Site icon Puzzle Group Makedonija

ИСТАНБУЛ 3 ноќевања | НОВА ГОДИНА ’25

Највеличенствениот град на светот, град кој живее 24 часа, единствениот Истанбул! Секој треба да го посети барем неколку пати… Посетете го за новогодишната ноќ и уживајте во градот на 2 континенти.

 

ТЕРМИН: 28.12.2024 – 02.01.2024

 

ПРОМО ЦЕНА: 169€ , РЕДОВНА ЦЕНА 199€!

 

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

* 3 ноќевања во хотел со *** со појадок во населбата Аксерај/Лалели;

* Автобуски превоз на релација (Скопје – Истанбул – Скопје);

* Пешачка тура низ стариот историски дел на Истанбул со лиценциран водич: Капали Чаршија, Сината џамија, хиподромот, Аја Софија;

* Посета на трговскиот центар Форум Истанбул;

* Туристички пратител за време на патувањето;

* Организација за време на патувањето;

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

* Задолжително патничко осигурување 350 денари;

* Задолжителна доплата за тур. такса 1€ по лице на ден;

* Факултативните излети: 

– Крстарење по Босфор 20;

– Панорамски разглед на Европски и Азиски Истанбул со населбата Кадикој, џамијата на Ердоган, видиковецот Чамлиџа 20;

– Ноќен Истанбул со посета на Таксим и населбата Ортакој 20;

– Прошетка во Балат, вселенската патријаршија и џамијата Сулејмание и посета на Египетскиот пазар 15;

– Турска вечер на брод на Босфорот со неограничен алкохол, вечера, музика и традиционални турски танци 45€;

 

ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ:

 

SILVER ПАКЕТ – 55

* Посети ја Азија: Панорамски разгле на Европски и Азиски Истанбул – Прошетка во населбата Кадикој во Азија, џамијата на Ердоган, видиковецот Чамлиџа;

* Крстарење по Босфор;

* Ноќен Истанбул со посета на Таксим и населбата Ортакој.

 

PREMIUM ПАКЕТ – 70

* Посети ја Азија: Панорамски разгле на Европски и Азиски Истанбул – одмор во населбата Кадикој во Азија;

* Крстарење по Босфор;

* Ноќен Истанбул со посета на Таксим и населбата Ортакој;

* Балат со Вселенската патријаршија, џамијата Сулејмание и посета на Египетскиот пазар;

 

 

ИНФОРМАЦИИ:

* За single соба се доплаќаат 80 дополнително од аранжманот;

* Попусти за деца:

– Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител);

– Деца од 3 – 10 години плаќаат 110 (кога се со двајца возрасни);

* Хотелот се одредува на неколку дена пред тргнување во зависност од бројката на патници;

 

ПРОГРАМА:

 

1 (прв ден) – сабота (28.12.2024)

Средба на групата пред Хотел Континентал во 15:00 часот и сместување на багаж. Поаѓање за Истанбул во 15:30 часот. Ноќно возење преку Грција, со попатни паузи и царински формалности.

 

2 (втор ден) – недела (29.12.2024)

Планирано пристигнување во Истанбул во утринските часови. Во зависност од расположливоста на собите во хотелот, доколку има слободни соби, сместувањето е веднаш. Доколку нема, според правилата check in ќе биде после 14:00 часот по локално време (агенцијата секогаш се труди патниците веднаш да влезат во собите, но не сноси одговорност доколку собите не се ослободени). 

НАПОМЕНА:

Доколку не успеат сите патници да влезат во собите, се оди на тура со цел да не се пропуштат локалитетите, а ќе влезат во хотел по завршувањето на разгледите.

Во договор со организаторот и претставник од агенцијата во одредено време групата се чека на рецепција со локалниот водич и се упатува на пешачка тура односно кон разглед на населбата Аксерај, историскиот дел на Истанбул, каде се наоѓа најпознатата затворена чаршија на светот, Капали Чаршија.

Во попладневните часови планирана е посета на најпознатиот плоштад Таксим, местото кое живее 24 часа, заедно со улицата Истиклал долга 2 км каде од сите страни се наоѓаат продавници, кафулиња, ресторани, а на крајот на улицата го краси прекрасната Галата Кула. Слободно време за прошетка и уживање. Потоа во договорено време се упатуваме кон прекрасниот Ортакој, еден од најубавите населби во областа Бешикташ, која се наоѓа под големиот Босфорски мост. Нема слика или разгледница од Истанбул каде не е овековечено ова место, кое е опкружено со многу кафетерии, ресторани, продавнички, сувенирници. Слободно време за сликање и прошетка. Во вечерните часови враќање во хотел. Ноќевање.

 

3 (трет ден) – понеделник (30.12.2024)

По појадокот, во договорено време, групата се чека со локалниот водич на рецепцијата од хотелот. Одиме во посета на традиционалната турска продавница за слатки каде се произведуваат најубавите турски баклави, локуми и секаков тип на слатким масла, креми, сапуни, по неверојатно ниски цени. Потоа следува прекрасното крстарење по Босфорот. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, каде се снимани и најпознатите сцени од популарните турски серии и знаменитости одблизу. По крстарењето се упатуваме на панорамски разглед на Европски и Азиски Истанбул со посета на најубавите места во Азија. Ова е фантастична прошетка низ Истанбул, автобуска екскурзија со која се доживува неверојатно искуство со преминување од Европската и Азиската страна на Истанбул по еден од мостовите над Босфор со посета на најзначајните места во Азија, кои буквално ќе ви го одземат здивот. Ја посетуваме Џамијата на турскиот претседател Ердоган која е најголема џамија во Турција и се наоѓа на Азиската страна на највисокото брдо Чамлиџа. Бидејќи е пуштена во употреба во 2019 година, таа претставува една од најмодерните џамии која се издигнува високо над градот. Потоа го посетуваме местото Чамлиџа кое го нуди најубавиот поглед на Истанбул кој буквално ќе ве остави без здив, а ќе имате можност да направите прекрасни фотографии и да се напиете турски чај во отворениот дел со типично турски масички. Разгледот продолжува со Кадикој на Азиската страна. Мали тесни улички преполни со кафулиња, ресторани, продавници, типично турски со европски шмек. Место каде ќе имате слободно време да се сплотите со ова место и прошетате и да се напиете кафе. Вечерта враќање во хотел. Ноќевање.

 

4 (четврт ден) – вторник (31.12.2024)

Овој ден ќе биде релаксирачки со можност за убава прошетка во некој од најубавите квартови (Махали) на Истанбул. Ве носиме во една од најживописните населби Балат, позната по шарените куќи и сокачиња, каде се наоѓа и вселенската патријаршија – една од најзначајните симболи на христијанството, која е задолжителна за посета. Потоа се упатуваме кон една од најпознатите џамии, Сулејмание, која веројатно е најпривлечната. Ова не се должи само на огромна големина на џамијата, туку и поради нејзина прекрасна локација, историската важност и грандиозниот дизајн. Како една од најпознатите градби во градот, џамијата Сулејмание е вистинска штета да не се посети. Изградена од најпознатиот империјален архитект на отоманската империја, Мимар Синан, наредна на Сулејман Величенствениот, не била изградена само како место за богослужба. Тоа е масивен комплекс во кој некогаш имало народна кујна, библиотека, медреса, подготвително училиште, градина каде што можеле да се прошетаат и многу повеќе. Додека џамијата сеуште се користи за богослужба, многу делови се затворени и се користат за туристички цели. На пример, она што некогаш било народна кујна, сега е мало слатко кафуле наречено “Дарузијаје”, каде што можете да уживате во шолја чај. Џамијата Сулејмание има голема историска вредност поради многу причини. Прво, затоа што го изградил најтелантираниот отомански архитект што некогаш живеел. Втората причина е затоа што има одредени многу важни гробишта на личности, како Сулејман Величенствениот, неговата сопруга Хурем Султан и нивната ќерка Михримах. Веднаш во близина на џамијата се наоѓа египетскиот пазар на зачини познат и како ” Мисир Чаршиши” кој е еден од најживописните и најшарените атракции во Истанбул. Се наоѓа во историската област ” Еминону” и е рај за сите сетила. Замислете да се шетате низ тесни улички опкружени со егзотични мириси, живописни бои и метежот и вревата на традиционалниот турски пазар – совршено место за живописни фотографии на Инстаграм! Слободно време и потоа враќање во хотел. Во вечерните часови дочек на Нова Година (ПРОГРАМА ДОПОЛНИТЕЛНО). Ноќевање.

5 (петти ден) – среда (01.01.2025)

По појадокот, одјавување и поаѓање од хотелот во договорено време. Групата се упатува кон познатиот трговски центар Форум, каде се наоѓа еден од најголемите аквариуми во Европа. Слободно време од околу 4 часа за шопинг, кафе во еден од најголемите трговски центри каде ги има сите трговски марки. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа аквариумот Туркуазу кој е првиот гигантски аквариум во турција, кој во моментов се реновира, кој на посетителите им нуди можност да пливаат меѓу петте тигар ајкули и да ги хранат. Водениот базен има површина од 8000 метри квадратни, а неговата вредност изнесува 17 000 000. Покрај 2.5 метарските тигар ајкули во слатките и солените води на аквариумот живета и над 10 000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените. Благодарение на специјалните тунели кој се дел од објектот, посетителите уживаат во 270 степенската панорама. Всушност тука се наоѓа и еден од најдолгите подземни тунели во светот 80 метри должина. 7 нуркачи редовно ги чистат водните басени во аквариумот и ги хранат ајкулите, некои и со гола рака. Планирано тргнување за Македонија во договорено време. Пристигнување во Скопје во утринските часови (четврток) 02.01.2025.

 

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не се можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатат во агенција може да доплати 10  по лице и да бира седиште (освен првиот ред кој е резервиран за персонал).

 

УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:

* Резервација се прави со 2000 денари по лице, а остатокот се доплаќа до 15 дена пред тргнување.

* Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.

* Доколу дојде до непредвидена “виша сила” за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кој агенцијата не би можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.

* Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.

* Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи, можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.

* Патниците кои имаат за цел да посетат одредени институции, ги советуваме преку интернет да се информираат за работното време и дали е потребна резервација за термин.

* Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во општите услови за патување.

* Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница, поради регулирање на повраток на средства од tax free.

* Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на советот на министри во ЕУ.

* Важно: Агенцијата не сноси одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ.

* Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето.
* Патникот е обврзан при пријавувањето во агенција да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кој можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.
* Патниците се должни самите да внимаваат на валидноста на нивните пасоши. За влез во Грција, пасошот треба да е минимум до 3 месеци пред истекување, во спротивно можно е да не биде пуштен на територијата на Република Грција. Агенцијата не сносува одговорност доколку настане проблем на самата граница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија.
* Ги замолуваме патниците да остават копија од пасошот при резервација на аранжманот и телефонски број.

* Пограничните служуби при пасошка контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување.

* Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.

* Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14:00 часот. Хотелот од оваа понуда е регистриран, прегледан и стандардизиран од страна на националната туристичка асоцијација на земјата. Секој хотел има ресторан. Секоја соба има тоалет и туш. Описот на хотелот е информативен и превземен од web страницата на истиот. За евентуална отстапка од квалитетот на услугата, организаторот не сноси одговорност, бидејќки тоа зависи исклучиво од хотелот.

* Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата, зависи до објективните околности.
* За сите информации, дадени по усмен пат, агенцијата не сноси одговорност. Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и општите услови на патување. Рокот за пријава зависи од слободните места и од брзината на пополнувањето на истите.
* Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето. ДТУ ПУЗЗЛЕ ГРУП ДОО – Скопје ќе ги проследи барањата до хотелот но не гарантира за исполнување на истите.
* Поради светската економска криза, можно е да дојде до паѓање на квалитетот на сервисот во хотелската услуга, на што агенцијата организатор нема влијание. ДТУ ПУЗЗЛЕ ГРУП ДОО – Скопје не учествува во организацијата на слободното време на патниците на местото и нема влијание за реализацијата на факултативните излети кои се во организација на тур операторот во државата.
* Ценовникот е направен според локалната категоризација и класификација на хотелот на земјата која се посетува.
* Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упатствата и напомените, организаторот на патувањето не сноси одговорност, туку целокупниот износ на штетата го сноси патникот. 
* Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради не предвидени околности).

* Важно: Малолетните деца кои патуваат без еден родител, потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да имаат заверена согласност од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.

* Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патнци, агенцијата го задржува правото да ја корегира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.

* Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од предходната.
* Странките кои го уплатиле аранжманот по предходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.

* Организатор на патувањето е туристичката агенција ГО ТРАВЕЛ од Скопје со лиценца “А” (министерство за економија).

* Организаторот на патувањето располага со гаранција за патување во висина од 100 000  во случај на инсолвентност и во случај на надокнада за штета по договор во агенцијата.

* Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку има недоволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
* Со оваа програма важаат општите услови на ДТУ ПУЗЗЛЕ ГРУП ДОО – Скопје. 

Exit mobile version