КРФ 3 ноќевања | ВЕЛИГДЕН ’23

Едно од најубавите обележувања на најголемиот христијански празник Велигден на медитеранот е на островот Крф. Посетители од цела Грција, но и светот, доаѓаат токму тука за да ја доживеат уникатната прослава на овој остров. Главните случувања се одвиваат во градот Крф на Велика Сабота, кога се изнесуваат моштите на Светецот Спиридон и свеченото фрлање на ќупови од зградите на плоштадот Спианада. Ова е една од најтрогателните прослави на Велигден во светот, каде точно на полноќ со огромен огномет се означува Христосовото Воскреснување. Бидете дел од оваа несекојдневна прослава традиционално со PUZZLE GROUP, агенција специјализирана токму за островот Крф.

ТЕРМИН: 13.04.2023 – 17.04.2023 – РАСПРОДАДЕНО!

 

ПРОМО ЦЕНА: 115€ ДО 15.03.2023, РЕДОВНА ЦЕНА 139€!

Собиралишта: Велес, Неготино, Гевгелија, Градско, Црна Река, Дреново, Прилеп, Битола.

 

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

* 3 ноќевања во приватни вили на Ипсос, Крф;

* Автобуски превоз на релација (Скопје – Крф – Скопје);

* Повратен билет за траект на релација (Игуменица – Крф – Игуменица)

* Комплетно следење на програмата за Велигден во градот Крф (2 посети на градот);

* Панорамски разглед и прошетка во градот Крф;

* Туристички пратител за време на патувањето;

* Организација за време на патувањето;

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

* Задолжително патничко осигурување 300 денари;

* Туристичка такса 1€ од ден по соба; 

* Факултативните излети: 

– Посета на Палеокастрица и фабриката Мавроматис 15€ (аквариум опционално 5€);

– Посета на видиковецот Канони и палатата Ахилеон со влезница 20;

– 20% попуст на ПАКЕТ за двете факултативи 30;

– Велигденски ручек – дополнителни информации;

– Индивидуални трошоци на патникот; 

 

 

НАПОМЕНИ:
* Резервација се прави со 2000 денари, а остатокот се доплаќа до 15 дена пред тргнување; 

* За single соба се доплаќаат 70% дополнително од аранжманот;

* Попусти за деца:

– Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител);

– Деца од 3 – 12 години плаќаат 70% (кога се со двајца возрасни);

* Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите;

* Седиште на барање се доплаќа по желба, 10 по лице; 

 

АПАРТМАНСКО СМЕСТУВАЊЕ:

*Апартманите се наоѓаат во местото Ипсос/Пирги;

* Сите соби имаат мини кујна со основен прибор, тераса, тоалет;

* Секоја соба ќе биде опремена со постелнина и ќебе;

* Климата се употребува по желба (со доплата);

 

 

ПРОГРАМА:

 

1 (прв ден) – четврток (13.04.2023)

Состанок на групата на Дрводекор околу 22:00 часот. Ноќно возење преку граничниот премин Богородица, кај Гевгелија или Меџитлија – Битола, со попатни паузи на секои 3-4 часа.

 

2 (втор ден) – петок (14.04.2023)

Пристигнување на пристаништето во Игуменица од каде патот го продолжуваме со траект до островот Крф. Предвидено пристигнување на пристаништето на Крф во попладневните часови. Следува возење до местата Ипсос и Дасиа, каде групата ќе биде сместена во смесувачките капацитети. Следува одмор и можност за запознавање со околината. Некаде околу 16:00 часот започнува официјалниот дел од програмата, каде групата се упатува кон градот Крф. Попатно ќе имате прилика да слушнете се за островот, градот, традициите, историјата, а потоа и панорамски разглед на стариот дел од градот, новата тврдина, старата тврдина, пристаништето. Следува кратка проетка низ стариот дел од градот, покрај црквата на најзначајниот светец на островот, Свети Спиридон каде се наоѓаат и неговите мошти. Во меѓувреме, ќе уживаме во присуство на хоровите, кои го одбележуваат Велики Петок, заедно со звуците на филхармониските ги свират “Adagio” од Албиниони, “Посмртниот марш” од Шопен. Со овие тажни и посмртни маршеви од познати композитори на класичната музика се одбележува токму Христовото страдање. Мали девојчиња ги украсуваат епитафите со цвеќиња, а во церемонијата учествуваат и училиштата и момчињата од извидничките одреди. Последниот Епитаф, кој е и најимпресивниот се појавува во 22:00 часот. По завршувањето на првиот дел од програмата, следува враќање во сместувачките капацитети. Ноќевање.

 

3 (трет ден) – сабота (15.04.2023)

Ипсос е место кое во текот на летниот период изобилува со туристи. За време на Велигденските празници, местото изгледа сосема поинаку, мирно и идеално за убав сон, кое ќе ви овозможи да се разбудите свежи и одморени за започнување на следење на вториот дел од свечената традиција. Првата поворка, првото Воскресение започнува веќе во 09:00 часот наутро, каде под строга заштита се изнесуваат моштите на Св. Спиридон Чудотворец – заштитник на островот. Под звуците на свечената музика составени од три филхармонии, пред моштите на светецот луѓето фрлаат каранфили со кои го постилаат неговиот пат. Откако ќе заврши парадата, почнуваат подготовките за еден оригинален локален обичај – кршење на глинените ќупови. Точно во 11:00 часот црковните ѕвона го означуваат утринското воскресение и од прозорците на куќите почнуваат да се фрлаат глинени садови полни со вода во знак на почнување на празникот и истерување на злото. Ова потекнува од стар венецијански обичај со кој за дочекот на новата година се ослободувале старите работи да направат простор за нови и подобри. Обичајот е да се земе парче од скршените глинени садови и да се сочува за среќа и здравје за следната година. Филхармонските групи се враќаат на улиците и почнуваат да свират весела музика. Веќе во 14:00 часот се враќаме во Ипсос и Дасија, каде има слободно време за одмор и индивидуални активности, се до 21:30 часот кога повторно се тргнува кон градот за проследување на последниот дел од традиционалната прослава, односно Христовото Воскресение. На полноќ илјадници луѓе се собираат на градските плоштади и го прославуваат Христосовото Воскресение со спектакуларен огномет кој привлекува илјадници туристи но и жители од целиот остров.

 

4 (четврт ден) – недела (16.04.2023)

Некаде околу 11:00 часот групата ќе има можност факултативно да го посети местото кое е најголема атракција на островот – Палеокастрица. Оваа посета не би била комплетна доколку попатно не се застане во фабриката Мавроматис за производство на традиционални слатки и ликери од локалното овошје Кум Каут. Ова овошје е многу ретко, по потекло е од Кина и поради специфичните услови кои му се потребни за да расте, успеал само на островот Крф и одредена територија во Шпанија. Тука ќе се запознаеме со целиот начин на производство преку еден краток филм, а потоа сите гости ќе се упатат на шанкот за дегустација каде ќе имаат прилика да ги пробаат ликерите кои се произведуваат од овошјето и исто така да си купат дел од истите. Потоа се упатуваме кон Палеокастрица, местото кое се смета за вистински рај на земјата. Неговите плажи со години го добиваат епитетот најубави во Европа, поради неверојатно тиркизната боја на морето, која се должи на тоа што пределот е доста карпест, а тоа носи и доста поладна вода за разлика од другите плажи на островот. Ќе имате прилика да уживате токму во тие убавини. На благ видиковец над Палеокастрица се наоѓа и манастирот од 13ти век Света Богородица, од која се пружа прекрасен поглед на заливите и самото место, како и аквариум со терариум каде ќе можете да се запознаете со животинскиот свет на островот, но и светот. Некаде по попладневните часови се враќаме во сместувачките капацитети, каде има можност за свечен Велигденски ручек во некоја од таверните. По завршувањето на ручекот, време за одмор. Ноќевање.

5 (петти ден) – понеделник (17.04.2023)

Во договорено време, во утринските часови, одјавување од апартманите, а групата се упатува кон местото Ахилеон и Канони (факултативно). Канони е местото со најубавиот видиковец и поглед кон осторовот на глувците, црквата Влахерна, а од десната страна има поглед кон еден од најмалите комерцијални ајродроми во Европа. Во текот на летниот период е главна туристичка атракција бидејќи туристите имаат прилика да ги гледаат пристигнувањата на авионите, буквално над нивните глави. Тука ќе се задржиме околу еден час, а потоа се упатуваме кон палатата Ахилеон на Австриската кралица Елизабета, позната и како Сиси. Палатата била користена како нејзина летна резиденција, а потоа служела и како една од најубавите коцкарници во Европа, а поради прекрасниот двор и градина е место каде се снимени многу филмови. Во денешно време е музеј со најголемата скулптура на Ахил во повредена положба, скулптури, фрески и други уметнички дела кои ќе ни ја откријат митологијата и историјата на островот. По завршувањето на разгледот, се упатуваме кон пристаништето каде ќе се качиме на траект кон Игуменица. Потоа следува враќање во Македонија, со попатни паузи. Пристигнувањето е планирано во утринските часови.

 

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не се можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатат во агенција може да доплати 10  по лице и да бира седиште (освен првиот ред кој е резервиран за персонал).

 

УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:

* Резервација се прави со 2000 денари по лице, а остатокот се доплаќа до 15 дена пред тргнување.

* Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.

* Доколу дојде до непредвидена “виша сила” за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кој агенцијата не би можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.

* Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.

* Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи, можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.

* Патниците кои имаат за цел да посетат одредени институции, ги советуваме преку интернет да се информираат за работното време и дали е потребна резервација за термин.

* Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во општите услови за патување.

* Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница, поради регулирање на повраток на средства од tax free.

* Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на советот на министри во ЕУ.

* Важно: Агенцијата не сноси одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ.

* Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето.
* Патникот е обврзан при пријавувањето во агенција да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кој можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.
* Патниците се должни самите да внимаваат на валидноста на нивните пасоши. За влез во Грција, пасошот треба да е минимум до 3 месеци пред истекување, во спротивно можно е да не биде пуштен на територијата на Република Грција. Агенцијата не сносува одговорност доколку настане проблем на самата граница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија.
* Ги замолуваме патниците да остават копија од пасошот при резервација на аранжманот и телефонски број.

* Пограничните служуби при пасошка контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување.

* Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.

* Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14:00 часот. Хотелот од оваа понуда е регистриран, прегледан и стандардизиран од страна на националната туристичка асоцијација на земјата. Секој хотел има ресторан. Секоја соба има тоалет и туш. Описот на хотелот е информативен и превземен од web страницата на истиот. За евентуална отстапка од квалитетот на услугата, организаторот не сноси одговорност, бидејќки тоа зависи исклучиво од хотелот.

* Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата, зависи до објективните околности.
* За сите информации, дадени по усмен пат, агенцијата не сноси одговорност. Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и општите услови на патување. Рокот за пријава зависи од слободните места и од брзината на пополнувањето на истите.
* Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето. ДТУ ПУЗЗЛЕ ГРУП ДОО – Скопје ќе ги проследи барањата до хотелот но не гарантира за исполнување на истите.
* Поради светската економска криза, можно е да дојде до паѓање на квалитетот на сервисот во хотелската услуга, на што агенцијата организатор нема влијание. ДТУ ПУЗЗЛЕ ГРУП ДОО – Скопје не учествува во организацијата на слободното време на патниците на местото и нема влијание за реализацијата на факултативните излети кои се во организација на тур операторот во државата.
* Ценовникот е направен според локалната категоризација и класификација на хотелот на земјата која се посетува.
* Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упатствата и напомените, организаторот на патувањето не сноси одговорност, туку целокупниот износ на штетата го сноси патникот. 
* Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради не предвидени околности).

* Важно: Малолетните деца кои патуваат без еден родител, потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да имаат заверена согласност од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.

* Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патнци, агенцијата го задржува правото да ја корегира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.

* Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од предходната.
* Странките кои го уплатиле аранжманот по предходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.

* Организатор на патувањето е туристичката агенција ГО ТРАВЕЛ од Скопје со лиценца “А” (министерство за економија).

* Организаторот на патувањето располага со гаранција за патување во висина од 100 000  во случај на инсолвентност и во случај на надокнада за штета по договор во агенцијата.

* Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку има недоволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
* Со оваа програма важаат општите услови на ДТУ ПУЗЗЛЕ ГРУП ДОО – Скопје. 

Leave a Comment

Your email address will not be published.