info@puzzlegroup.mk | +389 2 609 1272

Белград е главен град на Србија, воедно и нејзин најголем град. Важи за град кој изминатите години се издвои како посебна атракција за туристи, како за оние кои акцент ставаат на културата, музеите и архитектурата, така и за оние кои пред се сакаат да искусат квалитетен и поразличен провод. Белград е синоним за најдобар ноќен провод во овој дел од Европа. Богата понуда на ресторани, барови, кафичи, затворени клубови, сплавови и од скоро актуелните градски кафани кои се печат за овој град. Токму затоа е толку актуелен кај помладата популација.

 

Сместување Тип на соба 30.12 – 01.01
Hotel Trim

1/2 

89

Hotel Trim2

1/2
1/3

75
69
Hostel Theater 011

1/6
1/5
1/4
1/4(P)
1/3
1/2

49
распродадено
распродадено
распродадено
65
распродадено

Hostel Studenjak 1/2
1/3
69
59
Lola Apartments

1/4
1/3

65
65

Програма на патувањето:

1 ден: 30.12.2019
Тргнување веднаш по полноќ 30.12.2019. Возење преку Македонија со попатни паузи и гранични формалности. Пристигнување во Белград во утринските часови. Сместување во хотел/ хостел. Факултативен разглед на градот со локален водич.. Во вечерните часови факултативна посета на клуб/сплав – Welcome Party. Ноќевање.

2 ден: 31.12.2019
Дневна забава во некои од познатите клубови/сплавови, загревање за прослава на новогодишната вечер. По забавата враќање во хотел/хостел и припремање за новогодишната вечер. Загревање и прослава во некој од познатите клубови/сплавови во Белград – New Year Party. Ноќевање.

3 ден: 01.01.2020
Напуштање на хотелот/ хостелот во утринските часови. Тргнување за Македонија. Возење преку Србија и пристигнување во Македонија во вечерните часови.

 

Цената на аранжманот вклучува

  • 2 ноќевања во избраното сместување, (Hotel Trim и Hotel Trim 2 со појадок)
  • Автобуски превоз на релација спрема програмата
  • Пратител на групата за време на аранжманот
  • Организациони и други трошоци на агенцијата.

Цената на аранжманот не вклучува

  • Меѓународно патно и здравствено осигурување
  • Факултативни излети на дестинацијата
  • Индивидуални трошоци на патникот
  • Туристичка такса 1.5 €

НАПОМЕНА:

  • Цените од табелата се однесуваат на пакет аранжман (сместување со вклучен превоз) за тргнување од Скопје
  • За превоз во сопствена режија, наведените цени од табелата се намалуваат во зависност од дестинацијата
  • Аранжманот се резервира со уплата од најмалку 1000 денари, а остатокот од аранжманот се доплаќа во целост најдоцна до 15 дена пред тргнување
  • Уплатите се вршат во денарска противредност 1еврo=62 денари.