Vila Michalis

Vila Michalis –  се наоѓа во мирниот дел на Ипсос, на 250 метри од плажата. Вилата е стандардно грчко сместување кое располага со двокреветни соби и можност за додавање на трет дополнителен (не стандарден) кревет. Сите студија располагаат со мини кујна, опремени со основен прибор, како и решо за готвење, wi-fi интернет. Студијата располагаат со клма уред кој може да се користи со доплата од 7 евра од ден во самата вила. Собите се наоѓаат на приземје, прв спрат и втор спрат, од кои сите имаат тераса, освен 4 еко студија кои немаат тераса. За секој патник следува по еден пешкир, додека основните лични средства за хигиена (шампон, сапуни, како и сунгерчиња, сјај за садови и тоалетна хартија) се ваша одговорност.

 

Постојат 3 типа на соби:

*Regular – стандардна соба со реновиран тоалет на приземје и прв спрат;

*Economy – стандардни соби со класичен тоалет на втор спрат;

*Economy без тераса – стандардни соби кои немаат тераса на втор спрат.

 

Понудата е по лице за 7 ноќевања и автобуски превоз. Доплата во автобус за траект 20 евра по лице. На ПОПУСТ цените нема одбивање за сопствен превоз. 

 

ТАБЕЛА И ЦЕНОВНИК: (галеријата од вилата е на крајот од информациите под табелата)

 

 

7 ноќевања + превоз

Vila Michalis

Крф

Ипсос

 

Термин

Тип на соба

Regular

Economy

Economy без тераса

25.05-01.06

1/2

распродадено

распродадено

распродадено

01.06-08.06

1/2

распродадено

распродадено

распродадено

08.06-15.06

1/2

распродадено

распродадено

распродадено

15.06-22.06

1/2

распродадено

распродадено

распродадено

22.06-29.06

1/2

распродадено

распродадено

распродадено

29.06-06.07

1/2

распродадено

распродадено

распродадено

06.07-13.07

1/2

распродадено

распродадено

распродадено

13.07-20.07

1/2

189

179

169

20.07-27.07

1/2

189

179

169

27.07-03.08

1/2

199

189

179

03.08-10.08

1/2

209

199

189

10.08-17.08

1/2

209

199

189

17.08-24.08

1/2

209

199

189

24.08-31.08

1/2

189

179

169

31.08-07.09

1/2

159

149

139

07.09-14.09

1/2

139

129

119

14.09-21.09

1/2

129

119

109

 

 

ВАЖНО:

  • Со уплата и резервација на аранжманот, патникот е согласен и ги прифаќа условите за патување кои ќе важат во моментот на реализација на патувањето, односно мерките кои тогаш ќе бидат поставени од Република Грција и Македонија.
НАПОМЕНИ:
 Цените се однесуваат на едно лице за 7 ноќевања и автобуски превоз
• Во цената не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНА доплата за траект на релација Игуменица-Крф-Игуменица од 20 евра ако користите наш превоз и се плаќаат на денот на тргнувањето во автобус.
• Во цената на аранжманот не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА  туристичка такса од 0.50 центи по соба на ден. Се плаќа во автобус.
• Патничко осигурување – Може да се купи во агенцијата (5 евра за целиот престој) или од друго место, но мора да се донесе потврда дека постои.
• Можност за плаќање: Можност за уплата директно во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка, трансакциска сметка.
• За резервација се потребни 3000 денари по лице, а остатокот се доплаќа до 15 дена пред тргнување.
• За сингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена поради вториот кревет.
• Возрасен на дополнителен кревет плаќа 70% од сумата на аранжманот, плус 20евра за траект
• Доколку сакате да споите термин, на цените кои веќе се на попуст се плаќаат двете цени без одземање за превоз.
• За сопствен превоз се одземаат 20 евра само на редовните цени, а оние цени кои се на попуст не се одземаат.

 

НАПОМЕНА: Вилите немаат приватен паркинг. Паркингот на целиот остров е бесплатен и има можност да се паркира на самите улици пред вилите

  •  Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата, а превозот се одвива преку граничниот премин Меџитлија (Битола)
  • Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите. Можност за бирање на седишта со доплата од 10 евра (освен првите две).
  •  Цена само за превоз 60 евра со доплата од 20 евра за траект – во два правци.
  • Во собите можат да престојуваат онолку лица колку што платиле за престојот во собата.
  • Доколку странката сака да донесе домашно милениче во сместувачките капацитети, должна е да ја праша агенцијата дали е дозволено сместување на миленичињa.
  • Со оваа програма важат општите услови за патување на ДТУ ПУЗЗЛЕ ГРУП ДОО – Скопје

ПЛАЌАЊЕ ЗА ДЕЦА:

  • Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен
  • Дете од 3 до 12 години на класичен кревет плаќа 70% од цената на аранжманот, плус 20 евра за траект
  • Дете од 3 до 12 години на дополнителен кревет плаќа 50% од цената на аранжманот и плус 20 евра за траект.

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ:

  • Check in во собите е после 14h по грчко време
  • Check out е до 09h. Багажот се остава во рецепцијата, предвидена за куфери.
  • Секој патник има право на еден голем куфер или торба и рачен багаж
  • Четворокреветните соби се со две посебни спални соби и тераси, физички одвоена кујна и одвоен тоалет.
  • Чистењето на собите е на четвртиот ден, а гостите се задолжени да се грижат за хигиената и редот во вилата за време на престојот (поради општата ситуација со ковид 19, по препорака од страна на грчкото министерство за здравство, сопствениците на сместувачките капацитети, треба самите да проценат и одлучат дали во текот на престојот ќе го направат второто чистење, бидејќи е препорачано што помалку контакти, со цел одржување на безбедноста на самите гости. Секако достапни се чисти постелнини, пешкири и средства за чистење како џогери и метли). Агенцијата не може да влијае на одлуката на сопствениците, која е индивидуална во секоја куќа. Ви благодариме за разбирањето, се трудиме максимално да ја одржиме вашата безбедност за време на престојот)
  • Според законските одредби, базенот се користи од 10-19 часот, поради самата безбедност на гостите (пропишана во грчките закони), но и поради чистењето на базените. Строго е забрането капење после 20 часот.
  • Ве замолуваме да се придржувате кон пропишаните часови за излегување и влегување од вилата на последниот ден. Собите треба да се чистат за да може да се смести групата која доаѓа.
  • Вилата има интернет, но не гарантираме за квалитетот и брзината за истиот
  • Постои можност за додавање на трет дополнителен кревет во студијата или петти дополнителен кревет во апартманите

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ во организација на PUZZLE GROUP MACEDONIA

Туристичката агенција PUZZLE GROUP MACEDONIA во соработка со нашиот партнер тур оператор на нашите патници им нуди единствена можност да го истражат и да уживаат во убавините на островот Крф. Преку нашиот претставник кој ќе биде задолжен за Вашиот престој таму, ќе имате прилика да се запознаете со убавините што ова место ги нуди.

Во наша организација имаме неколку излети кои дополнително ќе бидат објавени

Тимот на PUZZLE GROUP MACEDONIA ви посакува убав одмор!

Галерија