info@puzzlegroup.mk | +389 2 609 1272

Банско, местото кое е едно од најпопуларните скијачки дестинации на Балканот и овааа година е дел од нашата понуда за скијање и уживање. За вас го имаме хотелот Orbilux 3* и хотелот Orfej 4* во наш закуп со комплетна организација за вашиот престој да биде незаборавен.

Погледнете ја нашата програма и понуда за зимската сезона 2020 – та година во Банско, местото кое со својата близина ни го доловува шмекот на светските скијачки монденски места.

Hotel ORBILUX 3* и Hotel ORPHEY 4* – На база полупансион HB

*Кликнете на името на хотелот за повеќе информации.

ПОСЛЕДНИ МЕСТА ЗА ТЕРМИНИТЕ ОД: 23.01-26.01 И 30.01-02.02!!!

Термин: Hotel Orbilux 3* Hotel Orfej 4*
09.01 – 12.01 РАСПРОДАДЕНО РАСПРОДАДЕНО
16.01 – 19.01 РАСПРОДАДЕНО РАСПРОДАДЕНО
23.01 – 26.01 РАСПРОДАДЕНО РАСПРОДАДЕНО
30.01 – 02.02 РАСПРОДАДЕНО РАСПРОДАДЕНО
06.02 – 09.02 РАСПРОДАДЕНО РАСПРОДАДЕНО
13.02 – 16.02 РАСПРОДАДЕНО РАСПРОДАДЕНО
20.02 – 23.02 95 95

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Три ноќевања во хотел ORBILUX 3* или хотелот ORPHEY 4* на база полупансион (појадок и вечера)
  • Автобуски превоз со високотуристички автобус на релација Скопје – Банско – Скопје
  • Неограничено користење на базенот и спа центарот, како и теретаната
  • Комплетна организација и придружник за време на патувањето и престојот во Банско

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Задолжителна доплата за туристичка такса, едно евро од ден
  • Задолжително патничко осигурување (300 денари)
  • Факултативна посета на бачило

НАПОМЕНИ:

  • Дете од 0 до 2,99 години не плаќа и спие во кревет со возрасен
  • Дете од 3 до 11,99 години на дополнителен кревет плаќа 50% од сумата
  • Дете со еден возрасен на класичен кревет ја плаќа целосната сума на аранжманот
  • Доколку користите сопствен превоз, се одбиваат 10 евра од сумата на аранжманот

МОЖНОСТ ЗА БИРАЊЕ НА ТЕРМИН И БРОЈ НА НОЌЕВАЊА ВО ЗАВИСНОСТ ОД ПЕРИОД. ЦЕНИТЕ СЕ ПО ЛИЦЕ НА БАЗА ПОЛУПАНСИОН И СОПСТВЕН ПРЕВОЗ. ОПЦИЈА ЗА ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ ВО ЗАВИСНОСТ ОД ДАТУМОТ (со доплата).

7 ноќевања во некој од хотелите редовна цена 219 евра, до 20.12 – 199 евра.
5 ноќевања во некој од хотелите редовна цена 179 евра, до 20.12 – 159 евра.

ПРОГРАМА:

Прв ден (четврток): Состанок на групата во раните утрински часови на Дрводекор во Скопје. Поаѓање за Банско по сместувањето на багажот и патниците во автобусот. Патување преку граничен премин Деве Баир, со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во Банско во попладневните часови и сместување во хотел. Слободно попладне и време за индивидуални активности.

Вечерта во зависност од договорот со претставникот, се посетува некој од локалните клубови и дискотеки.

Втор ден (петок): Во договор со вашиот водич, постои опција за факултативна посета на бачилото (Бандеришка Полјана). Групата се задржува неколку часа и ужива во зимското Сонце, пиејќи топло чајче со рум или греено вино. Атмосферата се вжештува со забавата која ја прават девојките качени на хамери, кои покрај оние што се дојдени за уживање, ги примамуваат и скијачите да се придружат на забавата.

Повторно вечерта организирана посета на клуб или диско.

Трет ден (сабота): Слободен ден за секакви активности по ваша желба, а вечерта како за крај повторно се посетува некој локален паб или клуб.

Четврт ден (недела): Напуштање на собите до 10:00часот, слободно време се додека не дојде време за поаѓање за Македонија (во договор со водичот). При враќањето кон Македонија, групата застанува во Метро на кратка пауза за освежување и мал шопинг. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.

НАПОМЕНИ:

• Патничко осигурување – Може да се купи во агенцијата (5 евра за целиот престој) или од друго место, но мора да се донесе потврда дека постои.
• Можност за плаќање: Можност за уплата директно во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка, трансакциска сметка.
• За сингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена поради вториот кревет.
• Возрасен на дополнителен кревет плаќа 70% од сумата на аранжманот
• За сопствен превоз се одземаат 10 евра само на редовните цени, а оние цени кои се на попуст не се одземаат.
• Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите. Можност за бирање на седишта со доплата од 10 евра (освен првите две).
•Во собите можат да престојуваат онолку лица колку што платиле за престојот во собата.
•Во собите има пешкири, додека за бањарка се доплатува 5 лева на самата рецепција (по желба)
•Со оваа програма важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА ДТУ ПУЗЗЛЕ ГРУП ДОО – СКОПЈЕ.