ЈУЖНА ИТАЛИЈА / 1ви МАЈ ’25

БАРИ – НАПОЛИ – ПОМПЕА – СОРЕНТО – ПОСИТАНО – АМАЛФИ – КАПРИ – АЛБЕРОБЕЛО

 

Овој 1ви Мај ве водиме во авантура низ најубавите места во Јужна Италија! Ова патување е создадено за да го откриете шармот на италијанската култура, историја и природна убавина. Ќе ги посетиме Бари, Наполи, градот каде ќе ја почуствувате дневната и ноќната динамична атмосфера, култура и вкусна кујна, островот Капри, кој плени со неговите луксузни погледи и магични пејсажи, древната Помпеа, која ќе ве врати во старо античко време, Соренто, идиличното градче со живописни улички и прекрасни морски погледи, Поситано, Амалфи и Салерно, едни од најромантичните дестинации со неверојатни панорами и шармантна атмосфера кој заедно со Алберобело се дел од градовите заштитени под UNESCO. Придружете ни се во ова незаборавно патување и откријте го најдоброто што Јужна Италија може да ви го понуди.

 

ПРОМО ЦЕНА 349€ (распродадено)

ВТОРА ФАЗА 369€ со резервации до 10.03.2025

 

Цената на аранжманот вклучува:

* 3 ноќевања во хотел со ***, во околината на Наполи со појадок (La Lanterna Hotel);

* Автобуски превоз на релација (Скопје – Италија – Скопје);

* Траект на релација (Игуменица – Бари – Игуменица) повратна карта за седење;

* Разглед на базиликата Св. Никола (Бари);

* Разглед на Наполи; 

* Туристички пратител за време на патувањето;

* Организација и реализација на аранжманот;

* Бесплатен трансфер: Велес (Мотел Македонија), Неготино (Макпетрол), Кавадарци (Макпетрол), Прилеп (Лукоил), Битола (Спортска сала).

Цената на аранжманот не вклучува:

* Задолжителна доплата за тур. такса во хотелот 2.50  по лице на ден;

* Посета на Помпеа со локален водич и влезница 50;

* Наполи by night (x2) 20;

* Посета на Соренто и островот Капри (со вклучена повратна карта за траект) 60;

* Посета на Поситано, Амалфи и Салерно 70€; 

* Посета на Алберобело (задолжителна факултатива) 30€ (гратис со full пакет);

* Патничко осигурување 400 денари по лице;

* Индивидуални трошоци на патникот;

 

 

СПЕЦИЈАЛЕН (FULL) ПАКЕТ со сите вклучени факултативи 150€ по лице, заштеда 80

 

ПРОГРАМА:

 

01.05.2025 (четврток) Скопје – Игуменица (Грција) – Бари (Италија)

Состанок на групата пред Хотел Русија во периодот од 12:00 – 14:00 часот. Денско и ноќно патување низ Македонија, Грција и Италија (траект) со кратки попатни паузи и царински формалности.

 

02.05.2025 (петок) Бари – Наполи

Пристигнување во Бари во утринските часови. Ова место било освојувано од повеќе народи низ историјата: Грци, Римјани, Сарацени.. Економски се развива со нејзината погодна локација за бродска трговија, односно ова пристаниште било едно од најважните пристаништа за тргување во минатото. Посета на Црквата Св. Никола, преубавата базилика во која што се чуваат моштите на светецот. По посетата на Бари продолжуваме кон Наполи каде ги посетуваме: Castel Nuovo, театарот San Carlo, кралската палата на Наполи, базиликата San Francesco Di Paola и плоштадот Piazza Del Plebiscito. Слободно време. Сместување во хотел. Слободно време за одмор. Во вечерните часови го посетуваме Наполи by Night. Враќање во Хотел. Ноќевање.

 

03.05.2025 (сабота) Наполи – Помпеа – Соренто – Капри – Наполи

По појадокот се упатуваме кон Помпеа, еден од најстарите сочувани градови од античко време кое ја носи титулата град – музеј и е под заштита на UNESCO, денес е едно од најпознатите туристички дестинации во Италија и годишно го посетуваат повеќе од 2 000 000 туристи. По посетата на Помпеа се упатуваме кон Соренто каде ќе се качиме на траект за островот Капри. На Капри ќе го посетиме плоштадот La Piazzeta каде што ќе имаме слободно време за прошетка низ островот. Во попладневните часови враќање во Соренто каде ќе имаме разглед на градот. Ќе го посетиме плоштадот Tasso, градскиот парк Villa Comunale Di Sorento каде ќе имаме време за сликање и слободно време за разглед. По разгледот се враќаме во Наполи. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

04.05.2025 (недела) Наполи – Поситано – Амалфи – Салерно – Наполи

По појадокот се упатуваме кон разглед на: Поситано, Амалфи и Салерно. На враќање кон Наполи, ноќна посета и уживање во некој од баровите. Враќање во хотел. Ноќевање.

05.05.2025 (понеделник) Наполи – Алберобело – Бари – Игуменица – Скопје

По појадокот – одјавување од хотелот и поаѓање према Алберобело. По посетата, поаѓање за Бари каде што ќе се качиме на траектот со кој патуваме кон Игуменица (Грција). Пристигнување во Игуменица во рануте утрински часови каде патот го продолжуваме кон Македонија. Пристигнување во Скопје во претпладневните часови на 06.05.2025 (вторник).

 

 

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:

* 3000 денари при резервација, а остатокот од сумата најдоцна до 15 дена пред предвидениот рок за тргнување;

 

 

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:

* Доплата за 1/1 соба 70% од цената на аранжманот;

* Нема намалување на цената за сопствен превоз;

* Попуст за деца: попуст се добива кога детето е придружувано од двајца возрасни лица. Сите лица постари од 10 години се сметаат за возрасни  лица. Дете од 2 – 10 години во 1/2 + 1 остварува попуст од 10% (со седиште во автобус и кревет во хотел);

* Возрасно лице на помошен кревет го плаќа полниот износ на аранжманот;

 

 

НАПОМЕНА ВО ВРСКА СО ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ:

* Цените на излетите се подлежни на промена во зависност од бројот на пријавените патници. Неопходен минимум за реализација на факултативите е 35 патници. Во случај на помал број на пријавени, можно е цената да подлежи на промена според условите од локалната агенција, тур оператор, па организаторот има право да понуди корегирана цена, а патниците немаат обрска да ја прифатат. Факултативните излети не се задолжителен дел од програмата и зависат од бројот на пријавени патници. Цената на факултативите вклучува трошоци за организација, превоз, водич. Термините на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини во локалитетите, бројот на пријавени патници и објективни околности. Огранизаторот на излетот го задржува правото да го промени терминот и условите на изведување на факултативите предвидени во програмата.

 

 

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не се можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатат во агенција може да доплати 10  по лице и да бира седиште (освен првиот ред кој е резервиран за персонал).

 

 

УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:

* Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.

* Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи, можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.

* Патниците кои имаат за цел да посетат одредени институции, ги советуваме преку интернет да се информираат за работното време и дали е потребна резервација за термин.

* Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во општите услови за патување.

* Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница, поради регулирање на повраток на средства од tax free.

* Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на советот на министри во ЕУ.

* Важно: Агенцијата не сноси одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ.

* Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето.
* Патникот е обврзан при пријавувањето во агенција да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кој можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.

* Ги замолуваме патниците да остават копија од пасошот при резервација на аранжманот и телефонски број.

* Пограничните служуби при пасошка контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување.

* Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.

* Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14:00 часот. Хотелот од оваа понуда е регистриран, прегледан и стандардизиран од страна на националната туристичка асоцијација на земјата. Секој хотел има ресторан. Секоја соба има тоалет и туш. Описот на хотелот е информативен и превземен од web страницата на истиот. За евентуална отстапка од квалитетот на услугата, организаторот не сноси одговорност, бидејќки тоа зависи исклучиво од хотелот.

* Појадок: Појадокот е континентална шведска маса, помал избор на продукти и главно станува збор за сладок појадок.

* Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата, зависи до објективните околности.
* За сите информации, дадени по усмен пат, агенцијата не сноси одговорност. Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и општите услови на патување. Рокот за пријава зависи од слободните места и од брзината на пополнувањето на истите.

* Патниците сами сносат одговорност за личните и патните документи и нивната важност.

* Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето. ДТУ ПУЗЗЛЕ ГРУП ДОО – Скопје ќе ги проследи барањата до хотелот но не гарантира за исполнување на истите.
* Поради светската економска криза, можно е да дојде до паѓање на квалитетот на сервисот во хотелската услуга, на што агенцијата организатор нема влијание. ДТУ ПУЗЗЛЕ ГРУП ДОО – Скопје не учествува во организацијата на слободното време на патниците на местото и нема влијание за реализацијата на факултативните излети кои се во организација на тур операторот во државата.
* Ценовникот е направен според локалната категоризација и класификација на хотелот на земјата која се посетува.
* Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упатствата и напомените, организаторот на патувањето не сноси одговорност, туку целокупниот износ на штетата го сноси патникот. 
* Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради не предвидени околности).

* Важно: Малолетните деца кои патуваат без еден родител, потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да имаат заверена согласност од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.

* Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патнци, агенцијата го задржува правото да ја корегира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.

* Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од предходната.

* Организатор на патувањето е туристичката агенција ДТУ ПУЗЗЛЕ ГРУП ДОО – Скопје од Скопје со лиценца “А” (министерство за економија).

* Организаторот на патувањето располага со гаранција за патување во висина од 100 000  во случај на инсолвентност и во случај на надокнада за штета по договор во агенцијата.

* Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку има недоволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
* Со оваа програма важаат општите услови на ДТУ ПУЗЗЛЕ ГРУП ДОО – Скопје. 

Leave a Comment

Your email address will not be published.