатор нема влијание. ДТУ ПУЗЗЛЕ ГРУП ДОО – Скопје не учествува во организацијата на слободното време на патниците на местото и нема влијание за реализацијата на факултативните излети кои се во организација на тур операторот во државата.
* Ценовникот е направен според локалната категоризација и класификација на хотелот на земјата која се посетува.
* Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упатствата и напомените, организаторот на патувањето не сноси одговорност, туку целокупниот износ на штетата го сноси патникот. 
* Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради не предвидени околности).

* Важно: Малолетните деца кои патуваат без еден родител, потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да имаат заверена согласност од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.

* Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патнци, агенцијата го задржува правото да ја корегира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.

* Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од предходната.

* Организатор на патувањето е туристичката агенција ГО ТРАВЕЛ од Скопје со лиценца “А” (министерство за економија).

* Организаторот на патувањето располага со гаранција за патување во висина од 100 000  во случај на инсолвентност и во случај на надокнада за штета по договор во агенцијата.

* Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку има недоволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
* Со оваа програма важаат општите услови на ДТУ ПУЗЗЛЕ ГРУП ДОО – Скопје. 

Leave a Comment

Your email address will not be published.