info@puzzlegroup.mk | +389 2 609 1272

4 дена/ 3 ноќевања

Многумина ја коментираат убавината на овој град, познат како “Мостот на заливите Термаикос” (Солунскиот залив). Еден од најстарите градови во Европа. Самиот град многу се разликува од Атина, со нагласено источно влијание, ноќен живот, ресторани, шопинг центри, продавници за накит, градски пазар и огромен број на споменици од периодот на Византија.

Со други зборови може да се каже дека станува збор за посебен и несекојдневен град на раскрсница помеѓу исток и запад, кој поради големиот број на византиски споменици го нарекуваат грчкиот Равен или грчкиот Константинопол. Со 740.000 жители, главен град на северниот дел на Грција, културно, просветен, индустриски, финансиски и административен центар на овој дел од земјата. Развиен, со огромен удел од полуостровот Халкидики во пространото солунско поле, во североисточниот дел на Солунскиот залив. Самиот град е полукружно изграден долж заливот до брдото Кедринос.

ПОСЛЕДНИ ДВЕ СОБИ!

Сместување Тип на соба 30.12 – 02.01
Hotel Anessis

1/3
1/2 

109
распродадено

Hostel TheStay

1/8 (S)
1/6 (S)
1/5 (App)
1/4 (App)
1/4 (S)
1/3 (P)
1/2 (S)
1/2 (P)

распродадено
распродадено
распродадено
распродадено
95€
распродадено
распродадено
распродадено

Програма на патувањето:

1 ден: 30.12.2019
Тргнување во раните утрински часови на 30.12.2019. Возење преку Македонија со попатни паузи и гранични формалности. Пристигнување во Солун во предпладневните часови. Сместување во хотел/ хостел. Факултативен разглед на градот со локален водич (Плоштадот Аристотел, Белата кула, споменикот на Александар Македонски, Црквата Свети Софија, Галериосовата палата, Камара, Ротонда, Црквата Свети Димитрија). Веднаш после турата, слободно време за уживање и шопинг. Во вечерните часови факултативна посета на клуб во центарот на Солун – Welcome Party. Ноќевање.

2 ден: 31.12.2019
Факултативен излет до Метеори. Возење низ Темпи и продолжување на патот до Каламбаке и разглед на работилницата на икони. Продолжуваме со разглед на манастирот Големиот Метеори. Еден од шестте, а и воедно најголемиот манастир на Метеори, граден во средината на четиринаесетиот век, а како и еден од основачите се поменува и Јован Урош Неманиќ, односно монахот Јоасаф. Разглед на комплексот манастири и слободно време. По разгледот на овој прекрасен излет, враќање во Солун и припремање за новогодишната вечер. Загревање и прослава во некој од познатите клубови во Солун – New Year Party. Ноќевање.

3 ден: 01.01.2020
Слободен ден за разглед на градот и индивидуални активности. Во попладневните часови warm up party во некој од познатите барови во Солун, а во вечерните часови реприза од нова година во некој од познатите клубови во Солун. Ноќевање.

4 ден: 02.01.2020
Напуштање на хотелот/ хостелот во утринските часови. Можност за факултатитвен излет на Зејтенлик – српска гробница од времето на првата светска војна. Во попладневните часови тргнување за Македонија. Возење преку Грција и пристигнување во Македонија во вечерните часови.

Цената на аранжманот вклучува:

  • 3 ноќевања во избраното сместување: хотел/ хостел (Hotel Anessis со појадок)
  • Превоз на релација според програмата (Скопје – Солун – Скопје)
  • Пратител на групата за време на аранжманот
  • Организациони и други трошоци на агенцијата.

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Меѓународно патно и здравстевено осигурување
  • Факултативни излети на дестинацијата
  • Индивидуални трошоци на патниикот
  • Туристичка такса во Р. Грција е 0.5 по соба на ден.

НАПОМЕНА:

  • Цените од табелата се однесуваат на пакет аранжман (сместување со вклучен превоз) за тргнување од Скопје
  • За превоз во сопствена режија, наведените цени од табелата се намалуваат во зависност од дестинацијата
  • Аранжманот се резервира со уплата од најмалку 1000 денари, а остатокот од аранжманот се доплаќа во целост најдоцна до 15 дена пред тргнување
  • Уплатите се вршат во денарска противредност 1еврo=62 денари.