SEPTEMBEER ’25

КРАКОВ – БУДИМПЕШТА (5 ноќевања, 6 дена) – 25.09-30.09.2025

 

SEPTEMBEER е есенскиот University escape што сите студенти го заслужуваат – уникатна комбинација на култура, журки, историја и авантура низ срцето на Европа! За почеток во магичниот Краков, град кој ќе ве освои со својата историја, архитектура, студентскиот град со одличен ноќен живот, а за да го направиме патувањево уште повозбудливо, продолжуваме во градот кој никогаш не спие, Будимпешта, каде ќе уживаме во 24 часа забава и добра дружба. Краков и Будимпешта е нашата нова комбинација која станува новиот MUST за секој студент! SEPTEMBEER не е само патување – тоа е твојата најлуда студентска приказна која ќе се раскажува со години!

 

ПРОМО ЦЕНА 239

 

Цената на аранжманот вклучува:

* 2 ноќевања во хотел со *** во Краков со појадок;

* 1 ноќевање во хотел со *** во Будимпешта со појадок; 

* Автобуски превоз на релација (Скопје – Краков – Будимпешта – Скопје);

* Туристички пратител за време на патувањето;

* Организација и реализација на аранжманот;

Цената на аранжманот не вклучува:

* Факултативен СПЕЦИЈАЛЕН (full пакет) 90€; 

* Задолжителна доплата за тур. такса во хотелот 1 по лице на ден;

* Патничко осигурување 400 денари по лице;

* Индивидуални трошоци на патникот;

 

 

СПЕЦИЈАЛЕН (FULL) ПАКЕТ со сите вклучени факултативи 90 по лице, (вкупна сума на пакетот 150€, заштеда 60€), вклучува: разглед на Краков, разглед на Будимпешта, влезница во Рудникот на солта (Виеличка) со водич, влезница во Аушвиц 1 и 2 со водич, 2 ноќни журки во Краков, 1 ноќна журка во Будимпешта.

 

ПРОГРАМА:

 

25.09.2025 (четврток) Скопје – Краков (Полска)

Состанок на групата пред Хотел Русија во периодот од 10:00 – 14:00 часот. Денско и ноќно патување низ Македонија, Србија, Унгарија, Словачка и Полска со кратки попатни паузи и царински формалности.

 

26.09.2025 (петок) Краков

Пристигнување во Краков во утринските часови и веднаш по пристигнувањето се упатуваме кон посета на 700 години стариот рудник Wieliczka (рудникот на солта). Ќе ве воодушеват подземното езеро на повеќе од 100 метри длабочина и кралската капела направена од сол. По посетата се упатуваме кон хотелот. Сместување. Слободно време. Во вечерните часови започнуваме со пешачка тура на Краков и веднаш потоа се упатуваме кон нашата прва welcome party. Враќање во Хотел. Ноќевање.

 

27.09.2025 (сабота) Краков

По појадокот се упатуваме кон Auschwitz, најголемиот комплекс на концентрациони логори од времето на Холокаустот. Ќе ги посетиме логорот Аушвиц, најголемиот логор од втора светска војна и логорот Биркенау каде е снимен филмот “Шиндлеровата листа”. Посетата трае околу 5 часа во двата дела. Во попладневните часови враќање во Краков. Слободно време.  Вечерта се упатуваме кон втората журка во Краков и збогување со овој преубав студентски град. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

28.09.2025 (недела) Краков – Будимпешта

По појадокот, одјава од хотелот и се упатуваме кон Будимпешта. Пристигнување во Будимпшета и сместување во хотел.  Слободно време. Вечерта се упатуваме на пешачка тура низ Будимпешта. Ќе ги посетиме: Парламентот, базиликата Св. Стефан и познатата “Ваци street” каде ќе имаме слободно време да пробате некој специјалитет или пак да пиете пиво во некој од пабовите. За љубителите на шопинг, улицата е полна со бутици и познати брендови и веднаш потоа се упатуваме кон нашата трета журка (goodbye party), а воедно прва и единствена во Будимпешта. Враќање во хотел. Ноќевање.

29.09.2025 (понеделник) Будимпешта – Скопје

По појадокот – одјавување од хотелот и поаѓање за Скопје. Дневно и ноќно возење преку Унгарија, Србија и Македонија со попатни паузи и царински и гранични формалности.

30.09.2025 (вторник) Скопје

Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

 

 

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:

* 3000 денари при резервација, а остатокот од сумата најдоцна до 15 дена пред предвидениот рок за тргнување;

 

 

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:

* Доплата за 1/1 соба x2 од цената на аранжманот;

* Нема намалување на цената за сопствен превоз;

* Попуст за деца: попуст се добива кога детето е придружувано од двајца возрасни лица. Сите лица постари од 10 години се сметаат за возрасни  лица. Дете од 2 – 10 години во 1/2 + 1 остварува попуст од 10% (со седиште во автобус и кревет во хотел);

* Возрасно лице на помошен кревет го плаќа полниот износ на аранжманот;

 

 

НАПОМЕНА ВО ВРСКА СО ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ:

* Цените на излетите се подлежни на промена во зависност од бројот на пријавените патници. Неопходен минимум за реализација на факултативите е 35 патници. Во случај на помал број на пријавени, можно е цената да подлежи на промена според условите од локалната агенција, тур оператор, па организаторот има право да понуди корегирана цена, а патниците немаат обрска да ја прифатат. Факултативните излети не се задолжителен дел од програмата и зависат од бројот на пријавени патници. Цената на факултативите вклучува трошоци за организација, превоз, водич. Термините на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини во локалитетите, бројот на пријавени патници и објективни околности. Огранизаторот на излетот го задржува правото да го промени терминот и условите на изведување на факултативите предвидени во програмата.

 

 

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не се можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатат во агенција може да доплати 10  по лице и да бира седиште (освен првиот ред кој е резервиран за персонал).

 

 

УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:

* Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.

* Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи, можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.

* Патниците кои имаат за цел да посетат одредени институции, ги советуваме преку интернет да се информираат за работното време и дали е потребна резервација за термин.

* Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во општите услови за патување.

* Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница, поради регулирање на повраток на средства од tax free.

* Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на советот на министри во ЕУ.

* Важно: Агенцијата не сноси одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ.

* Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето.
* Патникот е обврзан при пријавувањето во агенција да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кој можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.

* Ги замолуваме патниците да остават копија од пасошот при резервација на аранжманот и телефонски број.

* Пограничните служуби при пасошка контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување.

* Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.

* Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14:00 часот. Хотелот од оваа понуда е регистриран, прегледан и стандардизиран од страна на националната туристичка асоцијација на земјата. Секој хотел има ресторан. Секоја соба има тоалет и туш. Описот на хотелот е информативен и превземен од web страницата на истиот. За евентуална отстапка од квалитетот на услугата, организаторот не сноси одговорност, бидејќки тоа зависи исклучиво од хотелот.

* Појадок: Појадокот е континентална шведска маса, помал избор на продукти и главно станува збор за сладок појадок.

* Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата, зависи до објективните околности.
* За сите информации, дадени по усмен пат, агенцијата не сноси одговорност. Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и општите услови на патување. Рокот за пријава зависи од слободните места и од брзината на пополнувањето на истите.

* Патниците сами сносат одговорност за личните и патните документи и нивната важност.

* Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето. ДТУ ПУЗЗЛЕ ГРУП ДОО – Скопје ќе ги проследи барањата до хотелот но не гарантира за исполнување на истите.
* Поради светската економска криза, можно е да дојде до паѓање на квалитетот на сервисот во хотелската услуга, на што агенцијата организатор нема влијание. ДТУ ПУЗЗЛЕ ГРУП ДОО – Скопје не учествува во организацијата на слободното време на патниците на местото и нема влијание за реализацијата на факултативните излети кои се во организација на тур операторот во државата.
* Ценовникот е направен според локалната категоризација и класификација на хотелот на земјата која се посетува.
* Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упатствата и напомените, организаторот на патувањето не сноси одговорност, туку целокупниот износ на штетата го сноси патникот. 
* Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради не предвидени околности).

* Важно: Малолетните деца кои патуваат без еден родител, потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да имаат заверена согласност од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.

* Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патнци, агенцијата го задржува правото да ја корегира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.

* Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од предходната.

* Организатор на патувањето е туристичката агенција ДТУ ПУЗЗЛЕ ГРУП ДОО – Скопје од Скопје со лиценца “А” (министерство за економија).

* Организаторот на патувањето располага со гаранција за патување во висина од 100 000  во случај на инсолвентност и во случај на надокнада за штета по договор во агенцијата.

* Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку има недоволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
* Со оваа програма важаат општите услови на ДТУ ПУЗЗЛЕ ГРУП ДОО – Скопје. 

Leave a Comment

Your email address will not be published.