Site icon Puzzle Group Makedonija

БУДИМПЕШТА | НОВА ГОДИНА ЗА МЛАДИ ’26

Дочекајте ја со нас најлудата ноќ во Будимпешта. Години наназад овој град претставува една од најпосетените новогодишни дестинации. И покрај најдобрата новогодишна забава, ќе ги посетиме и знаменитостите на овој прекрасен град. Замислете, над 1000 млади од целиот Балкан, предновогодишна журка, дочек на Новата Година и реприза на Нова Година на журка на брод! Се гледаме во еден од најдобрите градови во Европа за Нова Година 2026!

 

*Дадената цена е по лице.

 

За повеќе информации кликнете на името на сместувањето.

  

Сместување

Тип на соба

29.12.2025 – 03.01.2026

Deep Guest House

1/4

1/3

1/2

179

распродадено

195

Passzio Panzio

1/3

1/2

распродадено

219

A&O Budapest City

1/4

1/2

219

распродадено

Цената на аранжманот вклучува:
* 3 ноќевања во избраното сместување; 

* Автобуски превоз на релација – Скопје – Будимпешта – Скопје; 
* Туристички пратител за време на патувањето; 
* Организација за време на патувањето; 

Цената на аранжманот не вклучува:

* Туристичка такса 1 по лице на ден;
* Патничко осигурување 400 ден;  
* Факултативни излети (журки);
* Индивидуални трошоци на патникот;

* Резервација се прави со 3000 ден по лице, а остатокот се доплаќа до 15 дена пред тргнување.

ПРОГРАМА:

 

29.12.2025 (понеделник) Скопје – Будимпешта

Состанок на групата пред Хотел Русија во пладневните часови. Дневно и ноќно возење низ Македонија, Србија и Унгарија со попатни паузи и царински формалности.

30.12.2025 (вторник) Будимпешта
Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. По пристигнувањето одиме во посета на Плоштадот на Хероите и градскиот парк. Слободно време. Во попладневните часови се сместуваме. Слободно време. Во вечерните часови се упатуваме кон првата ноќна журка. Враќање во сместување. Ноќевање.

31.12.2025 (среда) Будимпешта

Во утринските часови, факултативна посета на Будим и Пешта. Започнуваме од Будим (Fisherman Bastion, Црквата Св. Матеја, стариот дел од градот и замокот Буда)… По посетата се упатуваме кон Пешта каде ќе ги посетиме (парламентот, улицата Ваци, Базиликата на Св. Стефан и Белградскиот кеј)… Слободно време. Враќање во сместување. Се упатуваме кон втората ноќна журка (дочек на нова година). Ноќевање.

 

01.01.2026 (четврток) Будимпешта

Можност за факултативна посета по избор (Виена или Сент Андреа). Слободно време. Враќање во Будимпешта. Слободно време. Се упатуваме кон третата журка (реприза од нова година – журка на брод, крстарење) каде ни се придружуваат патници од другите дестинации. Враќање во сместување. Ноќевање.

02.01.2026 (петок) Будимпешта – Скопје

Напуштање на сместувањето. Факултативна посета на шопинг центарот Campona и Outlet Premier. Во вечерните часови се упатуваме кон Македонија.

03.01.2026 (сабота) Скопје

Пристигнување во Скопје во утринските часови.

Exit mobile version