Главниот и најголем град во Грција, Атина често пати се нарекува колевка на западната цивилизација. Тој е еден од најстарите светски градови чија историја бележи преку 3400 години. Се смета за зачеток на демократијата. Атина е центар на економскиот, политичкиот и културен живот во Грција, родно место е на Сократ, Перикле, Софокле и други значајни филозофи, писатели и политичари. Тој е еден од главните светски центри за археолошки истражувања. Ова популарно туристкичко место има дури 148 театри. Името го добил по грчката божица на мудроста Атина
Посетете ја Атина за Нова Година и уживајте во овој неверојатен град.
ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 145 €.
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 155 €.
СПЕЦИЈАЛНА ЦЕНА ЗА ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ СО РЕЗЕРВАЦИЈА ВО АГЕНЦИЈА, НАМЕСТО 65 ЕВРА, СЕ ПЛАЌААТ 60 ЕВРА ВО АВТОБУС.
ТЕРМИН: 30.12.2022-02.01.2023 (РАСПРОДАДЕНО)
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
* Автобуски превоз на наведената релација (Скопје-Атина-Скопје)
* 2 ноќевања во Хотел *** со појадок
* Организација на аранжманот и пратител на групата
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
* Патничко осигурување 240 ден
* Задолжителна доплата на тур. такса 1.5 € по лице од ноќевање
* Разглед на Атина со водич – 15 € (можност за посета на Акропол – Пантеон чија влезница е 10 € – не е задолжително)
* Посета на Пелопонез – Коринтскиот канал, театарот Епидаурус (дополнително по желба се плаќа влезница за театарот 6 €), градот Нафплион, Микена (дополнително се плаќа влезница по желба 6 €) – посета заедно со водич – 35 €
* Посета на Пиреа и Сунион со храмот на Посејдон – 15 € (влезница за храмот на Посејдон е 5 €, по желба)
* Влезници за локалитетите и други факултативни посети
ПРОГРАМА:
1 (прв ден) – Петок (30.12.2022) Скопје – Атина
Состанок на групата на Дрводекор во 17:00 часот. Поаѓање за Атина во 17:30 часот, преку граничен премин Евзони. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 (втор ден) – Сабота (31.12.2022)
Пристигнување во Атина во утринските часови. Панормаски разглед на градот со локален водич, разгледување на најпознатите плоштади Омонија, Синтагма, Парламентот, Евзоните, Олимпискот Стадион, храмот на Зевс, Адријановата Порта, Акропол (факултативно). Влезница за посета во ова најзначајно здание во Атина е 20 € и е по желба. Се плаќа на лице место. Сместување во хотел. Слободно попладне. Вечерта дочек на Нова Година на некој од плоштадите во Атина. Ноќевање.
3 (трет ден) – Недела (01.01.2023)
Појадок. Целодневен излет на Пелопонез (факултативно). Одиме во посета на Коринтскиот канал, познат канал кој го дели полуостровот Пелопонез од Грчкото копно, односно ги поврзува Саронскиот со Коринтскиот залив во Егејското Море, со само 21,3 метри во ширина и е еден од најтесните поморски канали во светот, кој претставува вистинска туристичка атракција во светски рамки. Следува посета на најакустичниот амфитеатар од Античка Грција – Епидаурус. Цената на влезницата во театарот не е вклучена во пакетот и е по желба – 6 € по лице (цената е променлива во зависност од политиката на надлежните). По овој неверојатен театар, следува посета на уште поневеројатен град, градчето Нафплион – првата престолнина на Грција. Се наоѓа во периферијата Пелопонез. Слободно време за прошетка или кафе. Денот го завршуваме со посета на Микена – античкиот град на кралот Агамемнон и гробницата на Агамемнон. Цената на влезницата за Микена чини 6 € по лице (не е задолжителен влез). Во вечерните часови предлагаме прошетка на Монастираки, Плака или најпознатата улица Ерму (популарна за шопинг). Ноќевање.
4 (четврт ден) – Понеделник (02.01.2023)
По појадокот се одјавуваме од хотелот и одиме на прекрасен излет со посета на пристанишното место Пиреа и нејзините марини. Патувањето продолжува долж Аполоновиот брег до Сунион – најјужниот ‘рт на Медитеранот од каде се наоѓа храмот на богот Посејдон, како и омилена точка за дочекување на зајдисонцето на Атињаните. На околу еден час возење од Атина, со филмски сцени, се стигнува со Сунион. Иако неговата позната статуа е одамна безбедно затворена во Националниот археолошки музеј во Атина, големиот Посејдон не бара бронзен реквизит за да се осети неговото присуство. Влезница за храмот на Посејдон е 5 €. По посетата патувањето продолжува кон Македонија. Ноќно возење со попатни паузи. Пристигнување во раните утрински часови.
НАПОМЕНА:
* Резервација се прави со 2000 денари по лице, а остатокот се доплаќа до 15 дена пред тргнување
* За single соба се доплаќа 55 € дополнително од аранжманот
* Хотелот се одредува на неколку дена пред тргнување во зависност од бројката на патници
ПОПУСТИ ЗА ДЕЦА:
* Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
* Деца од 3 – 12 години плаќаат 50 €
НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не се можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатат во агенција може да доплати 10 € по лице и да бира седиште (освен првиот ред кој е резервиран за персонал).
УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:
* Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
* Доколу дојде до непредвидена “виша сила” за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кој агенцијата не би можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
* Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
* Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи, можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
* Патниците кои имаат за цел да посетат одредени институции, ги советуваме преку интернет да се информираат за работното време и дали е потребна резервација за термин.
* Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во општите услови за патување.
* Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница, поради регулирање на повраток на средства од tax free.
* Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на советот на министри во ЕУ.
* Важно: Агенцијата не сноси одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ.
* Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето.
* Патникот е обврзан при пријавувањето во агенција да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кој можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.
* Патниците се должни самите да внимаваат на валидноста на нивните пасоши. За влез во Грција, пасошот треба да е минимум до 3 месеци пред истекување, во спротивно можно е да не биде пуштен на територијата на Република Грција. Агенцијата не сносува одговорност доколку настане проблем на самата граница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија.
* Ги замолуваме патниците да остават копија од пасошот при резервација на аранжманот и телефонски број.
* Пограничните служуби при пасошка контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување.
* Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
* Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14:00 часот. Хотелот од оваа понуда е регистриран, прегледан и стандардизиран од страна на националната туристичка асоцијација на земјата. Секој хотел има ресторан. Секоја соба има тоалет и туш. Описот на хотелот е информативен и превземен од web страницата на истиот. За евентуална отстапка од квалитетот на услугата, организаторот не сноси одговорност, бидејќки тоа зависи исклучиво од хотелот.
* Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата, зависи до објективните околности.
* За сите информации, дадени по усмен пат, агенцијата не сноси одговорност. Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и општите услови на патување. Рокот за пријава зависи од слободните места и од брзината на пополнувањето на истите.
* Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето. ДТУ ПУЗЗЛЕ ГРУП ДОО – Скопје ќе ги проследи барањата до хотелот но не гарантира за исполнување на истите.
* Поради светската економска криза, можно е да дојде до паѓање на квалитетот на сервисот во хотелската услуга, на што агенцијата организатор нема влијание. ДТУ ПУЗЗЛЕ ГРУП ДОО – Скопје не учествува во организацијата на слободното време на патниците на местото и нема влијание за реализацијата на факултативните излети кои се во организација на тур операторот во државата.
* Ценовникот е направен според локалната категоризација и класификација на хотелот на земјата која се посетува.
* Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упатствата и напомените, организаторот на патувањето не сноси одговорност, туку целокупниот износ на штетата го сноси патникот.
* Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради не предвидени околности).
* Важно: Малолетните деца кои патуваат без еден родител, потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да имаат заверена согласност од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
* Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патнци, агенцијата го задржува правото да ја корегира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.
* Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од предходната.
* Странките кои го уплатиле аранжманот по предходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.
* Организатор на патувањето е туристичката агенција ГО ТРАВЕЛ од Скопје со лиценца “А” (министерство за економија).
* Организаторот на патувањето располага со гаранција за патување во висина од 100 000 € во случај на инсолвентност и во случај на надокнада за штета по договор во агенцијата.
* Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку има недоволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
* Со оваа програма важаат општите услови на ДТУ ПУЗЗЛЕ ГРУП ДОО – Скопје.