Sata 2 Alpes

Sata 2 Alpes – standar accommodation – Нашите партнери се најголема incoming агенција од Les 2 Alpes која во својот систем имаат преку  10 000 кревети во Les 2 Alpes. Точната локација на студијата и апартманите ги добиваме неколку денови пред тргнување на групите, таква е процедурата за сите агенции од целиот свет. Во прилог ви претставуваме пример изглед на студијата и апартманите како и стандарден опис. Студио 1/2 е околу 12м квадратни: дневна соба со софа или кревет на развлекување, мини кујна и WC. Студио 1/4 е околу 18-25м квадратни: соба со кревет на спрат, WC одвоено од купатилото или WC со купатило, дневна соба со кревет на развлекување, комплетно опремена кујна, поголем дел од апартманите имаат тераса. Апартман за 6 лица околу 30м квадратни: двосед на развлекување, кујна, трпезариска маса, днева соба со софа, кревет на спрат, купатило со туш, WC, тераса. 

Галерија