ПРАГА – ДРЕЗДЕН – КАРЛОВИ ВАРИ – ВИЕНА (3 НОЌЕВАЊА)
ПРАГА – град од бајките, историски и културен симбол на Европа. Овој магичен град со стотици кули, важи за град на боемите и мистичната атмосфера, звуците на виолончелото и клавир, а крајбрежјето на моќната Влтава ги спојува прекрасните мостови. Кога на сето ова ќе се додаде волшебната божиќна атмосфера, добивате совршен рецепт за воодушевување.
Ви ја преставуваме новогодишната програма за Златната Прага!
ПРОМО ЦЕНА 229€ ЕВРА СО ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕЗЕРВАЦИЈА НА ПАКЕТОТ ФАКУЛТАТИВИ 110€ ПО ЛИЦЕ, РЕДОВНА ЦЕНА НА ФАКУЛТАТИВИ 115€ ЕВРА ПО ЛИЦЕ.
РЕДОВНА ЦЕНА 269€.
* Аранжманот е од туристички карактер со цел да се посетат сите предвидени места во програмата
Цената на аранжманот вклучува:
* 3 ноќевања во хотел со ***, во Прага со појадок;
* Автобуски превоз на релација (Скопје – Чешка – Скопје);
* Посета на Виена;
* Туристички пратител за време на патувањето;
* Организација и реализација на аранжманот;
* Бесплатен трансфер: Битола, Прилеп, Црна Река (Сирково), Велес;
Цената на аранжманот не вклучува:
* Задолжителна доплата за тур такса во хотелот 2.5 € по лице на ден;
* Разглед на Прага со водич 15€;
* Крстарење по реката Влтава 20€;
* Посета на Дрезден 45€ ;
* Посета на Карлови Вари 35€;
* Патничко осигурување 350 денари по лице;
* Влезници за локалитетите (музеј, верски објекти, индивидуални трошоци…);
ПАКЕТ со факултативи – задолжително 110 € по лице (со резервација во агенција), редовна цена 115 € по лице.
ПРОГРАМА:
28.12.2023 (четврток) Скопје – Прага
Состанок на групата пред Хотел Континентал околу 11:00 часот, тргнување околу 11:30 часот. Денско и ноќно патување низ Србија и Унгарија со попатни паузи и царински формалности.
29.12.2023 (петок) Прага
Пристигнување во зависност од околностите по патот и веднаш следува разглед на стариот град со водич: Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник – Орлој, Црквата Лорето, Градската куќа, Прашната кула, Националниот музеј, Дворецот Храдчани, Катедралата Св. Вито. Слободно време за одмор. Вкупно околу 3 – 4 час. Потоа следува сместување во хотел и слободно време. Ноќевање.
30.12.2023 (сабота) Прага – Дрезден – Прага
По појадокот, следува прекрасно денско крстарење по реката Влтава, каде ќе уживате во романтичниот поглед на локалитетите во придружба на звуците на Беджих Сметана. Потоа се упатуваме кон Дрезден, излет кој че ве воодушеви. Дрезден е културно седиште на југоисточна Германија, кој поради својата убавина уште го нарекуваат и Фиренца на Елба. Следува прошетка до центарот на градот: Звингер, комплекс павиљони од 18 век (светски пример за барокна архитектура), катедралата, обалата на реката Елба, Фрауенкирхе, Брулската тераса…. Слободно време и можност за шопинг во бројните продавници во централниот дел на градот. Враќање во Прага во договорено време. Вечерта иднивидуална можност за посета на Прага. Ноќевање.
31.12.2023 (недела) Прага – Карлови Вари – Прага
По појадокот, следува посета на најпопуларниот бањски центар во Чешка, Карлови Вари. Овие бањи се едни од најпознатите на светско ниво, а се наоѓаат во близина на Прага на само 130км. Името го добиле по Карл IV, кој ги основал во 1370 година. Овој мал и крекрасен град опкружен со зеленило и планини, е често посетен од страна на туристи од целиот свет токму поради лековитите води, а најмногу го посетуваат туристи од Русија, Централниот дел се состои од луксузни хотели, ресторани и продавници. Оттука потекнува и познатиот чешки аперитив Beherovka, ликер од билки кој се прави од мешавина од 20 различни билки и зачини и секако водата од термалните извори. Можете да го купите и пробате буквално сегде, а можете и да го посетите и музејот на Јан Бехер, каде можете да ја слушнете и историјата на познатиот ликер. Следува разглед на централниот дел на местото и потоа слободно време за прошетка и ручек. Во договорено време враќање во Прага и слободно време до вечерните часови кога групата се упатува кон центарот на Прага и следува дочек на Новата година на некој од плоштадите. Враќање во хотел во договорено време. Ноќевање.
01.01.2024 (понеделник) Прага – Виена – Скопје
По појадокот следува одјавување од хотел. Групата се упатува кон Виена, главната престолнина на Австрија, моќен град кој плени со својата величина, историја, традиција и архитектура. Следува разглед на градот со водич: Парламентот, Рингштрасе, Градската Палата (Ратхаус), Црквата Вотив, Операта, Универзитетот, комплексот Хундертвасер, дворецот Белведере, градскиот парк… прошетка низ зимската резиденција на Хабзбурговците – дворецот Хофбург, од каде се стигнува до строгиот центар на градот (улиците Гребен и Кертнер), каде се наоѓа монументалната Катедрала на Св. Стефан (Штефан дом). Во договорено време собир на групата и поаѓање кон Македонија. Следува ноќно возење и пристигнување во Скопје во попладневните часови на 02.01.2024 – Вторник.
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:
* 2000 денари при резервација, а остатокот од сумата најдоцна до 15 дена пред предвидениот рок за тргнување;
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
* Доплата за 1/1 соба 70% од цената на аранжманот;
* Нема намалување на цената за сопствен превоз;
* Попуст за деца: попуст се добива кога детето е придружувано од двајца возрасни лица. Сите лица постари од 10 години се сметаат за возрасни лица. Дете од 2 – 10 години во 1/2 + 1 остварува попуст од 10% (со седиште во автобус и кревет во хотел);
* Возрасно лице на помошен кревет го плаќа полниот износ на аранжманот;
НАПОМЕНА ВО ВРСКА СО ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ:
* Цените на излетите се подлежни на промена во зависност од бројот на пријавените патници. Неопходен минимум за реализација на факултативите е 35 патници. Во случај на помал број на пријавени, можно е цената да подлежи на промена според условите од локалната агенција, тур оператор, па организаторот има право да понуди корегирана цена, а патниците немаат обрска да ја прифатат. Факултативните излети не се задолжителен дел од програмата и зависат од бројот на пријавени патници. Цената на факултативите вклучува трошоци за организација, превоз, водич. Термините на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини во локалитетите, бројот на пријавени патници и објективни околности. Огранизаторот на излетот го задржува правото да го промени терминот и условите на изведување на факултативите предвидени во програмата.
НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не се можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатат во агенција може да доплати 10 € по лице и да бира седиште (освен првиот ред кој е резервиран за персонал).
УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:
* Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
* Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи, можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
* Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи, можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
* Патниците кои имаат за цел да посетат одредени институции, ги советуваме преку интернет да се информираат за работното време и дали е потребна резервација за термин.
* Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во општите услови за патување.
* Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница, поради регулирање на повраток на средства од tax free.
* Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на советот на министри во ЕУ.
* Важно: Агенцијата не сноси одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ.
* Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето.
* Патникот е обврзан при пријавувањето во агенција да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кој можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.
* Ги замолуваме патниците да остават копија од пасошот при резервација на аранжманот и телефонски број.
* Пограничните служуби при пасошка контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување.
* Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
* Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14:00 часот. Хотелот од оваа понуда е регистриран, прегледан и стандардизиран од страна на националната туристичка асоцијација на земјата. Секој хотел има ресторан. Секоја соба има тоалет и туш. Описот на хотелот е информативен и превземен од web страницата на истиот. За евентуална отстапка од квалитетот на услугата, организаторот не сноси одговорност, бидејќки тоа зависи исклучиво од хотелот.
* Појадок: Појадокот е континентална шведска маса, помал избор на продукти и главно станува збор за сладок појадок.
* Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата, зависи до објективните околности.
* За сите информации, дадени по усмен пат, агенцијата не сноси одговорност. Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и општите услови на патување. Рокот за пријава зависи од слободните места и од брзината на пополнувањето на истите.
* Патниците сами сносат одговорност за личните и патните документи и нивната важност.
* Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето. ДТУ ПУЗЗЛЕ ГРУП ДОО – Скопје ќе ги проследи барањата до хотелот но не гарантира за исполнување на истите.
* Поради светската економска криза, можно е да дојде до паѓање на квалитетот на сервисот во хотелската услуга, на што агенцијата организатор нема влијание. ДТУ ПУЗЗЛЕ ГРУП ДОО – Скопје не учествува во организацијата на слободното време на патниците на местото и нема влијание за реализацијата на факултативните излети кои се во организација на тур операторот во државата.
* Ценовникот е направен според локалната категоризација и класификација на хотелот на земјата која се посетува.
* Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упатствата и напомените, организаторот на патувањето не сноси одговорност, туку целокупниот износ на штетата го сноси патникот.
* Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради не предвидени околности).
* Важно: Малолетните деца кои патуваат без еден родител, потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да имаат заверена согласност од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
* Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патнци, агенцијата го задржува правото да ја корегира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.
* Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од предходната.
* Организатор на патувањето е туристичката агенција ГО ТРАВЕЛ од Скопје со лиценца “А” (министерство за економија).
* Организаторот на патувањето располага со гаранција за патување во висина од 100 000 € во случај на инсолвентност и во случај на надокнада за штета по договор во агенцијата.
* Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку има недоволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
* Со оваа програма важаат општите услови на ДТУ ПУЗЗЛЕ ГРУП ДОО – Скопје.