Рафтинг на Тара – 1ви – Мај – Недопрена природа, адреналин, бунгалови, оганче, пијачка, музика и puzzle екипа. 4 дневена викенд програма на реката Тара. Доколку сакате првомајскиот празник да го прославите со активен одмор, рафтингот на Тара е правиот избор за вас. Кањонот на реката Тара е една од најпопуларните дестинации за рафтинг и екстремни спортови. Отпатувајте во недопрената природа на најголемиот кањон во Европа од каде што ќе се вратите со најубави спомени.
LAST MINUTE! ПОСЛЕДЕН БУНГАЛОВ 30 ЕВРА ПОПУСТ ПО ЛИЦЕ!
Камп | Тип на соба | Цена |
1/1 – шатор | 89€ | |
1/3 – бунгалов со wc | 119€ |
Цената на аранжманот вклучува:
* 3 ноќевања на Тара во избраното сместување;
* Рафтинг на Тара со инструктори (целосна опрема, одела, сигурносни појаси, весла итн..);
* Автобуски превоз на релација – Скопје – Тара – Скопје;
* Сите трансфери со комбе/џип за рафтинг;
* Туристичка такса и такса за рафтинг;
* Туристички пратител за време на патувањето;
* Организација за време на патувањето
Цената на аранжманот не вклучува:
* Факултативни излети;
* Индивидуални трошоци на патникот;
Програма:
1. Ден: Скопје – Тара (30.04.2022)
Состанок на групата во вечерните часови по полноќ. Возење преку Македонија, Косово, Црна Гора, Босна со време за паузи и гранични и царински формалности. Пристигнување на Тара и сместување во камповите во претпладневните часови. Слободно време за одмор. Ноќна журка. Ноќевање.
2. Ден: Тара (01.05.2022)
Рафтинг на Тара, Paintball (факултативно). Слободно време. Ноќна журка покрај логорскиот оган. Ноќевање.
3. Ден: Тара (02.05.2022)
Факултативни излети, разглед на Пивското езеро, браната Мратиње, Пивскиот манастир и етно селата Montenegro – Брезна. Слободно време. Goodbye журка. Ноќевање.
4. Ден: Тара – Скопје (03.05.2022)
Напуштање на камповите во утринските часови и тргнување кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.
*Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку има недоволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
Корисни информации:
Пред самиот рафтинг ве очекува адреналинско возење со џипови од каде што започнува и самиот рафтинг. Полни со адреналин влегувате во чамците каде што ве чекаат скиперите со својата опрема (одела, сигурносни појаси, кациги, весла итн..) во близина на кампот Брштановица на самиот спуст на реката Тара. Самиот рафтинг се одвива од Брштановица до Шчепан Поле и трае околу 2 часа. На должина од 18 киломтери се проаѓа покрај повеќе водопади. Брштановички водопад, водопадот под борови, горен и долен водопад, водопадот Узлуп…
Во текот на рафтингот ќе се прават кратки паузи за одмор, фотографирање, освежување итн…
UNESCO во 1977 година ја прогласи реката Тара за резерват на биосферата, па затоа ќе имате прилика да уживате во предел од големо значење. Во текот на рафтингот дозволено е со себе да ги понесете своите телефони и фотоапарати кои што ќе бидат во специјални водоотпорни вреќички. Исто така дозволено е да се носи и освежување или пијачка во разумни количини кои што ќе мора да бидат во пластична амбалажа. Во секој чамец со вас ќе има по еден рафтинг скипер, искусен и професионален рафтер кој го прати цела екипа. Негова должност е да се грижи за сигурноста на рафтингот и за сите луѓе во чамецот. Не заборавајте дека рафтингот е колективен спорт, каде што најважна е координацијата и организацијата. Што се однесува до гардеробата пти треба да ја имаме со нас кога сме на рафтинг, се практикува костим за капење, но со оглед на тоа дека температурата на водата е 10 степени, и влегуваме под водопади, можете да земете со себе маици, капи итн…