ТОСКАНА – БОЛОЊА – ЧИНКВЕ ТЕРЕ – ПИЗА – ФИРЕНЦА – МОНТЕКАТИНИ – СИЕНА
Тоскана многумина ја сметаат за најубавиот дел од Апенинскиот Полуостров поради нејзините 120 заштитени зони со бајковита природа, прекрасни селца, а најмногу поради градовите со исклучителна архитектура, меѓу кои најпознати се Фиренца, Пиза, Сиена, Сан Џимињано и Лука кои се прогласени за дел од светското културно наследство и се под заштита на УНЕСКО. Со величенствената Фиренца, својата престолнина и најпознатиот симбол, Тоскана е колевка на ренесансата, на нејзиното тло од 14ти до 16ти век се раѓале нови филозовски и научни мисли, а на основите на античката култура се создавале врвни книжевни, сликарски и вајарски градетелски дела кои влијаеле на уметничкиот и општествениот препород на многу европски земји. Тука престојувале најславните уметници на тоа време: Данте, Петрарка, Бокача, Фра Анџелија, Ботичели, Микеланџело, Леонардо Да Винчи…
РАСПРОДАДЕНО!
ПРОМО ЦЕНА 179€ ЕВРА СО ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕЗЕРВАЦИЈА НА ПАКЕТОТ ФАКУЛТАТИВИ 120€ (редовна цена 130€ (плаќање на факултативи во автобус) ДО 15.03.2023!
РЕДОВНА ЦЕНА 209€.
* Аранжманот е од туристички карактер со цел да се посетат сите предвидени места во програмата
Цената на аранжманот вклучува:
* 3 ноќевања во Хотел со *** со појадок во Монтекатини;
* Автобуски превоз на горенаведените релации;
* Посета на Болоња;
* Туристички пратител за време на патувањето;
* Организација и реализација на аранжманот;
Цената на аранжманот не вклучува:
* Патничко осигурување 350 денари по лице;
* Посета на Сиена и Сан Џимињано (трансфер, водич) – 50€;
* Целодневен излет на Cinque Terre (трансфер, Cinque Terre card – воз до 5те места, користење на wi – fi, трансфер од железничката до центар на Ла Специја, водич) и посета на Пиза – 50€;
* Посета на Фиренца – 30€
* Туристичка такса во хотел во Монтекатини (3€ на ден по лице);
*Индивидуални трошоци (влезници за објекти…);
* Доплата за трансфер 15 €: Битола, Прилеп, Кавадарци (Црна Река), 10 €Велес;
Специјален пакет на факултативи со 10€ попуст (наместо 130€) по цена од 120€ по лице – ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕЗЕРВАЦИЈА!
ПРОГРАМА:
13.04.2023 (четврток) Скопје – Италија
Состанок на групата на паркингот спроти Холидеј Ин (Дрводекор) околу 11:00 часот, поаѓање за Италија околу 11:30 часот. Денско и ноќно патување низ Србија, Хрватска, Словенија и Италија со кратки попатни паузи и царински формалности.
14.04.2023 (петок) Болоња – Монтекатини
Попатно посета на Болоња (пристигнување во зависност од попатните околности) и следува пешачки разглед на градот. Ќе имате можност да се запознаете со универзитетска Болоња – величенствен средновековен град со ренесансни палати и аркади, замоците “близнаци” плоштадот Маџоре, палатата на кралот Енца, базиликата на Свети Петрони, фонтаната Нептун… За Болоња важат епитетите – учена, црвена и дебела. Учена бидејќи тука е основан првиот Универзитет во Европа, црвена поради бојата на фасадите и крововите и дебела поради својата богата кујна. По разгледот и кратката пауза (вкупно 2-3 часа), следува поаѓање за Монтекатини. Сместување во хотел и слободно време за одмор. Во вчерашните часови организирана прошетка низ Монтекатини. Ноќевање.
15.04.2023 (сабота) Монтекатини – Cinque Terre – Пиза – Монтекатини
Појадок. После појадокот заминување на целодневна попсета до најпознатите и најживописни селца на Италијанската ривиера. Разглед на регионот со водич. Пристигнување во градот La Spezia од каде се продолжува со воз. Cinque Terre е област лоцирана на Лигурското крајбрежје сочинета од 5 селца: Monterosso al Mare, Vernazza, Corniglia, Manarola и Riomaggiore, кои со околните планини го сочинуваат Националниот парк CINQUE TERRE, кој е под заштита на UNESCO. Овој дел од Италијанската ривиера е еден од најпознатите и живописен туристички центар. Враќање во La Spezia. Потоа се упатуваме кон Пиза, град на бреговите на Тосканската ривиера, некогашна моќна поморска сила чијашто флота скоро 150 години била најголемата сила на Средоземното море. Посета на центарот на градот каде се сместени трите обележја на овој град: Piazza Dei Miracoli, Катедралата DUOMO, крстилницата San Giovanni, Кривата Кула (која воедно е и најпознатата кула во Италија), Campo Santo (Стари гробишта). Слободно време за индивидуална прошетка. Поаѓање за Монтекатини. Ноќевање.
16.04.2023 (недела) Монтекатини – Сиена – Сан Џимињано – Монтекатини
Појадок. После појадокот заминување на целодневен излет во градовите Сиена и Сан Џимињано. Пристигнување во Сиена, градот кој низ историјата претставувал најголем ривал на Фиренца и втор по важност во Тоскана по богатата ризница на уметничко и културно наследство. Разглед на градот: црквата San Domenico, Катедралата Siena – Metropolitana di Sandra Maria Assunta, Pallazo Salimbeni и плоштадот Del Campo – плоштад во облик на школка на која се одржува познатата коњска трка Palio. Слободно време за прошетка до поаѓањето за Сан Џимињано. Пристигнување во San Grimignano, типично тосканско градче, опкружено со винови насади и маслинови градини. “San Grimignanodala belle Tore” во кој е добро сочуван амбиентот од 13ти и 14ти век, а 14 – те кули кои прават една целина на ова живописно мало тосканско градче. Слободно време за индивидуална прошетка. Враќање во Монтекатини. Слободна вечер. Ноќевање.
17.04.2023 (понеделник) Монтекатини – Фиренца – Скопје
Појадок. После појадокот, заминување за Фиренца, лоцирана во срцето на Тоскана на реката Арно, својот подем го доживува за време на моќната Фамилија МЕДИЧИ кои владееле од 14ти до 17ти век, кои се познати како големи мецени на уметноста и културата, поттикнувачи на ренесансниот период. Разглед на градот со локален водич: Палатата Векио, Катедралата Дел Фиори, Крстилницата Сан Џовани, Плоштадот Сињори, Галеријата УФИЦИ, Мостот ПОНТЕ ВЕКИО, Црквата Санта Кроче, Палатата Пити… Во попладневните часови (17:00 – 18:00) поаѓање за Скопје. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попатни паузи за одмор, пасошка и царинска контрола.
18.04.2023 (вторник) Скопје
Пристигнување во Скопје во попладневните часови.
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:
* 2000 денари при резервација, а остатокот од сумата најдоцна до 15 дена пред предвидениот рок за тргнување;
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
* Доплата за 1/1 соба 70% од цената на аранжманот;
* Нема намалување на цената за сопствен превоз;
* Попуст за деца: попуст се добива кога детето е придружувано од двајца возрасни лица. Сите лица постари од 10 години се сметаат за возрасни лица. Дете од 2 – 10 години во 1/2 + 1 остварува попуст од 10% (со седиште во автобус и кревет во хотел);
* Возрасно лице на помошен кревет го плаќа полниот износ на аранжманот;
НАПОМЕНА ВО ВРСКА СО ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ:
* Цените на излетите се подлежни на промена во зависност од бројот на пријавените патници. Неопходен минимум за реализација на факултативите е 35 патници. Во случај на помал број на пријавени, можно е цената да подлежи на промена според условите од локалната агенција, тур оператор, па организаторот има право да понуди корегирана цена, а патниците немаат обрска да ја прифатат. Факултативните излети не се задолжителен дел од програмата и зависат од бројот на пријавени патници. Цената на факултативите вклучува трошоци за организација, превоз, водич. Термините на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини во локалитетите, бројот на пријавени патници и објективни околности. Огранизаторот на излетот го задржува правото да го промени терминот и условите на изведување на факултативите предвидени во програмата.
НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не се можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатат во агенција може да доплати 10 € по лице и да бира седиште (освен првиот ред кој е резервиран за персонал).
УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:
* Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
* Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи, можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
* Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи, можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
* Патниците кои имаат за цел да посетат одредени институции, ги советуваме преку интернет да се информираат за работното време и дали е потребна резервација за термин.
* Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во општите услови за патување.
* Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница, поради регулирање на повраток на средства од tax free.
* Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на советот на министри во ЕУ.
* Важно: Агенцијата не сноси одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ.
* Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето.
* Патникот е обврзан при пријавувањето во агенција да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кој можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.
* Ги замолуваме патниците да остават копија од пасошот при резервација на аранжманот и телефонски број.
* Пограничните служуби при пасошка контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување.
* Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
* Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14:00 часот. Хотелот од оваа понуда е регистриран, прегледан и стандардизиран од страна на националната туристичка асоцијација на земјата. Секој хотел има ресторан. Секоја соба има тоалет и туш. Описот на хотелот е информативен и превземен од web страницата на истиот. За евентуална отстапка од квалитетот на услугата, организаторот не сноси одговорност, бидејќки тоа зависи исклучиво од хотелот.
* Појадок: Појадокот е континентална шведска маса, помал избор на продукти и главно станува збор за сладок појадок.
* Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата, зависи до објективните околности.
* За сите информации, дадени по усмен пат, агенцијата не сноси одговорност. Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и општите услови на патување. Рокот за пријава зависи од слободните места и од брзината на пополнувањето на истите.
* Патниците сами сносат одговорност за личните и патните документи и нивната важност.
* Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето. ДТУ ПУЗЗЛЕ ГРУП ДОО – Скопје ќе ги проследи барањата до хотелот но не гарантира за исполнување на истите.
* Поради светската економска криза, можно е да дојде до паѓање на квалитетот на сервисот во хотелската услуга, на што агенцијата организатор нема влијание. ДТУ ПУЗЗЛЕ ГРУП ДОО – Скопје не учествува во организацијата на слободното време на патниците на местото и нема влијание за реализацијата на факултативните излети кои се во организација на тур операторот во државата.
* Ценовникот е направен според локалната категоризација и класификација на хотелот на земјата која се посетува.
* Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упатствата и напомените, организаторот на патувањето не сноси одговорност, туку целокупниот износ на штетата го сноси патникот.
* Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради не предвидени околности).
* Важно: Малолетните деца кои патуваат без еден родител, потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да имаат заверена согласност од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
* Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патнци, агенцијата го задржува правото да ја корегира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.
* Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од предходната.
* Организатор на патувањето е туристичката агенција ГО ТРАВЕЛ од Скопје со лиценца “А” (министерство за економија).
* Организаторот на патувањето располага со гаранција за патување во висина од 100 000 € во случај на инсолвентност и во случај на надокнада за штета по договор во агенцијата.
* Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку има недоволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
* Со оваа програма важаат општите услови на ДТУ ПУЗЗЛЕ ГРУП ДОО – Скопје.