Site icon Puzzle Group Makedonija

ВЕНЕЦИЈА/СИРМИОНЕ/ВЕРОНА/ТРСТ | ВЕЛИГДЕН ’23

ВЕНЕЦИЈА – СИРМИОНЕ – ВЕРОНА – ТРСТ

 

Венеција, градот на водата и бисерот на Јадранското море. Дестинација која би требало секој љубител на убавината да ја посети најмалку барем еднаш во животот. Градот на маските, градот на најпознатиот Карневал, градот на креативноста и љубовта, едноставно градот на среќните лица заслепени од убавината на истиот. Дозволете оваа магија на различности да виде вашиот најдраг спомен за паметење. 

ПРОМО ЦЕНА 139 ЕВРА СО ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕЗЕРВАЦИЈА НА ПАКЕТОТ ФАКУЛТАТИВИ 65 (плаќање на факултативи во автобус) ДО 15.03.2023!


РЕДОВНА ЦЕНА 169€.

* Аранжманот е од туристички карактер со цел да се посетат сите предвидени места во програмата

 

 

Цената на аранжманот вклучува:

* Сместување во Хотел со *** во областа Лидо Ди Јесоло или областа Венето на база на две ноќевања со вклучен појадок;

* Автобуски превоз на горенаведените релацијии;

* Разгледите според програмата;

* Посета на Трст и трговскиот центар Палманова;

* Туристички пратител за време на патувањето;

* Организација и реализација на аранжманот;

Цената на аранжманот не вклучува:

* Задолжителна доплата за тур такса во хотелот 2.5  по лице на ден;

* Патничко осигурување 350 денари по лице;

* Влезници за локалитетите (музеј, верски објекти, индивидуални трошоци…);

* Доплата за трансфер 15 : Битола, Прилеп, Кавадарци (Црна Река), 10 Велес;

 

ЦЕНИ НА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПО ЛИЦЕ:

– Разглед на Венеција со водич (повратна карта со брод од и до Пунто Сабиони) – 30

– Факултативна посета на Верона и разглед на Сирмионе со водич – 40

– Пакет со сите излети во вредност од 70€ може да се купи по акциска цена при резервација на истиот во нашата канцеларија за само 65€ (плаќање во автобус)

 

ПРОГРАМА:

 

13.04.2023 (четврток)

Состанок на групата на паркингот спроти Холидеј Ин (Дрводекор) околу 14:00 часот, поаѓање околу 14:30 часот. Дневно и ноќно патување преку Србија, Хрватска и Словенија со кратки попатни паузи и царински формалности.

 

14.04.2023 (петок)

Пристигнување во Трст во утринските часови. По разгледот на градот (околу два часа) упатување кон еден од најголемите шопинг центри во Италија – Palmanova Outlet Village (околу два часа). Сместување во хотел. Ноќевање

15.04.2023 (сабота)

По појадокот се упатуваме кон Верона – градот на Ромео и Јулија, започнува на плоштадот Бра каде се наоѓа надалеку познатата Арена, потоа следи прошетка по познатата улица Mazzini која низ центарот на градот води директно до плоштадот Ербе. Разглед на плоштадот “Dei Signori” каде се наоѓа статуата на Данте, а потоа се упатуваме во дворот на куќата на Јулија каде ќе можете да се фотографирате со статуата на Јулија. По слободното време продолжуваме кон најбајковитото место подигнато на обалата на езерото Гарда – Сирмионе. Сирмионе е град изграден на спектакуларна локација – на ртот на единственото полуостров езеро, Гарда. До сликовитиот град се доаѓа преку единствената тврдина на пристаништето, изградена по нарачка на семејството Скала. Следува разглед: Замокот Скалиџери, плоштадите Кастело и Порто Валентино, Катуловите термални купатила, вилата на Марија Калас. Овој монденски град е оаза на убавината и мирот, затоа не пропуштајте да уживате во погледот на најголемото езеро во Италија со врвен џелато (сладолед) и чаша одлично вино од локалните виногради. Слободно време за прошетка (во зависност од можностите). Во вечерните часови заминување кон хотелот. Ноќевање.

16.04.2023 (недела)

Појадок и трансфер до пристаништето “Пунта Сабиони”. Превоз со брод “вапорето” до центарот на Венеција. Разглед на градот: плоштадот и црквата Св. Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Прокуратите, Мостот Риалто, Каналот Гранде… Слободно време за индивидуални прошетки и уживање. Во договорено време враќање со бродот до Пунта Сабиони. Поаѓање за Скопје во договорено време.

17.04.2023 (понеделник)

Патување преку Словенија, Хрватска, Србија. Пристигнување во Скопје во пладневните часови.

 

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:

* 2000 денари при резервација, а остатокот од сумата најдоцна до 15 дена пред предвидениот рок за тргнување;

 

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:

* Доплата за 1/1 соба 70% од цената на аранжманот;

* Нема намалување на цената за сопствен превоз;

* Попуст за деца: попуст се добива кога детето е придружувано од двајца возрасни лица. Сите лица постари од 10 години се сметаат за возрасни  лица. Дете од 2 – 10 години во 1/2 + 1 остварува попуст од 10% (со седиште во автобус и кревет во хотел);

* Возрасно лице на помошен кревет го плаќа полниот износ на аранжманот;

 

НАПОМЕНА ВО ВРСКА СО ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ:

* Цените на излетите се подлежни на промена во зависност од бројот на пријавените патници. Неопходен минимум за реализација на факултативите е 35 патници. Во случај на помал број на пријавени, можно е цената да подлежи на промена според условите од локалната агенција, тур оператор, па организаторот има право да понуди корегирана цена, а патниците немаат обрска да ја прифатат. Факултативните излети не се задолжителен дел од програмата и зависат од бројот на пријавени патници. Цената на факултативите вклучува трошоци за организација, превоз, водич. Термините на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини во локалитетите, бројот на пријавени патници и објективни околности. Огранизаторот на излетот го задржува правото да го промени терминот и условите на изведување на факултативите предвидени во програмата.

 

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не се можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатат во агенција може да доплати 10  по лице и да бира седиште (освен првиот ред кој е резервиран за персонал).

 

УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:

* Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.

* Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи, можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.

* Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи, можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.

* Патниците кои имаат за цел да посетат одредени институции, ги советуваме преку интернет да се информираат за работното време и дали е потребна резервација за термин.

* Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во општите услови за патување.

* Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница, поради регулирање на повраток на средства од tax free.

* Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на советот на министри во ЕУ.

* Важно: Агенцијата не сноси одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ.

* Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето.
* Патникот е обврзан при пријавувањето во агенција да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кој можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.

* Ги замолуваме патниците да остават копија од пасошот при резервација на аранжманот и телефонски број.

* Пограничните служуби при пасошка контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување.

* Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.

* Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14:00 часот. Хотелот од оваа понуда е регистриран, прегледан и стандардизиран од страна на националната туристичка асоцијација на земјата. Секој хотел има ресторан. Секоја соба има тоалет и туш. Описот на хотелот е информативен и превземен од web страницата на истиот. За евентуална отстапка од квалитетот на услугата, организаторот не сноси одговорност, бидејќки тоа зависи исклучиво од хотелот.

* Појадок: Појадокот е континентална шведска маса, помал избор на продукти и главно станува збор за сладок појадок.

* Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата, зависи до објективните околности.
* За сите информации, дадени по усмен пат, агенцијата не сноси одговорност. Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и општите услови на патување. Рокот за пријава зависи од слободните места и од брзината на пополнувањето на истите.

* Патниците сами сносат одговорност за личните и патните документи и нивната важност.

* Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето. ДТУ ПУЗЗЛЕ ГРУП ДОО – Скопје ќе ги проследи барањата до хотелот но не гарантира за исполнување на истите.
* Поради светската економска криза, можно е да дојде до паѓање на квалитетот на сервисот во хотелската услуга, на што агенцијата организатор нема влијание. ДТУ ПУЗЗЛЕ ГРУП ДОО – Скопје не учествува во организацијата на слободното време на патниците на местото и нема влијание за реализацијата на факултативните излети кои се во организација на тур операторот во државата.
* Ценовникот е направен според локалната категоризација и класификација на хотелот на земјата која се посетува.
* Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упатствата и напомените, организаторот на патувањето не сноси одговорност, туку целокупниот износ на штетата го сноси патникот. 
* Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради не предвидени околности).

* Важно: Малолетните деца кои патуваат без еден родител, потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да имаат заверена согласност од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.

* Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патнци, агенцијата го задржува правото да ја корегира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.

* Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од предходната.

* Организатор на патувањето е туристичката агенција ГО ТРАВЕЛ од Скопје со лиценца “А” (министерство за економија).

* Организаторот на патувањето располага со гаранција за патување во висина од 100 000  во случај на инсолвентност и во случај на надокнада за штета по договор во агенцијата.

* Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку има недоволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
* Со оваа програма важаат општите услови на ДТУ ПУЗЗЛЕ ГРУП ДОО – Скопје. 

Exit mobile version