+ 389 71 809 669
+ 389 71 809 669

9 ноќевања/ 10 дена

Кавос (Крф) е едно од најатрактивните места за забава и летување во Грција, најпозната party метропола на брегот на јонското море. Скриена оаза на диви и луди забави на самиот јужен дел од островот. Дискотеките клубовите и баровите прават ова место да живее 24 часа. Централниот дел на Кавос е главната улица која е паралелно со брегот и нуди: барови, дискотеки, таверни, ресторани, fast food објекти.

Туристи кои во најголем број го посетуваат Кавос се млади од 18 до 30 години. Летувалиштето се наоѓа на крајниот јужен дел од островот Крф, а од градот Крф е оддалечен 48 километри. Покрај големиот број на места за забава, Кавос опфаќа и супермаркети, продавници, rent – a car агенции.

Кавос представува најатрактивно место за забава во Грција бидејќи за разлика од другите летувалишта од овој тип, цените се подостапни за младите. Секоја година ова место го посетуваат познати DJ – и од Европа. За сите љубители на clubbing, house, drum n’ bass, techno…

*Кликнете на сместувањата за повеќе информации

АКЦИЈА!!! ПОПУСТ 20 ЕВРА ПО ЛИЦЕ ЗА СИТЕ РЕЗЕРВАЦИИ ДО 14.06!!!

Сместување Тип на соба 16.07 – 27.07 25.07 – 05.08 03.08 – 14.08
Vila Kalimera Fotis 1/3
1/2
189€
199
189
199
189€
199€
 
Vila Blue Sea 1/6
1/5
1/3
179
179
189€
179
179
189€
179
179
189€
Vila Babis 1/5
1/4
1/3
1/2
179€
179€

189
199
179€
179
189
199
179€
179€

189€
199

Цената на аранжманот вклучува:

  • 9 ноќевања во избраното сместување,
  • Превоз на релација според програмата(Скопје – Кавос – Скопје)
  • Траект Игуменица – Лефкими – Лефкими – Игуменица
  • Пратител на групата за време на аранжманот
  • Организациони и други трошоци на агенцијата.

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Меѓународно патно и здравствено осигурување
  • Факултативни излети на дестинацијата
  • Индивидуални трошоци на патникот
  • Туристичка такса во Р. Грција е 0.5€ по соба на ден

НАПОМЕНА:

  • Согласно моменталниот став на Република Грција за патување за време на летото, агенцијата Puzzle Group Macedonia ве информира за можност за PCR тестирање по повластена цена за сите патници (инфо во агенција)
  • Оние кои ќе бидат вакцинирани со одобрена вакцина од Република Грција треба да ни достават потврда дека ја имаат и немаат трошоци за тест.
  • Оние кои имаат доказ за антитела исто така треба да ги приложат и немаат дополнителни трошоци за тест (информација подлежна на промена)
  • Цените од табелата се однесуваат на пакет аранжман (сместување со вклучен превоз) за тргнување од Скопје.
  • За превоз во сопствена режија, наведените цени од табелата се намалуваат во зависност од дестинацијата.
  • Аранжманот се резервира со уплата од најмалку 2000ден а остатокот од аранжманот се доплаќа во целост најдоцна до 15 дена пред тргнувањето.
  • Уплатите се вршат во денарска противвредност 1евро=62 денари.

Leave a Reply