Site icon Puzzle Group Makedonija

LES 2 ALPES | PUZZLE SKI ’25

Les Deux Alpes по надморска височина е највисокото скијалиште во Франција, а третто во Европа, (после Zermatt и Saas Fee). Се простира од 1650м па се до 3600м надморска височина, така да квалитетниот снег е загарантиран и во доцна пролет. Скијање кое ќе го паметите!

 

Француските скијалишта се познати по најмодерните системи за одржување на уредените ски стази, лифтови и кабински гондоли. Благодарение на вложувањата, Фрацуската зимска ски сезона 2024/25 ја очекува најспремна и до сега најдобра понуда за скијачите и љубителите на зимување на планина. Придружете ни се на скијање во Франција и вратете се од Алпите со најубави спомени.

 

 

Grand Galaxy SKI PASS кој е вклучен во цената на аранжманот, ви овозможува да во текот на неговата валидност од шест дена во Les 2 Alpes, скијате по желба и на следните скијачки центри (2 дена на Alpe d Huez, 1 ден na Serre Chevalier, Sestriere, Montgenevre / Voie Lactee / Puy St. Vincent). *превозот до другите скијачки центри, не е вклучен во цената на аранжманот.

 



Придружете ни се на скијање во Франција и вратете се од Алпите полни со спомени. 

Сместување

Тип на соба

Цена

Sata 2 Alpes

1/6 App

1/4 Std

1/3 Std

1/2 Std

639

0

0

0

Цената на аранжманот вклучува:

* 7 ноќевања во апартмани/студија во Immobiler des Alpes; 

* Автобуски превоз на релација – Скопје – Les 2 Alpes – Скопје; 
* Туристички пратител за време на патувањето; 
* Организација за време на патувањето; 
* 6 дневен SKI PASS Les 2 Alpes (шестдневен Grand Galaxy SKI PASS ви овозможува во текот на неговата валидност, скијање (2 дена на Alpe d Huez , 1 ден на Serre Chevalier, Sestriere, Montgenevre / Voie Lactee / Puy Vincent).

 

Цената на аранжманот не вклучува:

* Туристичка такса 7 eur ;
* Патничко осигурување со скијачки ризик 1200 ден;  
* Обавезно завршно чистење, доколку не сакате да ги исчистите апартманите да изгледаат како што сте ги добиле, се доплаќа 40 евра за 1/2 студио, 50 евра за 1/3 и 1/4 студио и 70 евра за 1/5 и 1/6 апартман;

* Задолжителен депозит од 300 до 600 евра по апартман/ студио;

* Задолжителна доплата за SKI PASS картичка, 2 евра (се плаќа на дестинација);

* Индивидуални трошоци на патникот

* Изнајмување постелнина;

* Превоз до други скијачки центри (Alpe d Huez, Les 2 Alpes, Sestriere. Montgenevre, Voie Lactee, Puy St. Vincent);

*Резервација се прави со 6000 ден по лице, а остатокот се доплаќа до 15 дена пред тргнување.

 

КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ

 

 

Les 2 Alpes се простираат на околу 3км во должина и организациски потсетува на некое Италијанско скијалиште. Во главно исполнето е со апартмански згради но има и хотели од 2 па се до 5 ***. Постојат три автобуски линии но на вас нема да ви бидат толку неопходни затоа што каде и да сте сместени, нема да ви треба повеќе од 5 минути пешачење до првата жичара. Во оваа област се наоѓаат три големи маркети (Spar, Marche…).

Apres Ski: Les 2 Alpes е едно од најдобрите места за Apres Ski во Франција. Во текот на денот од 12 до 16 часот, сите случувања се одвиваат на 2600 метри надморска височина во ресторанот на меѓу гондолската станица Janri. Потоа од 16 до 19 часот сите се спуштаат на местото каде се продолжува журката, најчесто во барот Yellow Umbrella, непосредно покрај симулаторите за лавини. По 21 часот, сите одат во таверната Smithy’s каде најчесто настапуваат британски бендови, а потоа во дискотеката Avalanche до раните утрински часови. Ако се сметате за напреден скијач, задолжително посетете го La Grave кој е најголем off road ски центар во Европа, до него се доаѓа исклучиво со ратрак кој тргнува од врвот на глечерот на Les 2 Alpes. Исто така постои можност за одење со хеликоптер на еднодневно скијање до Alpe d Huez и цената е 50 евра (повратна карта). Во самиот глечер постои и ледена пештера. 

 

Скијање во Март – Serre Chevalier!

 

Скијање во Франција во Март секоја година привлекува се поголем број на посетители. Кога ќе се качите на некој од алпските врвови, пејсажите од кои застанува здивот ќе го освојат вашето срце. Длабока тишина на планинските врвови, поглед кој се простира во недоглед ќе ве натера да се заљубите во алпите.

 

Ски центар Les 2 Alpes – Општи информации за скијалиштето

Les 2 Alpes на многумина е познат по најтешката црна стаза во Европа (Grand Colouire), како и најголем скијачки глечер по површина во Европа, 120 хектари и висина од 3568 метри надморска височина. Широки стази за сите типови на скијачи и одлични услови за off road. 

Les 2 Alpes е омилен меѓу младите поради својот ноќен живот и најдобрите Apres Ski забави. Забавата почнува на скијалиштето во барот Pano околу 15 часот, која потоа се сели во самиот “village” околу 17 часот и се завршува во клубот Avalanche. 

 

МАПАТА НА СКИЈАЛИШТЕТО Les 2 Alpes МОЖЕТЕ ДА ЈА ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

 

  Надморска височина: 1650-3600м
  Должина на ски стазите: cca 220км уредни стази (774 хектари повришна за скијање)

 

  Седла: 23
   Гондоли: 9
  Ски лифтови: 37


  Стази: 96

  Зелени стази: 17
  Плави стази: 45
  Црвени стази: 22
  Црни стази: 12


  Ноќно скијање
  Нордиско скијање

 Глечер
  Snowpark и Halfpipe

 

 

Скијање во Франција – Les 2 Alpes: Совшренство за скијачи!

 

Les 2 Alpes е синоним за квалитетено скијање во Франција. Тука ќе видите стази кои ќе ги задоволат вашите скијачки вештини, од почетник па се до професионалец. Вкупно 220км стази нудат разноврсни терени, а тука е и импресивниот скијачки глечер кој ви овозмужува скијање во текот на целата година. 

 

 

Зимување – Les 2 Alpes: Повеќе од скијање!

 

Покрај фантастичните стази, Les 2 Alpes нуди богата вон скијачка содржина. Посетете ги познатите локали и ресторани со Француска кујна или опуштете се во Спа центрите. За авантуристите, активностите се бескрајни – планинарење, fat bike, snowboard и многу други активности кои ви се на располагање. 

 

 

Ски центар – Les 2 Alpes: Модерен и практичен!

 

Инфрастуктурата во Les 2 Alpes е современа и ефикасна. Брзите жичари и ски лифтови ви овозможуваат брз и лесен пристап до стазите. Ако сте почетник тука се ски школите и изнајмувачите на опрема за да се чуствувате сигурно и подготвено за скијање.

 

 

Вашиот зимски рај – Les 2 Alpes!

 

Les 2 Alpes е скијачка дестинација која ќе ги исполни вашите зимски сонови! Уживањето на стазите, културата, храната и природата на овој преубав регион од Француските Алпи ќе го направи вашиот совшрен одмор. Не пропуштајте ја приликата да ги посетите Les 2 Alpes и создадете незаборавни спомени. Испланирајте го своето патување и препуштете се на волшебниот зимски скијачки рај.  

Exit mobile version